Европската комисија го казни „Гугл“ со 890 милиони евра. Како ќе реагираат САД


Европската комисија денес го казни „Гугл“ со 890 милиони евра за кршење на Законот за дигитални пазари, што е најголемата казна досега изречена според законот. Комисијата донесе две одлуки. Првата утврди дека „Гугл“ не се придржува до Законот за дигитални пазари (DMA) со фаворизирање на сопствените услуги во својот пребарувач, за што изрече казна од […]

„Спејс икс“ ќе му изнајми на „Гугл“ капацитет за вештачка интвелигенција за 920 милиони долари месечно


„Гугл“ се договори со „Спејс икс“ (SpaceX) да земе под наем компјутерски капацитет од ракетната компанија за да ги напојува своите капацитети за вештачка интелигенција. Во поднесеното барање, „Спејс икс“ изјави дека „Гугл“ ќе плаќа 920 милиони долари месечно за изнајмување на 110.000 графички процесори, процесори и меморија на „Нвидиа“ , како и поврзани компоненти, […]

Од MOS натпревар до светски успеси: Македонски учесници денес градат кариера во Google и IT индустријата


Дигиталните вештини денес не се само предност, тие се неопходност. Токму затоа Microsoft Office Specialist (MOS) натпреварот, организиран од Семос Едукација и Certiadria, претставува уникатна можност младите да ги тестираат своите знаења, да стекнат меѓународно признат сертификат и да ја претставуваат Македонија на светската сцена. Но, за многумина, MOS е многу повеќе од натпревар. Тоа […]

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си


Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, денеска беше именуван за нов генерален директор на британскиот јавен радиодифузен сервис Би-Би-Си. Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за Европа, Блискиот Исток […]

„Гугл“ издаде обврзница што планира да ја отплати за 100 години


Технолошкиот гигант „Алфабет“, сопственикот на „Гугл“, издаде исклучително редок сертификат за долг (обврзница) што планира да го врати за 100 години. Тоа е дел од план во кој компанијата има намера да позајми милијарди евра за да плати за развој на вештачка интелигенција. Одлуката е донесена затоа што „Гугл“ се подготвува да потроши двојно повеќе […]

„Гугл“ се спогоди да плати 68 милиони долари поради шпионирање на корисниците


 Корисниците на „Гугл“ поднесоа тужба против компанијата поради тоа што неговиот „Гугл асистент“ (Google Assistant) нелегално ги шпионирал нивните паметни телефони снимајќи и пренесувајќи приватни разговори до огласувачите со цел да им испраќа таргетирани реклами. „Првичната спогодба е поднесена до Федералниот суд во Сан Хозе, Калифорнија, и се чека да биде одобрена од судијката Бет […]

Европската комисија покрена истрага против „Гугл“ за антимонополско однесување на пазарот


Европската комисија започна формална антимонополска истрага за да процени дали американскиот технолошки гигант „Гугл“ ги прекршил правилата за конкуренција на ЕУ, поврзани со објавувањето содржини на онлајн платформата за споделување видеа Јутјуб, соопшти заменичката главна портпаролка на ЕК, Аријана Подеста. – Истрагата особено ќе испита дали „Гугл“ ја нарушува конкуренцијата со поставување нефер услови за […]

Грешката што го промени светот на технологијата: Јаху одби да го купи Гугл


Приказната за Јаху  и Гугл (Yahoo и Google) стана учебник за пропуштени можности во светот на бизнисот и иновациите. За само две децении, компанија што можеше да биде синоним за интернет стана потсетник дека во технолошкиот свет, успехот често зависи од еден единствен стратешки потег. Во 1990-тите, на врвот на првата голема интернет револуција, глобалните […]

Американски суд пресуди дека „Гугл“ може да го задржи „Хром“, но без ексклузивни договори


Владата на САД денеска претрпе неуспех во случајот за монопол врз интернет-пребарувањето против Гугл, откако федерален судија ги одби барањата технолошкиот гигант да биде принуден да се откаже од својот интернет-пребарувач Хром (Chrome) и мобилниот оперативен систем Андроид. Судијата Амит Мехта во пресуда од 230 страници напиша дека владата „претерала со барањето за присилно отуѓување […]

Што не сака „Мета“ – „Гугл“ сака: Се согласија на европските упатства за вештачка интелигенција


Гугл објави дека ќе ги потпише упатствата за вештачка интелигенција на Европската Унија, кои Мета Платформс претходно ги отфрли поради загриженост дека би можеле да ја задушат иновацијата. Мета потоа рече дека Европа оди во погрешен правец во врска со вештачката интелигенција. Тие рекоа дека Кодексот воведува голем број правни неизвесности за развивачите на модели, […]

Гугл ќе вложи 37 милиони долари во развој на вештачка интелигенција во Африка


 Пребарувачот Гугл денеска претстави програма вредна 37 милиони долари за забрзување на развојот на вештачката интелигенција (ВИ) во Африка, со инвестиции кои се движат од локални истражувања до проекти за следење на земјоделските култури и приспособување на технологиите на африканските јазици. – Африка е дом на некои од најважните и најинспиративни работи во областа на […]

Сте виделе ли слики од Газа на Google maps?


Ако не им верувате на Палестинците, можеби ќе му верувате на Google Maps. Сателитските снимки го покажуваат обемот на уништувањето на палестинската територија. Сликата кажува илјада зборови. А, сликите што полека се пробиваат од Газа раскажуваат приказна што многу политичари и медиумски личности сè уште се трудат да ја игнорираат или замаглат. Ажурираните сателитски снимки […]

Класичното „гуглање“ заминува во историјата: Погледнете како ќе се пребарува отсега


Компанијата „Гугл“ претстави низа новитети кои треба да го олеснат интернет-пребарувањето и да овозможат подобри резултати во пребарувањето. Начинот на кој пребаруваме информации на интернет брзо се менува, а тоа го знаат и во компанијата „Гугл“, која својот бизнис го изгради токму врз основа на интернет-пребарувањето. Но, и на компанијата ѝ е јасно дека иднината […]

Мексико го тужи „Гугл“ поради промена на името на Мексиканскиот Залив


Мексико поднесе тужба против компанијата „Гугл“ поради промена на името на Мексиканскиот Залив. Веста ја соопшти мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум. „Гугл“ во својата апликација „Google Maps“ го промени името на Мексиканскиот Залив во Американски Залив, со што се усогласи со одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп. На 20 јануари, откако повторно се врати во […]

„Јаху“ е заинтересиран за купување на прелистувачот „Хром“ на „Гугл“


Интернет компанијата „Јаху“ (Yahoo) е заинтересирана да го купи прелистувачот „Хром“ (Chrome) на „Гугл“ (Google) доколку американскиот федерален суд пресуди дека „Гугл“ мора да го продаде за да избегне антимонополски обвиненија, изјави извршниот директор на „Јаху срч“, Брајан Провост, на судско рочиште. Според него, „Јаху“ проценува дека „Хром“ ќе се продава по цена од неколку […]

Гугл повторно обвинет за монополска позиција на технолошките пазари во САД


Суд во САД синоќа пресуди дека Гугл незаконски држела монополска позиција на два пазари на технологии за онлајн рекламирање, со што се отвора пат американските антимонополски обвинители да побараат разделување на нејзините рекламни производи. Гугл е во сопственост на Alphabet. Судијка на Окружниот суд во Александрија, Вирџинија, го прогласи Гугл за виновен со тоа што […]

„Алфабет“ го купува стартапот за сајбер безбедност „Виз“ за 32 милијарди долари


Сопственикот на Гугл, „Алфабет“ (Alphabet), ќе ја купи фирмата за сајбер-безбедност „Виз“ (Wiz) за 32 милијарди долари – во договор за зајакнување на внатрешната обработка на облак на технолошкиот гигант во услови на растечки раст на вештачката интелигенција. Доколку се затвори, трансакцијата со готовина, објавена во вторник, ќе стане најскапата аквизиција на Гугл во 25-годишната […]

По Амазон, и Гугл одлучи да ги зголеми инвестициите во „Антропик“


Гугл ќе инвестира над една милијарда долари во стартапот за вештачка интелигенција „Антропик“ (Anthropic), објави денеска весникот „Фајненшл тајмс“. Anthropic е главен конкурент на OpenAI во таква област како базични модели за вештачка интелигенција. Гугл веќе има инвестирано две милијарди долари во Anthropic. Амазон, лидер во електронската трговија, кон крајот на минатата година ги дуплираше […]

Гугл мапс ги однесе на недовршен мост, при што загинаа – кој е виновен?


Дали апликацијата за навигација може да биде одговорна ако корисникот доживее несреќа? Тоа е прашањето кое се поставува во Индија откако тројца мажи загинаа кога нивниот автомобил паднал од недовршен мост во корито на река во северната држава Утар Прадеш, пишува Би-би-си. Полицијата сè уште го истражува инцидентот  што се случи во неделата, но верува […]

Во САД започна истрага против Гугл за наводно прикажување негативност кон Трамп


Државниот обвинител од Мисури, републиканец, Ендрју Бејли, рече дека отворил истрага против Гугл затоа што пребарувачот наводно прикажувал само негативни написи за поранешниот претседател на САД и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп за време на претресите, со што, како што наведе, се цензурира конзервативниот говор пред „најважните избори во националната историја“. Бејли на платформата X […]