По судар се преврте возило на патот Делчево – Пехчево


Сообраќајна несреќа помеѓу две возила се случи утрово неколку минути по 09:00 часот на регионалниот патот Делчево – Пехчево, на местото викано Стамерски преод. Во несреќата забележлива е материјална штета кај двете возила, а како што информираат очевидци кои излегле да пружат помош, нема потешко повредени лица. По извршениот увид од страна на полицијата, како […]

Ново возило за Итната медицинска помош во Делчево


Итната медицинска помош во Делчево доби ново медицинско транспортно возило, кое ќе биде наменето за пренесување на пациентите до најблиските клинички центри во државата. Директорката на делчевскиот Здравствен дом, Марија Глигоровска информираше дека возилото е обезбедено со средства од сопствениот буџет. -Требаше ова возило да стигне малку порано, меѓутоа изборниот процес ги закочи јавните набавки, […]

Велигденска треска: Бугарите изнакупуваа јајца во Делчево


Квалитетни производи, разновидна понуда и поевтини цени. Ова се само дел од причините поради кои тезгите на градскиот пазар во Делчево и денеска беа преплавени од бугарски државјани, кои годинава купуваа масовно во пресрет на Велигденските празници. – Обично ние Велигден го славиме порано од вас, но оваа година празникот се совпаѓа и во двете […]

Од Шведска за Македонија со срце: Донација вредна 300.000 евра за делчевската болница


На граничниот премин „Делчево“ денеска пристигна донација од Шведска вредна 300.000 евра што е наменета за здравствениот дом „Гоце Делчев“ во Делчево. Активноста е иницијатива на хуманитарната организација „Хенд тил хенд“ од Стокхолм. „Со оваа донација техничкиот капацитет на Здравствениот дом во Делчево во голема мера ќе се зголеми. Од друга страна сите инструменти кои […]

Бачев: Ова е света борба за секој Македонец


Кризниот штаб кој настапува под слоганот „Македонија бојкотира“ денеска имаше средби со граѓаните на Делчево и Македонска Каменица. Како што истакна Јанко Бачев, претставник на кризниот штаб против референдумот, целта на денешната средба со граѓаните од овие две општини е да се пренесе пораката за неизлегување на претстојниот референдум. – Мора да ја спречиме намерата […]

Апел до жителите на Делчево да внимаваат при палење стрништа


Поради зголемена опасност од појава на шумски пожари, од Дирекцијата за заштита и спасување во Делчево апелираат до граѓаните за поголема внимателност при престој на отворен простор и палење стрништа. Како што истакна Сузана Велковска од Дирекцијата за заштита и спасување во Делчево, потребно е граѓаните да внимаваат со цел да се превенира појава на […]

Украден „Ланд Ровер Дискавери“ во Делчево


А.Д. (31) од Делчево синоќа во 22.00 часот во Полициската станица Делчево пријавил дека истиот ден во периодот од 19.30 до 19.45 часот му било одземено неговото возило „Ланд Ровер Дискавери“ со бугарски национални ознаки. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Делчево: Бактерии од фекално потекло причина за труењето на учениците


Стафилококни токсини и бактерии од фекално потекло се причината за труењето на осумтемина лица од Делчево меѓу кои и шест ученици од делчевските деветолетки. Ова го покажаа резулатите од микробилошката анализа на храната и брисевите од сендвичарницата и од вработените, а д-р Магдалена Манасиева, директор на Центарот з а јавно здравје Кочани, денеска информираше дека […]

Со 2.28 промили алкохол се превртел кај Делчево


Чтириесет и деветгодишниот И.С. од делчевското село Ветрен се здобил со тешки повреди откако се превртел со автомобилот „фиат добло“ што го управувал без регистарски таблички. Несреќата, како што соопшти МВР, се случи во петокот околу 17.30 часот на магистралниот пат близу Очипала кај Делчево. Возачот е префрлен во Медицинскиот центар во Штип. По извршеното […]

Ученици од Делчево се затруле со храна


Четири ученици од ООУ „Ванчо Прке“ од Делчево и еден возрасна жена, вработена во училиштето, се затруле со храна откако јаделе гиро во сендвичарница блиску до училиштето. Првите симптоми се појавиле кај учениците околу 12 часот. Поради тешката здравствена состојба тие се транспортирани во Клиничката болница во Штип. -Околу 12 часот, деца почнале да повраќаат […]