(Видео) Мајка го заборавила детето на покривот од автомобилот, возела со 90км/ч


Ерика Шардфорт, која е забележана како вози со 97 км/ч во Перт, Австралија, додека нејзиниот полугол 4-годишен син седи на покривот од автомобилот, остана без возачка дозвола, пренесе „Mirror”. Шокирани возачи не можеле да веруваат кога го виделе ова на улица. Таа возела 18 минути и не била свесна дека синчето се наоѓа на покривот […]

Безбедни семејни паркинг зони за бремени жени и мајки со деца


„Безбедни семејни паркинг зони“ се воведуваат на паркиралиштата низ државава, каде бремените жени, мајките со деца, возачи со деца до три години, секогаш ќе имаат место за паркирање. „Безбедноста во сообраќајот е еден од главните приоритети на Министерството за внатрешни работи. Оттаму и како министер за внатрешни работи, но и како граѓанин, апсолутно ја поздравувам […]

Булингот во училиштата причина за ментални нарушувања


Децата кои одат на училиште се почесто се  соочуваат со малтретирање, познато како булинг . Малтретирањето е во пораст  не  само во земјава туку и во светот, а како резултат на тоа  има се повеќе ментални нарушувања на се порана возраст. Булингот не е изолирано однесување , туку  се повторува од истите деца и  секојдневно. […]

Прва аблација на дете направена во Zan Mitrev Clinic


Тимот интервентни кардилози на Zan Mitrev Clinic денеска за прв пат во државава направија аблација на дете, поточно, аблација на акцесорен пат во десно – постеросептална регија. Станува збор за осумгодишно дете кое подолго време имало проблем со тахикардија т.е. брза срцева работа. Интервенцијата заврши успешно по што наскоро детето со своите родители ќе биде […]

Кражба на дете на Детска клиника: За да не плати, мајка зела туѓо дете


Малолетна мајка за да не ги плати трошоците на Клиниката за детски болести, зела туѓо дете кое лежело на Клиниката и заедно со туѓото и своето дете избегала. Мајката на укареденото дете, четириесет и едногодишна скопјанка го пријавила инцидентот во полиција вчера во 20.45 часот. Таму кажала дека вчера околу 13.30 часот забележала дека нејзиното […]

Изворот на заразата не е утврден по смртта на двегодишното дете во Прилеп


Ниту кај родителит ниту кај луѓето што имале близок контакт со двегодишното детенце кое почина во петокот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби не се најдени бацилоносители на менингококна бактерија. Епидемиологот д-р Владимир Микиќ од Институт за јавно здравје додава дека и дополнителните анализи од земените материјали од крвта и ликворот на детето, […]

Секое осмо дете во Македонија вонбрачно, во ЕУ секое второ


Околу 12 проценти од вкупниот број на живородени деца во Македонија во 2016 година се родени надвор од брачна заедница, покажуваат податоците на Еуростат, додека во Европската унија просекот изнесува 43 проценти. Во земјите од регионот, според Еуростат, оваа бројка се движи од 58,6 проценти во Бугарија, 41,6 во Косово, 26 во Србија, 19 во […]

Автомобил удри во шестгодишно дете


Шестгодишно дете е потешко повредено на регионалниот пат Хиподром-Јурумлери откако автомобил удрил во него. Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено и задржано во комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот. Како што информира МВР, вчера околу 15.30 часот […]

Куманово: Полициски возило удри во седумгодишно дете


Седумгодишно дете е повредено во сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 9.50 часот на улицата „11 Октомври“ во Куманово. Според полицијата, автомобил „фиат линеа“, сопственост на Министерството за внатрешни работи, управувано од П.С. (44), вработен во МВР удрил во момчето, кое итно било пренесено во болницата во Куманово од каде, по извршен лекарски преглед, му биле […]

Шестгодишно девојче од Струга почина при пад од тераса


Шестгодишно девојче од Струга денеска починало при пад од тераса на улицата „ЈНА“, соопшти СВР Охрид. Портпаролот на охридската полиција Стефан Димоски информира дека денеска во 12 часот и 20 минути, во полициската станица во Струга телефонски биле известени од ЈЗУ Општа болница за несреќен случај со последица смрт на малолетничка родена 2012 година. По […]

Генсекот на ВМРО-ДПМНЕ доби уште еден син


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев стана татко по вторпат. Неговата сопруга Маја синоќа на свет донесе машко бебе. И првото нивно дете е машко. Пред да стане генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев беше директор на ЈСП-Скопје.

Кривична пријава за 67-годишен кичевчанец за полов напад врз дете


Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, полициската станица од Кичево до надлежното Јавно обвинителство во Гостивар, поднесе кривична пријава против 67-годишно лице од Кичево. Пријавениот, казненото дело го сторил на 17-ти, овој месец, во парк на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, на начин […]

Обвинителство од Гостивар гони лице за полов напад врз дете


Јавен обвинител до Основниот суд Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за 67-годишник, кој е осомничен дека вчера во Гостивар извршил полов напад врз дете на возраст под 14 години. – Во текот на вчерашниот ден во Кичево, лице на возраст од 67 години извршило полов напад врз дете на возраст под 14 години. Нападот се […]

Деветгодишно дете нападнато од куче во Скопје


Деветгодишно дете синоќа во Скопје било каснато од куче, при што добило видливи повреди на десната  подлактица. Како што пишува во полицискиот билтен, синоќа во 21:20 часот во Полициската станица Гази Баба, Г.Д. (41) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 19 часот на ул. „Франц Лист“  од расно куче во пределот на десната подлактица бил каснат […]

Со кола удрил во 7-годишно дете и избегал


Возач на патничко моторно возило удрил во седумгодишно дете – пешак по што возачот го напуштил местото на настанот, соопштија од МВР. Несреќата се случила вчера околу 13 часот на локалниот пат што ги поврзува тетовските села Желино и Долна Лешница. Повреденото дете било пренесено во Клиничката болница во Тетово, каде лекар констатирал телесни повреди. Полицијата го бара […]

Автомобил удри седумгодишно дете во Студеничани


Патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со италијански национални ознаки управувано од Р.А. (35) од Скопје завчера во Студеничани удрило во седумгодишно дете, соопшти МВР. Детето со истото возило бил пренесено во Градската општа болница “Св. Наум Охридски“. Од страна на лекар му била констатирана тешка телесна повреда и било задржано на натамошно лекување. Извршен е […]

Почина двегодишно дете во Прилеп


Двегодишно дете од прилепското село Десово вчера почина откако врз него од засега непознати причини паднал преграден ѕид во помошен објект во изградба во дворот од семејната куќа. Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера околу 09.30 часот во село Десово–Прилеп, во дворот од семејната куќа на А.Ф., двегодишното дете Х.Ф. влегло во помошен објект […]

Евростат: Жените во ЕУ прво дете родиле во просек на 29 години


Во Европска унија во 2016 година се родиле 5.148 милиони бебиња, повеќе отколку во 2015 година, кога имало 5.103 милиони новороденчиња. Жените, кои таа година родиле прво дете, имале во просек 29 години. Најмлади биле мајките од Бугарија, а најстари Италјанките, соопшти Евростат. Стапката на вкупниот фертилитет во ЕУ била 1,60. Најмала била во Шпанија […]

По трагедијата во Чаир: Споменот на Ајана ќе живее преку Нухо


Солзи, тага и неутешност, ниту еден збор не допира до семејството Јакупи од скопската населба Чаир. Смртта на малата Ајана, која едвај беше стара 14 месеци, ги урна сите надежи за среќна иднина и подобро утре. Светло на крајот на тунелот е двомесечниот Нухо, кој сѐ уште не е свесен дека на неговите меки плешки […]

Пронајдено исчезнатото дете од домот „25 Мај“


Дванаесетгодишникот од ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 Мај“, кој синоќа полицијата го пронашла во Маџари, установата ја напуштил во септември минатата година. Случајот бил пријавен во полиција и била распишана потерница. По враќањето, во разговор со детето било констатирано дека во целиот период по напуштање на установата било кај неговиот чичко во […]