Димитриеска – Кочоска: На Детската клиника имало лица кои незаконски биле повикани на работа


 Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска изјави дека на Детската клиника во Скопје биле ангажирани лица без претходно обезбедена законска согласност за нивно работно ангажирање. Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата, таа посочи дека барањето од Детската клиника било доставено на 22 јануари, по што праша како вработените биле повикувани на работа во […]

Детската клиника во Скопје со најниска стапка на смртност во историјата на Клиниката


Детската клиника во Скопје бележи најниска стапка на смртност кај хоспитализирани пациенти во историјата на Клиниката, соопшти директорот Реџеп Мемеди на денешната прес-конференција. – Универзитетската клиника за детски болести бележи значително намалување на стапката на смртност кај хоспитализирани пациенти во овие две години, до 300 проценти во споредба со претходните години. Според официјалните статистички податоци […]

Д-р Мицевска: На Детската клиника има 20-ина деца со грип, сите се во добра општа состојба


На Универзитетската клиника за детски болести хоспитализирани се 20-ина деца со симптоми на акутни вирусни инфекции од типот на грип и болести слични на грип, од кои кај најголем број е изолирана инфлуенца А. Има неколку случаи на возраст до 23 месеци кај кои е изолиран респираторен синцицијален вирус и еден помал број заболени со […]

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника


 Соработник на тимот за одговор при катастрофи на Црвениот крст на град Скопје, маскиран во Дедо Мраз и волонтери маскирани во костуми на омилените супер херои од цртаните филмови денеска се спуштија по јаже од хеликоптер и им поделија пакетчиња на децата хоспитализирани на Универзитетската клиника за детски болести.  Станува збор за показна вежба насловена […]

Детската клиника во Скопје доби медицинска опрема вредна околу 2,7 милиони денари


Клиниката за детски болести во Скопје денеска прими донација – медицинска опрема или пет значајни медицински апарати – плазматерм, билирубинометар, ехо апарат за тироидна жлезда и други органи, видео ларингоскоп и ЕКГ холтер, со вкупна вредност од околу 2,7 милиони денари, информираше попладнево директорот Реџеп Мемеди во изјава за медиуми. Мемеди се заблагодари на Фондацијата […]

Децата што се лекуваат подолго време на Детската клиника отсега ќе може да следат школска настава


Воведено е формално основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување на Клиниката за детски болести во Скопје, денеска официјално најавија министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за здравство Азир Алиу и Марија Вук, претседателка на НВО САНО – Здружение кое им помага на децата со канцер.  Како што беше појаснето, […]

Околу 200 деца снимени со нов мобилен рентген апарат на Детската клиника во Скопје, дониран од Јапонската амбасада


Јапонската амбасада донираше мобилен рентген апарат на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара денеска појасни дека станува збор за апарат марка „шимацу“ преку Програмата за мали проекти за човекова безбедност (GGP). – Нашата влада ја започна GGP програмата во 1996 година и таа стана еден од важните столбови на билатералната […]

Бебе донесено починато на скопската Детска клиника


Бебе вчера било донесено починато на скопската Детска клиника.  – На 29.07.2025 во 07.30 часот во СВР Скопје, од Детска клиника Скопје било пријавено дека кај нив во 06.40 часот било донесено едноиполмесечно машко бебе од Скопје без знаци на живот, информираа од полицијата.  Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на […]

Како се исчисти Детската клиника и се отвори простор за најмалите пациенти


Клиниката за детски болести е исчистена од, со години наталожениот отпад, односно, стар мебел, кој повеќе не се користел, стари електронски апарати, метални шкафчиња, стари заменети прозорци и врати и што уште не. Денеска, Клиниката е исчистена, проодна, со светли простории, сите подготвени да им служат на вработените и на малите пациенти. Ова можеби е […]

ДСЗИ ќе бара од Таравари формирање стручна комисија за лекувањето на деветгодишното дете


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе побара од министерот за здравство Арбен Таравари да се формира стручна комисија за лекувањето на деветгодишното дете од светиниколско, кое почина на 14 јануари. Информацијата денеска за МИА ја потврди директорот на Инспекторатот, Кирил Лазов. Вонреден инспекциски надзор за лекувањето на детето беше извршен на три места – […]

Деветгодишно дете почина на Детската клиника – претходно било однесено во штипската болница


Деветгодишно дете почина на Детската клиника во Скопј, откако претходно дететото било донесено во тешка состојба од штипската болница. Директорот на детската клиника Реџепи Мемеди вели дека дететото било донесено во неповратна состојба, претходно било болно, а имало и цревна инфекција, дехидрирано со ниски параметри, пренесе Канал 5. Деветгодишното дете кое почина на Клиниката за […]

Нема лекарска грешка за смртта на седуммесечното бебе


Извештајот за постапувањето со седуммесечното бебе кое почина на Клиниката за педијатрија покажал дека нема лекарска грешка. Уште во понеделникот го видов извештајот и за среќа покажа дека нема лекаска грешка, вели министерот за здравство Арбен Таравари, по денешната посета на оваа клиника. За причината за сртта на детето, тој вели дека можеби било донесено […]

Хуманитарни предновогодишни настани за децата на Детската клиника


 На Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар Мајка Тереза – Скопје денеска ќе се одржат два предновогодишни настани.  Тимот за спасување на планина, како дел од Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот Крст на град Скопје, со почеток во 10:30 часот ќе организира показна вежба со наслов „Да подариме насмевка“ за сите хоспитализирани […]

Детската клиника ќе одговара зошто не издала писмено образложение за тоа што не го примиле седуммесечното бебе


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), кој изврши вонреден инспекциски надзор на Детската клиника откако почина седуммесечно бебе, предлага Министерството за здравство да покрене постапка за стручен надзор над лекувањето на бебето.  Од извршениот вонреден инспекциски надзор констатирано е дека на Детската клиника сѐ уште не е решен проблемот со задолжителното присуство на специјалист во […]

Вонреден инспекциски надзор врши ДСЗИ на Детската клиника за случајот со починатото бебе


 Вонреден инспекциски надзор денеска врши ДСЗИ на Детската клиника за случајот со починатото седуммесечно бебе, потврди директорот на Инспекторатот во изјава за медиуми, Кирил Лазов. -Да, во текот на денешниот ден од моја страна беше издаден налог за вонреден инспекциски надзор на Клиниката за детски болести со сознание за починато седумесечно бебе кое по искажување […]

ДСЗИ ја казни Детска клиника со 5.200 евра оти специјализанти прегледуваат во име на дежурни лекари


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска извршил инспекциски надзор на Детската клиника во Скопје, а откако биле откриени недостатоци, најавен е прекршочен платен налог. Како што попладнево информираат од ДСЗИ, на денешниот контролен инспекциски надзор во Универзитетската клиника за детски болести, по изминати рокови за постапување по наложени мерки со издадено решение, констатирано било […]

Во руинирана кујна се спрема храна за пациентите од Детската клиника


Детската клиника со многу инфраструктурни, наталожени проблеми, а дел од нив навистина се сериозни, обзнани денеска директорот на Детската клиника д-р Реџеп Мемемди. На пример кујната каде се спрема храна за деца и бебиња е во комплетно амортизирана состојба, со инвентар кој е повеќе од 20 години стар, и е тешко да се одржува по […]

ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на починатото петгодишно дете


 Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска информира дека согласно член 6 став 2 од Законот за санитарната и здравствената инспекција, до министерот за здравство ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на петгодишното дете на Детската клиника во Скопје. Инспекторатот констатирал недостатоци во работата на оваа клиника. По издаден налог од директорот, од […]

Петгодишно девојче починало на Детската клиника


Петгодишно девојче од Скопје починало од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести, а засега нема информации дали и каде било лекувано претходно, објави „Сител“. Од Клиниката информираат дека девојчето кај нив било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка. Најпрвин било лекувано на Одделот за неврологија, но минатата недела состојба му се влошила […]