Во Дебар се продавала акцизна стока без дозвола и прехранбени производи со изминат рок


Дебар, 4 март 2022 (МИА) – Надлежни служби при контрола на трговски објекти во Дебар откриле продажба на акцизна стока без соодветна дозвола, но и со изминат рок за употреба. -Во текот на вчерашниот ден во Дебар, полициски службеници, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и царински службеници, извршија контрола во трговски објекти, со цел пронаоѓање […]

Забрана за камиони на патот Маврово – Дебар


Поради обилни врнежи на снег, утрово од 06:20 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патото Маврово – Дебар, соопшти АМСМ. Сообраќајот на другите патишта се одвива непречено. Снег паѓа во западниот дел на државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од […]

Во Дебар по еден месец регистриран нов ковид случај


По точно еден месец, вчера во Дебар регистран е еден случај на заразен со Ковид-19. Станува збор за жителка на Дебар, која е со лесна форма на болеста потврдуваат од работната едница на заводот за јавно здравје, која со својата актвност ја покрива и општина Центар Жупа. Последниот случај беше регистриран на 19 ноември, жител […]

Повредените од сообраќајка во Дебар во стабилна здравствена состојба


Седуммината повредени, од нив двајца потешко, во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи во Дебар се во стабилна здравствена состојба, потврди за МИА, Баки Алили, директор на општата болница со проширена дејност во Дебар. – Во сообраќајката беа повредени седум лица, двајца потешко, додека пет се со полесни повреди. Потешко повредени Ќ.К.(46) од Дебар и […]

Тешка сообраќајна незгода во Дебар, седуммина повредени, двајца потешко


Попладнево на излезот од Дебар, на патниот правец Дебар – Струга, во близина на објектот на поранешната Електродистрибуција, се случи тешка сообраќајна несреќа, во која се повредени седум лица, од кои две потешко. Во несреќата, учествувале две патнички моторни возила, едното од Дебар, а другото од село Новак, општина Центар Жупа. – По дојава од […]

Докторските дуели – рендген за партиите


Додека поголемиот дел од земјава в недела ќе ја гледа претседателската трка, во Охрид, Ново Село и во Дебар ќе има и локален натпревар. Вкупно девет кандидати ќе се борат за трите градоначалнички функции што останаа празни по прераната смрт на првите луѓе во Охрид и во Дебар, односно криминалниот бекграунд на довчерашниот општински татко […]

Утврден редоследот на кандидатите за градоначалник на Охрид, Ново Село и Дебар


Партиите кои поднесоа кандидатури за предвремени избори за градоначалници на Охрид, Ново Село и Дебар, денеска во ДИК со жрепка ги добија редните броеви под кои ќе се најдат нивните кандидати на гласачкото ливче. Предвремените локални избори во овие три општини ќе се одржат заедно со претстојните претседателски избори. Според жрепката, ДУИ е прва на […]

Опозицијата заедно против власта во Дебар, па потоа заедно против Пендаровски


ВМРО-ДПМНЕ потврди дека нема да има свој кандидат за градоначалник на Дебар. Како што пишуваше „Независен весник“, партијата процени дека место дефилирање на кандидат кој во средина со претежно албанско население нема никакви шанси за победа, па ниту за пласман во втор круг, можеби е подобро да се поддржи фаворитот на нивните опозициски партнери – […]

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува со свој кандидат во трката за градоначалник на Дебар


ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува со свој кандидат за градоначалник на Дебар на предвремените избори во оваа општина, што ќе се одржат на 21 април заедно со претседателските. Ова за МИА го изјави Афет Авмедоски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Дебар. -Нема да имаме наш кандидат во трката за градоначалник на Дебар. Засега немаме […]

Опозицијата заеднички ќе ја руши власта во Дебар


Највисоките органи на ВМРО-ДПМНЕ ги делегираа Митре Милошевски и Николчо Стоилков за кандидати за градоначалници на Охрид, односно Ново Село, но иако локални избори заедно со претседателските ќе има и во Дебар, најголемата опозициска партија таму најверојатно нема да има свој претставник. Место дефилирање на кандидат кој во средина со претежно албанско население нема никакви […]

Опожарен стан во Дебар


Во станбена зграда во населбата „Венец 1“ во Дебар опожарен е стан, но благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица спречено е проширување на пожарот. Од противпожарната единица потврдуваат дека станот се наоѓа на првиот кат од станбената зграда бр. 16 која се наоѓа на излезот од градот на патот кон Струга. Пожарот бил […]

Срушен „космосот“ на ДУИ и СДСМ во Дебар


Понеделничкиот ден во Советот на Општина Дебар беше како надреална претстава. Алијансата за Албанците, чиј лидер Зијадин Села за малку смртно ќе страдаше во Собранието од „долгата рака на ВМРО“, склучи советнички пакт токму со ВМРО-ДПМНЕ и Беса и избра в.д. градоначалник од своите редови по смртта на Ружди Љата од ДУИ. Во изборот на […]

Дебар: ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата и Беса го срушија ДУИ


ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата на Албанците и БЕСА избраа в.д. градоначалник на Дебар, по што ДУИ остана со празни раце. По смртта на Ружди Љата, советниците го избраа Еуген Цами од Алијансата за негов наследник. Тој доби поддршка од тројцата советници од матичната партија, двајца од ВМРО-ДПМНЕ, двајца од БЕСА и еден советник од ПЕ. Цами на ова […]

Во општина Дебар гласаа 22 болни и изнемоштени лица


Во општина Дебар денеска своето право на глас го остварија 22 болни и изнемоштени лица. Според Елмира Бакалим, претседателка на општинската изборна комизија, за гласање се пријавија 27 лица, одобрено е гласање на 23, а гласале 22 болни изнемоштени лица. „Избирачкиот материјал го распределивме и се е подготвено утре во 7 часот да бидат отворени […]

Дебар жали за убиеното семејство Поцеста


Поради грозоморното убиство, што ја вознемири не само дебарската, туку и пошироката макеоднска јавност, Советот на општина Дебар ја одложи за денеска закажаната седница, откако советниците им оддадоа почит со едноминутно молчење. – Вакво нешто не се памети во нашиот град. Советниците донесоа одлука да се одложи седницата и сите заедно да одиме и на […]

Телата на убиените во Дебар на обдукција, осомничени засега нема


Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, по извршениот увид по убиството на тричленото семејство – маж, жена и нивната 14-годишна ќерка, наредил телата да бидат дадени на обдукција. Како што соопштија од Јавното обвинителство на РМ, издадена е наредба  и за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени на самото место во […]

Земјотрес од 5 степени по Рихтер ја погоди Албанија, кај нас со најсилен интезитет почуствуван во Дебар


Земјотресот кој поладнево беше почуствуван во Македонија е со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот е регистриран на 115 киломтери југо-западно од Скопје во соседна Албанија, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Со најсилен интезитет во Македонија, односно со 4 степени според Европската макросеизмичка скала бил почуствуван во Дебар и околината, […]

Дебарските советници бараат исплата на надоместоците или нема да одржуваат седници


Советниците на општина Дебар, на денешната седма редовна седница, ја предупредија локалната самоуправа дека доколку до следната седница не се исплати советничкиот надоместок, кој не им е исплатен за повеќе месеци, ќе доаѓаат на закажана седница, но нема да ја одржуваат. Ваквата одлука следуваше по консултациите на координаторите на советничките групи, откако советниците не сакаа […]

Евроамбасадорот Жбогар во посета на Дебар


Како дел од кампањата „ЕУ за ТЕБЕ“ денеска во посета на Дебар беше шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар. Целта на кампањата е да се подигне свеста и да се информира јавноста за помошта од ЕУ во земјата. Амбасадорот Жбогар најнапред се сретна со градоначалникот Ружди Љата. –  За нашата општина […]

Забрана за тешки товарни возила на патниот правец Мавровска раскрсница-Дебар


Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози на пониските места, додека на планинските, осојничави места коловозите се влажни. Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка и на планиските премини Маврово, Стража, Пресека и Ѓавато, кој во мометов не преставува пречка за нормално одвивање на сообраќајот. Од 09:00 часот воведена е забрана […]