Времен режим на сообраќај до петок во дел од Дебар Маало


Поради продолжување на градежните активности за реконструкција на улицата „Ленинова“, Општина Центар ја информира јавноста дека од денеска до петок ќе биде воведен времен режим на сообраќај во дел од населбата Дебар Маало. Во периодот од 8 до 16 часот, за сообраќај ќе бидат затворени улиците на потегот од „8 Март“ до „Коста Веселинов“, во […]

Дебар Маало добива уредена пешачка и резиденцијална зона


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на почетокот на градежните активности за реконструкција и пренамена на улицата „Мирослав Крлежа“ во пешачка и резиденцијална зона. „Станува збор за проект што се реализира на барање и по мерка на жителите. Ова е зафат што долго време беше најавуван и ветуван, но денес конечно се реализира на […]

Одбележување 40 години „Бушава азбука“


 Во чест на 40 години од првото емитување на култната детска серија „Бушава азбука“, денеска во Дебар Маало ќе биде откриен мурал посветен на овој симбол на македонската детска култура. Со овој настан започнува прославата на јубилејот и најавата на нови содржини за најмладите, најавуваат од организаторите. -Tоа е повеќе од емисија, тоа е некое […]

Се вадат бекатонките на „Орце Николов“ и се асфалтира! За современ изглед


Службите на Општина Центар, изминативе два дена изведуваат реконструкција на т.н лежечки полицајци на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало. Старите бекатонки се отстрануваат, а на нивно место се поставува нов асфалт, со што улицата добива современ и уреден изглед. Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека оваа реконструкција е пример за тоа како со брза и […]

Герасимовски им вети безбедни пешачки зони, хигиена и култура на дебармаалци


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, синоќа се сретна со жителите на Дебар Маало во рамки на караванот „Се гледаме во маало“. Средбата се одржа на спомен-клупата на Горан Стефановски, каде што дебармаалци имаа можност директно да разговараат со градоначалникот, да дадат предлози и да се информираат за тековните и планирани општински активности. „Дебар Маало […]

Герасимовски: Комунална хигиена и Град Скопје повторно потфрлија, ние ги исчистивме контејнерите во Дебар маало


Град Скопје и ЈП Комунална хигиена повторно потфрлија со одржувањето на хигиената на територија на Центар. Утрово, дебармаалци се соочија со идентична глетка како од пред два месеци – преполни контејнери со смет и лоша миризба кои не само што се закана по здравјето на центарци, туку, исто така и го нагрдува изгледот на централното […]

Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски


„Моето име е Горан Герасимовски, неговото Горан Стефановски. Навистина сум среќен што денес, заедно со вас, во маалото каде што и двајцата сме растеле, уште еднаш ќе го прославиме роденденот на великанот на македонската драматургија“, вака градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го отвори културно-музичкиот настан „Прослава на животот на Горан Стефановски“ по повод роденденот […]

Педофил, пијан нападнал и допирал 3-годишно дете во Дебар Маало


Пред два дена, во 22.20 во Скопје полициски службеници од ПС Центар го лишиле од слобода С.Т. (39) од Скопје, постапувајќи по пријава од жена од Скопје дека во парк на подрачје на Центар С.Т. физички го нападнал и го допирал нејзиниот малолетен син. Известен е јавен обвинител и по расчистување и документирање на случајот […]

Коњ оставен на тераса во Дебар маало, згрижен во ЗОО Скопје


Полицијата добила неколку пријави од граѓани дека во Дебар Маало има коњ на тераса од стан во напуштена зграда. Од Зоолошката градина информираат дека коњот е згрижен кај нив. -Колегите од Скопје ЗОО, заедно со директорот Кристијан Стаменов, МВР и инспектор на АХВ излегоа на терен и ја започнаа спасувачката мисија на коњчето кое за […]

(Фото) Изгореа контејнери во Дебар Маало


Пет контејнери, од кои три целосно, изгореа претпладнево во Дебар Маало во Скопје, во непосредна близина на кружниот тек. Покрај контејнерите, од пламенот е оштетено и едно патничко возило „мазда 6“ кое беше паркирано веднаш до нив. Четири од контејнерите се на скопска Комунална хигиена, додека еден на „Пакомак“ наменет за селектирана стаклена амбалажа.  Како […]

Граѓаните „на мускули“ да ја стопираат изградбата на зградата во Дебар Маало


Засегнатите жители на улица „Благој Давитков“ во Дебар Маало, каде што се гради зграда која „зема“ дел од пристапната улица и надвиснува над неа, да поднесат барање до Градежниот инспекторат на Општина Центар, по што инспекторите би излегле на терен да ја утврдат фактичката состојба. Улицата, која според Деталниот урбанистички план од 2012 година е […]

Фатени пироманите што ја запалија „Мечка“


Две лица се уапсени поради сомневање дека пред дваесетина дена ја запалија кафеаната „Мечка“ во скопско Дебар Маало. Против нив е поднесена кривична пријава за тешки дела против општата сигурност. Од Основното јавно обвинителство велат дека истрагата утврдила оти осомничените најпрво набавиле едно шише запалива течност. „Потоа едниот осомничен чувал стража, додека другиот со течноста […]

Убавите куќи убаво горат во Дебар Маало


Сопственикот на кафеаната „Мечка“ во скопско Дебар Маало вчера беспомошно гледаше во остатоците од изгорениот објект. Едни работници ја оспособуваа струјата, а други се обидуваа да го отстранат изгореното дрво пред ресторанот, кое не се даваше и жилаво се трудеше да остане на местото. Од познатиот локал остана само конструкцијата. Во внатрешноста има само пепел. […]

Пожарот во Дебар Маало изгаснат, повреден пожарникар


Еден пожарникар е повреден при гаснењето на пожарот во стан на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало. Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томески за МИА изјави дека пожарникарот е пренесен во ГОБ „8 Септември“ каде се вршат потребните испитувања. Пожарот е локализиран и се работи на расчистување. На терен интервенирале 17 […]