Гутереш го осуди „немилосрдното“ ширење на еврејските населби на Западниот Брег


Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш го осуди „немилосрдното ширење“ и зголемувањето на бројот на еврејски населби на Западниот Брег, што ја влошува најголемата криза со раселување во регионот од 1967 година, според извештајот на светската организација. Во кварталниот извештај за ситуацијата на Западниот Брег, окупиран од Израел во 1967 година, Гутереш „силно го […]

Гутереш вели дека „очигледно е време“ жена да застане на чело на ОН


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој треба да се повлече од функцијата на крајот на оваа година, уште еднаш даде јасна поддршка за тоа жена да го наследи на позицијата. – Мислам дека очигледно е време за Обединетите нации да имаат жена на своето чело, рече Гутереш синоќа на својата традиционална новогодишна прес-конференција во […]

Гутереш бара Хутите итно да ги ослободат претставниците на ОН


 Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска го осуди притворањето на 10 претставници на ОН од страна на јеменските бунтовници. Хутите вчера приведоа 10 службеници на ОН, со што вкупниот број на приведени се искачи на 69. Гутереш повика на итно ослободување на сите заробеници, изјави неговиот портпарол Стефан Дижарик. Овие притворања го прават […]

Гутереш му честиташе на Ерхурман: Очекувам да соработуваме за постигнување трајно решение за Кипар


Со нетрпение очекувам да соработувам со Вас за постигнување трајно решение за Кипар, му напишал генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш на лидерот на кипарските Турци Туфан Ерхерман во писмото со честитка за неговата победа на изборите, информираа од кабинетот на Ерхерман. Гутереш во писмото ја реафирмирал неговата „цврста посветеност на безбедноста и благосостојбата […]

Гутереш: Улогата на Кина во зачувувањето на мултилатерализмот е од суштинско значење


 Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска, за време на состанокот со кинескиот претседател Си Џинпинг на маргините на безбедносниот форум во Тјенџин, изјави дека улогата на Кина во зачувувањето на мултилатерализмот е од суштинско значење. -Во време кога мултилатерализмот е нападнат, поддршката на Кина е исклучително важен елемент што треба да се зачува, […]

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел


Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска изјави дека изгладнувањето на цивили никогаш не смее да се користи како метод на војување, истакнувајќи дека гладот во Појасот Газа е резултат на „нечовечни“ и „намерни“ постапки на Израел. – Цивилите мора да бидат заштитени. Хуманитарниот пристап мора да биде непречен. Без понатамошни изговори. Без понатамошни […]

Гутереш го повика Израел да го запре проектот за населување на Западниот Брег


 Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш синоќа го повика Израел да ги запре плановите за оспоруваниот проект за населување на окупираниот Западен Брег, велејќи дека со тоа се крши меѓународното право и е спротивен на резолуциите на ОН, јави ДПА. -Напредокот на овој проект е егзистенцијална закана за решението со две држави. Тоа би го […]

ОН: Планот на Израел да ја преземе контролата врз Газа е опасна ескалација


 Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги критикуваше коментарите на Израел дека планира да ја преземе контролата врз Газа. Неговиот портпарол рече дека одлуката претставува „опасна ескалација“ што ќе резултира со присилно раселување на Палестинците. Израелскиот кабинет за безбедност одобри план за преземање контрола врз Газа за понатамошно проширување на воената офанзива на Израел. Планот […]

Гутереш: Решение со две држави на Блискиот Исток сега е поневеројатно


 Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека мировниот процес меѓу Израел и Палестинците е близу до колапс и дека решение со две држави е подалечна перспектива од кога било досега. – Вистината е: Ние сме на пресвртна точка, рече Гутереш на отворање на конференција организирана од Саудиска Арабија и Франција за мирот на Блискиот […]

Гутереш повика на итна деескалација на тензиите меѓу Израел и Иран


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги повика Израел и Иран итно да ги деескалираат тензиите, пренесе ДПА. – Израелско бомбардирање на ирански нуклеарни објекти. Ирански ракетни напади врз Тел Авив. Доста со оваа ескалација. Време е ова да престане. Мирот и дипломатијата мора да преовладаат, напиша Гутереш на социјалната мрежа „Икс“. Сепак, и покрај […]

Гутереш: Украина има легитимна влада


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир Путин дека Украина може да биде ставена под форма на привремена администрација под покровителство на Обединетите нации, за да се дозволат нови избори. „Пред сè, во Украина има легитимна влада и очигледно таа мора да се почитува“, рече Гутереш на прашањето […]

Сиљановска Давкова со Гутереш разговарала за македонската евроинтеграција


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш. На средбата претседателката Сиљановска Давкова ги потенцираше принципите на светската организација како основа на којашто мора да функционира меѓународниот поредок, без разлика дали се работи за мали или […]

Гутереш издаде „глобален SOS“ за Пацифичките острови поради покачувањето на нивото на морето


На самитот на Форумот на Пацифичките Острови што се одржува во Тонга, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, издаде предупредување за „глобален СОС“, пред се, заради порастот на нивото на морето во регионот на Тихиот Океан. -Во Тонга сум за да издадам глобален СОС – Save our seas (Зачувајте ги нашите мориња) – заради […]

Драматичен говор на шефот на ОН: Забранете им рекламирање на господарите на хаосот – собираат трилиони


Компаниите за фосилни горива се „господари на климатскиот хаос“ и треба да им се забрани рекламирањето во секоја земја, изјави генералниот секретар на Обединетите нации. Во големиот говор во Њујорк, Антонио Гутереш ги повика медиумите да престанат да овозможуваат „уништување на планетата“ со преземање пари за рекламирање од индустриите за фосилни горива, предупредувајќи дека светот […]

Гутереш: Бројот на загинати цивили во Газа покажува дека нешто не е во ред со операциите на Израел против Хамас


Бројот на загинати цивили во Појасот Газа покажува дека нешто не е во ред со воените операции на Израел против милитантите на палестинското движење Хамас, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. „Хамас прави прекршувања кога користи жив штит. Меѓутоа, кога ќе го погледнеме бројот на цивили убиени во воени операции, јасно гледаме дека […]

Дижарик: Генералниот секретар на ОН е „згрозен“ од ескалацијата на насилството во Газа


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е „згрозен од ескалацијата на насилството во Газа“, вклучително и убиството на Палестинците во израелските воздушни напади врз бегалскиот камп Џабалија, рече неговиот портпарол. – Тој силно го осудува убивањето на цивили, изјави денеска за новинарите портпаролот на ОН Стефан Дижарик. Тој додаде дека „генералниот секретар повторува дека сите […]

Амбасадорот на Израел во ОН бара Гутереш да поднесе оставка


  Постојаниот претставник на Израел во Обединети нации, Гилад Ердан денеска го повика генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш веднаш да поднесе оставка, нарекувајќи го неподобен да раководи со светската организација. „Генералниот секретар на ОН, кој покажува разбирање за кампањата за масовно убивање на деца, жени и стари лица не е способен да раководи со […]

Гутереш: Насилството на Блискиот Исток е резултат на 56-годишна окупација


Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш изјави дека е длабоко вознемирен од одлуката на Израел да воведе „тотална опсада“ на Појасот Газа. Гутереш рече дека најавата на министерот за одбрана Јоав Галант дека Израел ќе ги запре сите испораки на електрична енергија, храна и гориво само ќе ја влоши она што веќе беше […]

Гутереш: Војната во Украина ги зголемува геополитичките тензии ширум светот


Војната што ја почна Русија во Украина „ги интензивира геополитичките тензии и поделби, ја загрозува регионалната стабилност, го подигнува нивото на нуклеарната закана и создава длабоки јазови во нашиот сè повеќе мултиполарен свет“, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Тој ова го кажа во воведното обраќање на состанокот на Советот за безбедност на […]

Гутереш: Загрижувачки извештаи за жртви во Нагорно-Карабах, итен прекин на огнот


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази огромна загриженост поради извештаите за жртви во Нагорно-Карабах и повика на итен прекин на непријателствата. „Генералниот секретар е крајно загрижен за употребата на воена сила во регионот и извештаите за жртви, вклучувајќи го и фактот дека има жртви меѓу цивилното население. Генералниот секретар повикува на итен прекин на […]