ВМРО-ДПМНЕ го спасуваше изборот на гувернер


Со респектабилни 81 глас „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“, парламентот ја избра вчера Анита Ангеловска-Бежовска за гувернерка на НБРМ, истиот ден кога истече мандатот на досегашниот носител на оваа функција Димитар Богов. Новата – петта гувернерка од независноста на Македонија не само што е прва жена на челната функција на монетарната власт, туку […]

Анита Ангеловска-Бежоска стана гувернерка


Со двотретинско мнозинство, од вкупно 81 глас „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“, парламентот ја избра предмалку Анита Ангеловска Бежоска за гувернерка на НБРМ. За нејзиниот избор гласаа и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, чиј координатор Драган Данев,сепак, реагираше пред гласањето поради тоа што не бил ставен на изјаснување претходниот предлог на претседателот Ѓорге Иванов. Шефот […]

Пред избор на нов гувернер: Резервираност во ВМРО-ДПМНЕ за Ангеловска-Бежоска


Со предлогот на претседателот Ѓорге Иванов, Анита Ангеловска-Бежоска да биде нов гувернер, се очекува  да биде дополнет дневниот ред на денешната собраниска седница, која почнува истиот ден кога на досегашниот челник на НБРМ, Димитар Богов, му истекува седумгодишниот мандатот. Со оглед на тоа што новиот предлог на Иванов, откако Богов ја откажа втората номинација за […]

Резервираност во ВМРО-ДПМНЕ за вториот предлог на Иванов за гувернер


Со предлогот на претседателот Ѓорге Иванов – Анита Ангеловска Бежоска да биде нов гувернер се очекува да биде дополнет дневниот ред на утрешната собраниска седница, која почнува истиот ден кога на досегашниот челник на НБРМ Димитар Богов му истекува седумгодишниот мандатот. Со оглед на тоа што новиот предлог на Иванов, откако Богов ја откажа втората […]

Мандатот на Богов истекува утре, предлогот за Ангеловска-Бежоска пред пратениците


Утре истекува седумгодишниот мандат на гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов. Според предлогот на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој треба да биде поддржан од најмалку 61 пратеник во Собранието, Богов треба да го наследи Анита Ангеловска-Бежоска. Според собраниски извори предлогот за гласање треба да биде ставен на дневен ред на […]

И ДУИ го разгледува предлогот за гувернер


Го разгледуваме новиот предлог за гувернер, одговараат кусо од пратеничката група на ДУИ, откако претседателот Ѓорге Иванов излезе со нов кандидат за челното место во НБРМ. За разлика од претходниот предлог – за реизбор на Димитар Богов, на што ДУИ отворено се спротиставуваше, овој пат од партијата на Али Ахмети велат само дека го разгледуваат […]

Партиите без формален став за предлогот за нов гувернер


Анита Ангеловска – Бежоска е новиот предлог на претседателот Ѓорге Иванов за гувернер на Народната банка на Република Македонија, откако актуелниот гувернер Димитар Богов се повлече од кандидатурата претходно доставена од  Иванов, под влијание на, како што рече, реакциите и роковите за избор на гувернер. Политичките партии се уште тактизираат за предлогот Ангеловска – Бежоска […]

СДСМ ќе ја поддржи Анита Бежоска за гувернер


Најголемата владејачка партија СДСМ најверојатно ќе го поддржи новиот предлог на претседателот Ѓорге Иванов – Анита Ангеловска  – Бежоска  да биде гувернер на НБРМ, дознава „Независен весник“ од висок партиски функционер. За изборот на нов гувернер се потребни 61 глас. Иванов ја предложи денеска Анита Ангеловска Бежоска за гувернер, откако актуелниот челник на НБРМ Димитар Богов […]

Димитар Богов се повлекува, Анита Ангеловска-Бежоска нов предлог за гувернер на НБРМ


Анита Ангеловска – Бежоска, актуелен вицегувернер во НБРМ е новиот предлог на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов за гувернер на Народнат банка на Република Македонија, соопштија за МИА од кабинетот на шефот на државата. Новиот предлог на Иванов следи откако денеска добил писмено известување од Димитар Богов дека се повлекува од кандидатурата за гувернер […]

Сите калкулираат околу новиот гувернер: Џафери го игнорира предлогот на Иванов


Спикерот Талат Џафери не го ставил предлогот на претседателот Ѓорге Иванов за реизбор на Димитар Богов за гувернер на дневен ред на првата наредна собраниска седница, која почнува на 21 мај – точно на датумот кога истекува мандатот на досегашниот челник на НБРМ. Ако собраниската агенда не биде дополнета на почетокот на седницата и ако […]

Игри без граници за идниот гувернер: Заев и Иванов во коалиција, ДУИ во опозиција за Богов


Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев се согласиле на вчерашната средба дека НБРМ не смее да се остане без гувернер бидејќи тоа би имало негативни импликации врз економијата на државата. И двајцата носители на извршната власт во земјава имаат пофални зборови за досегашниот челник на НБРМ, Димитар Богов, кого Иванов го предложи повторно за […]

Заев очекува до 20 мај да се најде решение за гувернер на НБРМ


Премиерот Зоран Заев во врска со денешната средба со претседателот Ѓорге Иванов за избор за гувернер на НБРМ рече дека заклучиле дека треба во соодветниот рок Македонија да избере гувернер. – Разменивме одредени идеи и заедно заклучивме дека треба во соодветниот рок Македонија да избере гувернер. Не е добро за имиџот на државата, иако постои решение преку […]

Иванов и Заев согласни дека НБРМ не смее да се остави без гувернер


Народната банка на Република Македонија не смее да се остави без гувернер, бидејќи тоа би имало негативни импликации врз економијата на државата, се согласиле претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев на денешната средба во вила Водно која се одржа на барање на премиерот, а на која се разговараше за предлогот на Иванов за нов […]

Заев барал средба со Иванов за изборот на нов гувернер на НБРМ


Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев денеска треба да одржат втора средба за усогласување на ставовите околу изборот на гувернер на Народната банка на РМ, кој треба да биде заокружен на крајот на месеци, потврдија од кабинетот на премиерот. Средбата е на барање на Заев, откако владејачката парламентарна група се изјасни дека не го […]

Заев бара средба со Иванов за изборот на нов гувернер


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека одржал координација со парламентарната група и оти таа не го прифаќа Димитар Богов како кандидат за гувернер на Народната банка на Македонија, што е предлог на претседателот Ѓорге Иванов. Побарал средба со претседателот и се надева дека таа ќе се случи бргу за да може да усогласат став затоа […]

Иванов тврди дека го информирал Заев за кандидатурата на Богов за гувернер


Со цел Република Македонија да добие гувернер кој најодговорно ќе ја извршува оваа значајна функција, претседателот Иванов во текот на февруари и март оваа година изврши консултации со Сојузот на Стопански Комори, со Стопанската комора на Македонија, со Здружението на банкарството, со МАНУ и со други институции и поединци од оваа област, информираат од Кабинетот на […]

Богов: НБРМ не смее да се остави без гувернер


Гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов смета дека институцијата не смее да се остави без прв човек, бидејќи тоа би имало негативни импликации врз економијата на државата. Очекува нов гувернер да биде избран во предвидениот рок и притоа да се почитува законот за НБРМ. – НБРМ има многу значајни функции во економијата, […]

Поповски: Шокантно е што Богов прифатил без да знае дали има поддршка


Професорот и ексминистер за финансии Никола Поповски вели дека прашањето за повторен избор на гувернерот на НБРМ е сериозно и суштинско. „Одговорот на тоа треба да го дадат надлежните институции, претседателот на РМ и Собранието.Зачудувачки и шокантно е што предлогот на Иванов е испратен без консултации што би обезбедиле непречен избор. Шокантно е и што […]

Рафајловски: Доста се банкари, ни треба гувернер економист


Горан Рафајловски од Стопанската комора на Македонија посредно одговара на прашањето дали Богов заслужува втор мандат. Тој вели дека освен одржувањето на стабилноста на денарот, Народната банка во наредниот период треба да даде сериозен поттик на банките за долгорочно кредитирање на капитални објекти и за намалување на камата за такви кредити. „Тоа е правецот во […]

Заслужува ли Богов уште еден гувернерски мандат?


Димитар Богов е во трка за нов седумгодишен гувернерски мандат. За многумина тој е очекуван предлог на претседателот Ѓорѓе Иванов. Шефот на државата ја поткрепи поддршката за Богов со наводни двомесечни консултации со двете стопански комори, со банкарскиот еснаф и со академиците, како и со позитивната оценка на Европската комисија за севкупната работа на Народната […]