Дејан Пројковски со „Ана Каренина“ ја освои турската публика


Во Државниот театар во Ван, Република Турција, со голем успех се одржа премиерата на театарската претстава „Ана Каренина“, во адаптација и режија на истакнатиот македонски режисер Дејан Пројковски. Овој сценски спектакл, инспириран од безвременскиот роман на Лав Толстој, предизвика воодушевување кај публиката и критичарите, најавувајќи долг сценски и фестивалски живот, информираат од Македонски културен центар […]

„Коцкар“, нова премиерна претстава во Битолскиот театар


Ансамблот на НУ Народен театар-Битола викендов ќе ја изведе првата премиерна претстава во новата година. Станува збор за претставата „Коцкар“ од Ф. М. Достоевски во режија на Дејан Пројковски во која ќе настапат 14 актери, а главните улоги ги толкуваат актерите Огнен Дранговски и Илина Чоревска. – Целата претстава е едно сизифовско, но не искачување […]

„Ромео и Јулија“ на Пројковски, најдобра претстава во Турција


Претставата „Ромео и Јулија“ во продукција на Националниот театар од Истанбул и во режија на Дејан Пројковски е прогласена за најдобра во 2017 година во Турција. Наградата ја доделува турското списание за театарска уметност „TIYATRO” кое секоја година организира доделување анадолиски театарски награди. На синоќешното доделување на наградите во „Гранд Пера“ во Истанбул присуствувале голем […]