Здравствената состојба на Дачиќ непроменета и засега стабилна


Здравствената состојба на потпретседателот на Владата на Србија и претседател на СПС, Ивица Дачиќ, е непроменета и засега е стабилна, изјави помошник-директорот на Клиниката за пулмологија во Белград, Спасоје Попевиќ. – Продолжуваат мерките за интензивно лекување. Засега е стабилно, ноќта ја помина мирно – рече д-р Спасоје Попевиќ во изјава за новинарите пред Клиниката за […]

Вучиќ го посети Дачиќ во болница: „Состојбата му е подобра“


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека утрово е малку подобра состојбата на министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, кој вчера беше примен во болница со тешко воспаление на белите дробови и е во тешка здравствена состојба, интубиран и на респиратор. Вучиќ го посети Дачиќ утрово пред да замине за Казахстан, а на Инстаграм од […]

Три куршуми во плик за Дачиќ: Полицијата го откри испраќачот


Српското МВР соопшти денеска, дека вчера, при редовното сортирање на поштата во зградата на Владата на Србија, во коверт адресиран до вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, биле пронајдени три куршуми. При безбедносната проверка на пратката на рендгенски уред, било утврдено дека во пликот има куршуми. Истрагата утврдила дека пликот бил предаден на […]

Дачиќ: Нема потреба за вонредни избори; Брнабиќ: Студентите да му се обратат на Вучиќ


Вицепремиерот во српската Влада и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека нема причина за вонредни избори во државата бидејќи има стабилно парламентарно мнозинство. Дачиќ за белградски медиуми изјави дека барањето на студентите за распишување парламентарни избори е лицемерно, бидејќи претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој ги распишува, претходно беше прогласен за „ненадлежен“. […]

Тошковски и Дачиќ: Има решение за метежот на граничниот премин во летната сезона


 Решение за метежот на граничниот премин има, изјавија денеска министрите за внатрешни работи на С Македонија Панче Тошковски и на Србија Ивица Дачиќ по нивната и средбата на оперативните тимови во секторот за внатрешни работи Куманово. Системот „Оне стоп“ ќе почне суштински да функционира до почетокот на наредната летна сезона. Досега се потпишани повеќе согласности, […]

Дачиќ: Оружјето во гаража во Нов Белград е на криминална група од странство


 Вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ зборувајќи за арсеналот на оружје пронајден вчера во гаража во Нов Белград, изјави дека тоа е „очигледно“ подготвувано за извршување на тешки кривични дела и дека е осомничена криминална група која тоа логистички го подготвувала и која дејствува и во странство, јави дописникот на МИА […]

Дачиќ со претседателот на Интерпол разговарал за формирање регионална канцеларија на оваа организација во Србија


Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска се сретна со претседателот на Интерпол Ахмед Насер Ал Раиси, на маргините на Глобалниот форум за соработка во областа на јавната безбедност во Лианџунганг, Народна Република Кина. Како што соопшти српската влада, Дачиќ истакнал дека Министерството за внатрешни работи на Република Србија е сигурен […]

Вучиќ ја прозва СПС за протестите против литиумот. Дачиќ: Не правиме ништо против претседателот


Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, изјави дека партијата не учествува, ниту ќе учествува додека е тој на чело на партијата, во какви било активности или операции против претседателот на Србија, Александар Вучиќ и актуелната власт, затоа што со тоа би работеле против себе и заедничките цели. Вучиќ претходно изјави дека на […]

Дачиќ: Очекувам екстрадиција на Рамадани, но тоа е внатрешно прашање на Северна Македонија


Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, очекува македонските власти да го екстрадираат поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани, но истакнувајќи притоа дека тоа е внатрешно прашање на Северна Македонија. -По многу луѓе кои учествуваа во тие злосторства за време на војните имаше распишано потерници, тие се и уапсени врз основа на тие потерници. Ние […]

Србија: Утре одлука дали ќе биде укинато црвеното безбедносно ниво


Одлуката на српските власти за укинување на црвеното ниво на закана за безбедноста ќе биде донесена утре откако ќе биде анализирана безбедносната состојба. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ нагласи дека е решен мотивот за терористичкиот напад што се случи пред два дена, кога пред израелската амбасада во Белград беше ранет офицер на жандармеријата, со […]

Дачиќ: Фронтекс ќе бидe распореден на границата на Србија и со трети земји


Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ потпиша со комесарката на ЕУ за внатрешни работи и миграција Илва Јохансон Договор меѓу Србија и ЕУ за оперативни активности што ги спроведува Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) во Србија, со кој Фронтекс ќе биде распореден на националните граници на Србија и со трети земји, со […]

Дачиќ: На преминот Мердаре е уапсен Албанец осомничен за воени злосторства


Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, вчера изјави дека на административниот премин Мердаре е уапсено лице осомничено за воени злосторства врз цивилното население на Косово, јави дописникот на МИА од Белград. „Станува збор за Тефик Мустафа, кој како припадник на ОВК беше спомнат во изјавите на сведоците како учесник во киднапирањето на […]

Дачиќ ќе претседава со Владата на Србија до изборот на нова влада


Првиот вицепремиер Ивица Дачиќ ќе претседава со Владата на Србија до изборот на нова влада, изјави денеска премиерката на Србија Ана Брнабиќ, која е предложена за нова претседателка на српскиот Парламент, јави дописникот на МИА од Белград. – Вчера одржав седница на Владата, донесовме неколку важни одлуки и заклучоци. Се поздравив со министрите, а Дачиќ […]

Дачиќ: ЕУ го зголемува притисокот врз Србија со вклучување на Охридскиот договор во преговорите за членство


Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека Брисел го зголемува притисокот врз Белград со формален предлог деловите од Охридскиот договор, со кои Србија не се согласи, да се вклучат во преговарачката рамка за членство во Европската Uнија, јави дописникот на МИА од Белград. -Има обид преку ЕУ и поглавјето 35 на Србија […]

Дачиќ: Без ЗСО нема дискусија за француско-германскиот план


 Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави денеска дека нема да има дискусија за спроведување на француско-германскиот план додека не се формира Заедницата на српските општини на Косово.  Дачиќ, кој е носител на изборната листа „Ивица Дачиќ-премиер“, во интервју за агенцијата Бета изјави дека Србија никогаш нема […]

Дачиќ одбил да се слика со европските министри поради косовското знаме во позадина


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ одби да се фотографира со другите учесници на министерските состаноци на Берлинскиот процес во Тирана. Еуроњуз Албанија јавува дека Дачиќ го нема на заедничката фотографија поради косовското знаме кое било во позадина, зад учесниците на состанокот. Берлинскиот процес е иницијатива на Ангела Меркел На средбата присуствуваа шефовите на […]

Дачиќ: Нема шанси за прием на Приштина во ОН, нотата на Косово за Лајчек е целосно промашена


Позицијата на Србија е стабилна и сите земји со чии претставници разговарав во овие два дена ја разбираат ситуацијата во која се најде Србија поради нарушување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет, изјави шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ во Њујорк, нагласувајќи дека нема шанси за прием на Приштина во ОН. -Мислам дека од овие […]

Полемика на шефовите на дипломатија на Србија и БиХ за величењето на воените злосторници


 Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ зборувајќи за случајот со студентките кои во Сараево ги величеа воените злосторници и Ратко Младиќ, по што своето образование со српска стипендија ќе го продолжат во Белград, и барањето од министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Елмедин Кокановиќ Дачиќ да се изјасни дали тоа е официјален став […]

За Дачиќ, американските санкции за Вулин се „политички мотивирани“ за вештачка рамнотежа со Приштина


 Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ тврди дека од САД не пристигнале докази за нивните тврдења против шефот на Безбедносно-информативната агенција (БИА) Александар Вулин, кому му се воведени санкции. Според него, „не се очекува да пристигнат докази затоа што не се работи за утврдување докази, туку за политички мотивирани санкции“. „Од Америка не добивме […]

Дачиќ: Независноста на Косово доведе до поделба меѓу земјите


 Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ ОН) во Њујорк изјави дека Србија не може и никогаш нема да ја признае независноста на Косово и нема да прифати Косово да стане членка на светската организација, јави дописникот на МИА од Белград. За време на разгледувањето на […]