Во Сиднеј денеска ден на жалост поради масовното убиство на Бонди


 Во Сиднеј денеска е прогласен ден на жалост по најсмртоносното масовно пукање во земјата во последните три децении. Пукањето во неделата на плажата Бонди ја претвори прославата на еврејскиот празник Ханука во трагедија во која беа убиени 15 лица. Оваа трагедија ја потресе целата нација и ги зголеми стравовите од растечки антисемитизам и насилен екстремизам. […]

Во Бугарија денеска е Ден на национална жалост во спомен на жртвите во Кочани


Министерскиот совет на Бугарија го прогласи 18 март за Ден на национална жалост во спомен на жртвите кои загинаа во трагични околности во градот Кочани, Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба. Бугарската Влада изрази сочувство до семејствата на загинатите. Во нивен спомен денеска на половина копје ќе бидат спуштени националните знамиња на државните институции, јави […]

Во Србија е Ден на жалост за загинатите во пожарот во Кочани


Во Србија денеска е Ден на жалост поради трагедијата во Кочани , јави дописникот на МИА од Белград. Одлуката ја донесе српската Влада во неделата.  Во големиот пожар во дискотека во Кочани загинаа најмалку 59 лица, а 155 се повредени.  Знамињата во Србија се на половина копје на државните институции и установи. Медиумите и културните […]

Српската Влада го прогласи вторник за Ден на жалост за жртвите од пожарот во Кочани


Владата на Србија на утрешната седница, на предлог на претседателот Александар Вучиќ, ќе го прогласи вторник, 18 март 2025 година за Ден на жалост во Србија поради пожарот во Северна Македонија во кој загинаа најмалку 51 лице, а повеќе од 100 беа повредени. „(Премиерот) Милош Вучевиќ и претседателот (на Србија) Александар Вучиќ утрово разговараа за […]

Во Србија денеска е Ден на жалост за осумте лица загинати во пожар во дом за нега на стари лица во Бараево


Во Србија денеска е Ден на жалост поради смртта на осум лица во пожар во дом за стари лица во белградската општина Бараево. Одлуката за прогласување Ден на жалост ја донесе српската влада на вчерашната седница. Осум луѓе загинаа, а седум се повредени во пожарот во Домот за возрасни и стари лица „Ивановиќ“ во Велики […]

Ден на национална жалост во Турција, истрагата за пожарот во ски-центарот е во тек


Турција прогласи ден на национална жалост поради трагедијата што се случи во турскиот ски – центар Карталкаја, каде во текот на ноќта избувна пожар во хотел, при што загинаа 66 лица, а 51 се повредени. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган ја објави одлуката по состанокот на владата, нагласувајќи дека државата ќе направи се за да ги […]

Ден на жалост во Хрватска


Во Хрватска денеска е Ден на жалост по монструозниот напад врз ученици и вработени во основно училиште во Загреб, во кој загина едно дете, а три други беа повредени, заедно со наставничката (62) која храбро го нападнала 19-годишниот напаѓач и го спречила пострашно кривично дело. Ден на жалост означува  – задолжително истакнување на знамето на […]

Нема концерти на адвентот во Загреб – утре Ден на жалост


Туристичкиот одбор на Град Загреб информираше дека сите локации на Адвентот денеска ќе работат во намалена форма без концерти и придружни програми, поради трагедијата во ОУ „Пречко“, а во сабота, поради Денот на жалост, сите локации ќе го прилагодат режимот. „Поради денешниот трагичен настан во Загреб, сакаме да ве информираме дека сите локации на Адвент […]

Тридневна жалост во Параќин поради смртта на петнаесеттата жртва во Нови Сад


По повод трагичната смрт на Ања Радоњиќ, општина Параќин прогласи тридневна жалост. Ања Радоњиќ беше тешко повредена во несреќата по паѓањето на повеќетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. Дваесет и четиригодишната Радоњиќ почина вчера во Клиничкиот центар во Војводина (КЦВ), и таа е петнаесеттата жртва во несреќата во Нови Сад. Лекарите од Клиничкиот […]

Општина Велес за утре прогласи ден на жалост поради трјоцата загинати сограѓани


Советот на Општина Велес денеска донесе едногласна одлука, утрешниот ден, 18 октомври 2024 година, да го прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи вчера, на 16 октомври 2024 година, на автопатот Скопје-Велес. Како што информират од Општина Велес, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати […]

Ден на жалост во Русија за загинатите во терористичкиот напад во Москва


 Во Русија денеска е ден на национална жалост за загинатите во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во близина на Москва. Според последните податоци на Рускиот истражен комитет, во нападот загинале 133 лица, а повеќе од 100 се повредени. Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека нападот во „Крокус“ е крвав, варварски терористички чин и […]

Во Чешка Ден на жалост за жртвите од пукањето на Карловиот универзитет


Во Чешка денеска е Ден на жалост, откако 24-годишен студент во четвртокот во пукање на Карловиот универзитет, уби 14 и рани 25 лица, а потоа си го одзеде животот. Претседателот Петр Павел и други државни функционери се очекува да присуствуваат на мисата за загинатите во катедралата Свети Вит денеска во 11 часот, јавува Радио Праг […]

Ден на жалост во Косово по убиството на полицаец на северот на државата


Претседателката на Косово, Вјоса Османи го прогласи понеделник, 25 септември, за ден на жалост во државата, во чест на полицискиот старешина Африм Буњаку, кој вчера беше убиен во напад на вооружена група на северот од државата, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното соопштение од кабинетот на Османи се наведува дека „државниот протокол ќе […]

Денеска во Албанија ден на национална жалост за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија


  Албанската Влада денешниот ден го прогласи за ден на национална жалост во знак на почит за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Веста на социјалните мрежи ја објави премиерот Еди Рама, кој наведе дека тоа во како знак на болка и молитва за жртвите од големата трагедија од земјотресот на турско-сириската граница, како и во знак на солидарност со пријателска Турција. […]

Утре ден на жалост во Охрид


Советот на општина Охрид, на денешната вонредна седница, по ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски, едногласно донесе одлука утрешниот ден да биде прогласеен за ден на жалост на територијата на општината. Согласно одлуката, за утре се откажуават сите закажани манифестации од културно-забавен карактер. Комеморативната седница за Стојаноски ќе се одржи утре во 10 часот, во […]