Заев ќе се сретне со Ципрас во Давос


Премиерот на Mакедонија, Зоран Заев ќе се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Давос, Швајцарија во рамките на барањето решение за долгогодишниот спор околу името. Портпаролот на грчката влада соопшти дека средбата е договорена и ќе се одржи на маргините на Светскиот економски форум во Давос, кој почна денеска. Средбата доаѓа по последната рунда […]

Коѕијас: Разговорите во Давос ќе покажат во која насока се движиме


Блиску сме до одредени прашања за решение, а разговорите во Давос ќе покажат во која насока се движиме, смета шефот на грчката дипломатија и вели дека е потребно дополнително да се разработат одредени прашања за да се зборува за конкретен временски рок за решение. Говорејќи пред грчките новинари во Брисел, по Советот за надворешни прашања […]

Алаѓозовски: Македонија го поддржува концептот на култура на изградба


Министерот за култура Роберт Алаѓозовски денеска во Давос, Швајцарија, се обрати на конференцијата на министрите за култура од земјите – потписнички на Европската културна конвенција и земјите набљудувачи на Советот на Европа. Од Министерството за култура соопштија дека Алаѓозовски ја истакнал поддршката на Македонија за Декларацијата, која го промовира концептот на култура на изградба (Баукултур). […]

И Алаѓозовски замина во Давос


Во пресрет на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, се одржува и конференција на министрите за култура од земјите потписнички на Европската културна конвенција и од земјите набљудувачи на Советот на Европа. Во фокусот се заклучоците за Декларацијата која го промовира концептот на култура на изградба Баукултур (Baukultur). Конференцијата почнува вечерва со експертски обраќања, а […]

И министерот Алаѓозовски во Давос


Министерот Роберт Алаѓозовски ќе учествува на конференција на министрите за култура од земјите потписнички на Европската културна конвенција и од земјите набљудувачи на Советот на Европа, која од 20-ти до 23 јануари ќе се одржува во Давос, Швајцарија, во рамки на Светскиот економски форум. Како што објави Министерството за култура, конференцијата е посветена на заштитата […]

Грчки медиуми: На 24 јануари средба Заев – Ципрас во Давос


Во рамките на Светскиот економски форум што од 23 до 26 јануари ќе се одржи во Давос, Швајцарија, според онлајн изданието на грчкиот весник Real, македонскиот и грчкиот премиер ќе одржат билатерална средба. Според информациите на новинарот, јавува дописникот на МИА од Атина, освен премиерите, во Давос ќе бидат и шефовите на дипломатиите на двете […]

Премиерот Заев ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос


Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев на 25-ти и 26 јануари ќе учествува на Светскиот економски форум кој ќе се одржува во Давос, Швајцарија, соопшти прес-службата на Владата. Проектите и програмските иницијативи кои ќе бидат презентирани на 48-от годишен состанок на Светскиот економски форум се на тема „Креирање на заедничка иднина во поделениот свет“. […]

По 15 години, Македонија се враќа во Давос ?


Од Владата ниту ја потврдуваат, ниту ја демантираат информацијата што ја објавија грчки медиуми за можно учество на премиерот Зоран Заев на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, каде што секоја година се собира светската политичка и бизнис елита. Од Владата велат дека не можат моментно да ја потврдат информацијата околу можноста Заев да отпатува […]