ЕУ по повод Меѓународниот ден на демократијата: Демократијата е основа на мирот, слободата и просперитетот


Европската Унија ја потврдува виталната важност на почитувањето на демократските принципи, човековите права и владеењето на правото, признавајќи дека тие денес се поважни од кога било и се основа на нашите општества, соопшти Европската комисија по повод Меѓународниот ден на демократијата – 15 септември.  – Демократијата се соочува со невидени предизвици низ целиот свет. Гледаме […]

Европејците во првите редови за демократија ги советуваат Американците: Не се откажувајте!


Граѓаните на централна и источна Европа долго време беа навикнати да добиваат совети од мноштво добронамерни американски организации за тоа како да ги заштитат своите кревки демократии по падот на Берлинскиот ѕид. Сега, по само 10 дена од извршните наредби на Доналд Трамп и чистките во државната служба, советите почнуваат да течат на другата страна. […]

Масовен протест на улиците на Виена: Да ја заштитиме демократијата!


Илјадници демонстранти протестираа во Виена за да апелираат до австриските политички партии, особено владејачките конзервативци, да не коалицираат со екстремно десничарската Партија на слободата ФПО, која победи на парламентарните избори во неделата. ФПО освои 29,2 отсто од гласовите, додека Австриската народна партија (ОВП) на канцеларот Карл Нојхамер доби 26,5 отсто од гласовите, а централно-левичарската Социјалдемократска […]

ИДЕА: Демократијата во слободен пад осум години по ред


Меѓународниот Институт за демократија и изборна помош (ИДЕА) соопшти дека минатата година регистриран е најголем пад на кредибилни избори и парламентарниот надзор во речиси половина век, поттикнати од заплашувањето на владите, странското мешање, дезинформациите и злоупотребата на вештачката интелигенција во кампањите. ИДЕА истакнува дека кредибилитетот на изборите е под закана бидејќи одѕивот се намалува, а […]

ЕК: Ерозијата на демократијата и човековите права е реалност


Демократијата ги трансформираше и подобри општествата ширум светот, но сепак ерозијата на демократијата и човековите права е реалност која никого не поштедува, се наведува во заедничка изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и еврокомесарката за демократија и демографија Дубравка Шуица по повод Меѓународен ден на демократијата – 15 […]

„Економист“: Македонија е „демократија со недостатоци“, политичката култура главен проблем


  Македонија остана во групата на „Демократија со недостатоци“ во Индексот на демократија за 2022 година на лондонски „Економист“. Таа е на 72. место, едно погоре од минатогодишното рангирање, кога за прв пат по долги години излезе од групата „Хибридни режими“. Но вкупниот скор за извештајот за 2022 е само малку повисок. Во извештајот објавен […]

Шведски институт: Половина светски демократии се во распаѓање


  Половина од светските демократии се во состојба на пропаѓање со влоување на граѓанските слободи и владеењето на правото, ао авторитарни власти кои стануваат порепресивни, предупреди во средата Институтот за демократија и изборна помош (ИДЕА) со седиште во Стокхолм. Во својот годишен извештај ИДЕА наведува дека демократските институции се потпкопуваат поради проблеми кои вклучуваат ограничување […]

Бајден: Американската демократија е нападната


  Американската демократија е нападната, истакна претседателот Џо Бајден во својот говор за заштита на демократијата, што го одржа на станицата Унион во Вашингтон, недалеку од Капитол Хил. „Американската демократија е нападната затоа што поразениот поранешен претседател на САД одби да ги прифати резултатите од изборите во 2020 година“, рече Бајден. „Тој одбива да ја […]

Демократијата во светот продолжила да се намалува во 2021 година


Демократијата продолжи да опаѓа во светот во 2021 година, според Индексот за демократија, составен од истражувачката група Економист. Минатата година, 45,7 отсто од светското население живеело во некоја форма на демократија, што е намалување од 49,4 отсто во 2020 година, соопшти во средата одделот за истражување. Само 6,4 отсто од луѓето живееле во „целосна демократија“, […]

Анкета во Србија: Граѓаните веруваат во лидер со „цврста рака“


  Белградскиот центар за безбедносна политика (БЦБП) спроведе истражување за тоа што мислат српските граѓани за состојбата на демократијата во Србија, колку им веруваат на институциите и дали се подготвени да се приклучат на активистичка иницијатива. Резултатите би можеле да се сведат на една реченица – во Србија нема демократија, а не е ни пожелнa. […]

Хјуман рајтс воч го критикуваше Бајден и другите лидери дека слабо ја бранат демократијата


Хјуман рајтс воч денеска го критикуваше американскиот претседател Џо Бајден и другите западни лидери поради слаба одбрана на демократијата и неуспех да се справат со климатската криза, пандемијата на Ковид-19, сиромаштијата, нееднаквоста и расните неправди. За разлика од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кого извршниот директор за човекови права Кенет Рот го опиша како „пријателски автократ“, Бајден ја презеде […]

Бајден го обвини Трамп дека претставува континуирана закана за американската демократија


Претседателот на САД, Џо Бајден го обвини неговиот претходник Доналд Трамп дека претставува континуирана закана за американската демократија во говор на годишнината од смртоносниот напад врз американскиот Капитол од поддржувачите на Трамп кои се обидоа да го поништат неговиот изборен пораз во 2020 година. Зборувајќи во зградата каде што се случија немирите на 6 јануари […]

Како беше уништена демократијата во Хонгконг


  ХОНГКОНГ – Како што се намалуваа деновите во 2021 година, така се намалуваа и сите преостанати траги на демократија во Хонгконг. Во средата, гласен продемократски медиум — еден од последните отворени критички гласови во градот — беше затворен по полициска рација. Претходно во декември, опозицијата беше исклучена од изборите според новиот закон што ги […]

Борбата за демократија е клучна за ова време


Здраво на сите и добредојдовте на првиот Самит за демократија. Овој собир е во моите мисли долго време од едноставна причина: Соочени со постојани и алармантни предизвици за демократијата, универзалните човекови права и — насекаде низ светот, на демократијата ѝ требаат шампиони. И сакав да бидам домаќин на овој самит затоа што тука – овде […]

Могерини: Слободата на медиумите е столб на демократијата


Белгија – По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, кој се одбележува денеска, високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини истакна дека „слободниот печат не е само весник за сигурни и точни информации, туку е и столб на демократијата“. – Слободни, разновидни и независни медиуми се основа на плуралистичко и отворено општество. […]

Павлопулос: Имаме обврска да ја одбраниме демократијата и во Грција и во Европската Унија


Грција-На претстојните евроизбори, имаме обврска да ја одбраниме демократијата, како во нашата земја, така и во нашето големо европско семејство, вели претседателот на Грција Прокопис Павлопулос во пораката по повод 52-годишнината од државниот удар во Грција на 21 април 1967. Грчкиот претседател изјави дека седумгодишната диктатура што следеше по пучот, треба да остане трајно запечатена […]

Индекс на демократија 2018: Норвешка прва, Македонија на 78 место


Англија-Македонија на Индексот на демократија за 2018 година на британскиот неделник „Економист“ напредна за десет места во споредба со минатата година и се наоѓа на 78 место со 5,87 поени, на скала од нула до 10. Земјата се наоѓа во категоријата „хибридни режими“, кој ги опфаќа државите со поени од 5,98 до 4,06. Со индексот […]

Спасовски: Референдумот е најсилен облик на демократија


Референдумот е најзначајниот облик на демократија. Граѓаните одлучуваат и нивниот глас е последен и мора да се почитува. Граѓанска должност е да учествуваме во градењето на македонската иднина и затоа, на 30 септември да излеземе на референдумот и да гласаме ЗА европска Македонија, порача потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска, […]