Бесплатен јавен Wi-Fi во Општина Демир Хисар


Граѓаните и посетителите на Општина Демир Хисар може непречено да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi во општинската зграда и градскиот плоштад во Демир Хисар. Од секторот за односи со јавност информираат дека WiFi мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува […]

Нов хаос во средното училиште во Демир Хисар: Новата директорка поништила оглас за вработување


  Новоназначената директорка на средното училиште во Демир Хисар поништила оглас за вработување на определено време на 19 наставници. Огласот бил распишан од претходната директорка, со претходна согласност од Министерството за образование и наука а во пресрет на новата учебна година. Претходно, адвокатот на незаконски разрешената директорка, на средното училиште „Крсте Петков – Мисирков“ во […]

Адвокат поднесе кривична пријава за случајот со демирхисарската гимназија


Адвокатот Жарко Стеваноски поднел кривична пријава до Обвинителството за гонење организиран криминал во врска со настаните околу демирхисарската гимназија. Тој наведува дека шест службени лица – градоначалникот на Демир Хисар Никола Најдовски, директорката на училиштето назначена од него, двајца просветни инспектори и двајца полициски инспектори – организирале незаконски активности за разрешување на директорката Маја Лозановска, […]

Полицијата сега не ја интересира каде се печатите во Демир Хисар, тврди адвокатот на разрешената директорка


  БИТОЛА – Службените печати од Гимназијата во Демир Хисар, поради кои настана цела драма околу разрешувањето на директорката Маја Лозановска за цело време биле во сеф во просторија на училиштето. Ова за „Независен“ го тврди адвокатот на Лозановска, Жарко Стеваноски, велејќи дека „цела Македонија се крена за печатите, а сега полицијата не ја интересира […]

Фатени двајца прилепчани – ја запалиле депонијата во Демир Хисар


На 22.04.2025 во 13.30 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода С.Ф.(28) и А.С.(48), двајцата од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик. „Тие се сомничат дека предизвикале пожар на градската депонија во Демир Хисар, а при преглед кај нив се пронајдени […]

ЦУК: Пожарот на градската депонија во Демир Хисар сè уште активен, но под контрола


Пожари на отворен простор во последното деноноќие имало вкупно шест, од кои активен сè уште е пожарот на градската депонија во Демир Хисар, но е под контрола, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што известил ЈКП Комуналец Демир Хисар, на гасење на пожарот од 13 часот интервенираат пет пожарникари и две противпожарни […]

Општина Демир Хисар на врвот на ранг листата на ДКСК во системот за интегритет


Општина Демир Хисар, втора година по ред е на врвот на ранг листата на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) која успешно го практикува системот на интегритет, како клучна алатка за градење силни институции и создавање на доверба на граѓаните. Според извештај на ДКСК од спроведено следење на примената на системот за интегритет во […]

КСЗД поведе постапка по службена должност против психијатриските болници и МЗ


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација соопшти дека повела постапка по службена должност против ЈЗУ Психијатриска болница – Демир Хисар, ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје и Министерството за здравство, за заштита од дискриминација на пациентите во здравствените установи, врз основа на здравствен статус, во областа пристап до здравствените услуги. Како што е објавено на […]

Катанци и синџири во психијатриската болница „Демир Хисар“, 15 затвореници спијат во 14 квадрати


Во најголемиот затвор во државава, КПУ/КПД Идризово, во таканареченото затворено одделение во најголемиот дел од просториите не се почитуваат Европските затворски правила, според кои како минимален стандард за сместување лица лишени од слобода се налагаат четири метри квадратни индивидуален простор во заедничко домување, или шест метри квадратни во самостојно домување. Напротив тука условите доведуваат до […]

ДКСК бара кривично да се гонат тројца градоначалници на Демир Хисар


 Да се покрене иницијатива за поведување постапка за кривично гонење против тројца градоначалници на Општина Демир Хисар, раководителка на Одделението за урбанизам во Општината, како и нејзиниот сопруг, сопственик на трговско друштво „Амбиент“ заради злосторничко здружување, бара Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Шемши Салаи, член на ДКСК, образложувајќи го предметот, појасни дека сопругот […]

МВР: Градоначалникот на Демир Хисар изјави дека снимката е од јануари 2018 година


Министерството за внатрешни работи доцна вечерва соопшти дека градоначалникот на Демир Хисар Марјанче Стојановски бил повикан на информативен разговор поради видео-снимката која се појави денеска на интернет. -Градоначалникот Стојановски во разговорот изјави дека снимката која се појавила на интернет е од протест во О.У. Гоце Делчев во Демир Хисар кој се случил во средината на […]

Пороен дожд во Виничко, Гостиварско, Крива Паланка и Демир Хисар


Нестaбилно време проследено со пороен дожд и грмежи попладнево имаше во виничкиот регион, Гостиварско, Крива Паланка и во демирхисарското подрачје. До крајот на денот, како што информираат од УХМР, се очекува постепено стабилизирање на временската состојба. Ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец Утре времето ќе биде сончево со мала до […]