Грузија победник на осмото издание на Фолк фест Скопје 2026


Осмото издание на Меѓународниот фестивал „Folk Fest Skopje 2026“ синоќа заврши на Плоштад „Скендербег“, со финална вечер исполнета со музика, танци и традиции од различни земји во светот. По настапите на ансамблите учесници, Грузија беше прогласена за победник на фестивалот, а пехарот за првото место го врачи градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Мексико го освои второто место, […]

Хрватска се мачеше против Грузија, но со победа го почна Европското првенство


Хрватските ракометари победија во Малме во првото коло од Европското првенство против селекцијата на Грузија со резултат 32:29 и со тоа триумфално го отворија прегледот на најдобрите репрезентации на Стариот континент. Грузија влезе во играта многу подобро и го искористи очајното отворање на фаворизираните Хрвати. Предноста постојано растеше, а во еден момент имаше и шест […]

Во Грузија уапсен лидерот на опозицијата поради обид за палење на владин објект


 Грузиските власти го уапсија лидерот на опозициската партија, Александар Елисашвили, поради сомневање дека се обидел да ја запали зградата на судската канцеларија во Тбилиси. Министерството за внатрешни работи на земјата соопшти дека Елисашвили влегол во зградата, скршил прозорец, а потоа ја полеал со бензин, што довело до апсење за време на кое тој повредил судски […]

Русија треба да и плати 253 милиони евра отштета на Грузија, реши Судот за човекови права


Европскиот суд за човекови права денеска пресуди дека Русија треба да и исплати 253 милиони евра на Грузија, поради попречување на слободното движење на луѓето во грузиските региони Абхазија и Јужна Осетија.  Русија изврши повеќе прекршоци, вклучително и прекумерна употреба на сила, малтретирање, незаконско притворање и ограничување на секојдневното движење преку административната гранична линија помеѓу […]

ЕУ со остра критика за локалните избори во Грузија


Европската унија остро ги критикуваше локалните избори одржани во Грузија за време на викендот. Гласањето се одржа во саботата по период на сеопфатно задушување на неистомислениците, се наведува во заедничката изјава на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, и еврокомесарката за проширување, Марта Кос. – Месеци рации врз независните медиуми, донесувањето закони насочени […]

Сензација на Евробаскетот: Грузија ја победи Шпанија


Во првото коло од Групата Ц на Евробаскетот се случи вистинска сензација. Репрезентацијата на Грузија убедливо ја победи Шпанија со 83:69, која на турнирот пристигна со статус на еден од фаворитите. Сепак, тоа не го покажаа на првата средба, во која неочекувано беа поразени со значителна разлика. Грузија до голема победа ја предводеше Сандро Мамукелашвили […]

Европскиот парламент ја отфрли владејачката партија во Грузија и бара нови избори


Европскиот парламент денеска со големо мнозинство усвои резолуција со која се отфрли легитимноста на „самопрогласените власти на Грузија“ и повика на нови парламентарни избори, јави ДПА. Резолуцијата ги критикуваше „наместените“ избори во Грузија на 26 октомври, наведувајќи значајни нерегуларности како што се заплашување гласачи, манипулација со гласовите и мешање со изборните набљудувачи и медиумите. Партијата […]

Од Грузија било барано да отвори втор фронт против Русија


Премиерот на Грузија, Иракли Кобахиѕе изјави дека на почетокот на војната во Украина од грузиските власти било побарано да отворат втор фронт против Русија. – Тоа ни го кажаа зад затворени врати, кога не повикаа да отвориме втор фронт. Како што покажа искуството, се потврдува дека нашиот пристап беше апсолутно исправен и оправдан, посочи Кобахиѕе, […]

Уште еден националистички и антизападен удар во Грузија: поранешен фудбалер избран за претседател


  ТБИЛИСИ – Поранешниот фудбалер Михаил Кавелашвили стана претседател на Грузија во саботата, со што владејачката партија ја заостри контролата во она што опозицијата го нарекува удар врз аспирациите на земјата за ЕУ ​​и победа за поранешниот империјален владетел Русија. Кавелашвили (53) беше единствениот кандидат на гласачкото ливче и лесно го доби гласот со оглед […]

САД забранија издавање визи за грузиски претставници поради „поткопување на демократијата“


САД ќе забранат издавање визи за околу 20 Грузијци одговорни за „поткопување на демократијата во Грузија“, вклучително и министри, пратеници и безбедносни службеници, соопшти Стејт департментот. Во соопштението не се наведени имињата на грузиските официјални лица на кои ќе им биде забрането да добијат визи за САД. Стотици луѓе се уапсени во Грузија откако пред […]

Општ хаос во Грузија поради ЕУ, прорускиот премиер: Нема да дозволиме „Евромајдан“


Жителите на главниот град на Грузија, Тбилиси, протестираат затоа што владата одлучи да ги одложи преговорите за влез во ЕУ. Грузискиот премиер Иракли Кобахидзе во саботата, по протестите против владата поради одлуката за ненадејно замрзнување на пристапниот процес во Европската унија, изјави дека земјата нема да дозволи револуција Партијата Грузиски сон на Кобахиџе во четвртокот […]

Грузија ги прекинува преговорите со Европската Унија


  Владејачката партија во Грузија објави дека земјата ќе ги прекине преговорите со Европската Унија до 2028 година и ќе го отфрли европското финансирање, со што практично ќе ја запре својата кандидатура за членство. Во соопштението за печатот, владејачката партија Грузиски сон ја обвини ЕУ за навреди, за користење на пристапните преговори за уцена и […]

Грузија: Опозициски политичар го намачка со црна боја шефот на изборната комисија


Давид Киртадзе, политичар кој и припаѓа на опозицијата во Грузија, истури црна боја врз шефот на изборната комисија во земјата, Ѓорѓи Каландаришвили, откако тој ги потврди резултатите од контроверзните парламентарни избори. Каландаришвили потпиша протокол во кој се тврди дека проруската партија Грузиски сон освоила најмногу гласови и доволно пратеници за повторно формирање на владата, што […]

Илјадници демонстранти се собраа пред грузискиот Парламент за да протестираат против изборните резултати


 Илјадници демонстранти се собраа пред грузискиот Парламент откако грузискиот претседател и опозицијата повикаа на протести против официјалните резултати од саботните парламентарни избори, за кои рекоа дека се наместени, јавуваат странските агенции. – Не ги изгубивте изборите, им порача претседателката на земјата Саломе Зурабишвили на демонстрантите кои вееја грузиски и знамиња на Европската унија. – Ви […]

И власта и опозицијата прогласија победа на изборите во Грузија


  ТБИЛИСИ – Грузиската владејачка партија и прозападната опозиција тврдат дека победиле на клучните парламентарни избори кои нашироко се гледаат како гласови за продолжување или прекинување на долгогодишната аспирација на земјата за членство во ЕУ. Гласачите во кавкаската земја со речиси 4 милиони жители во саботата се упатија кон гласачките места на изборите прикажани како […]

ЕУ целосно го суспендира пристапниот процес со Грузија


  Постапките на грузиската влада се во спротивност со европските вредности и принципи, процесот на пристапување на Грузија во Европската унија е ефикасно суспендиран, се вели во соопштението на Советот по самитот во Брисел. „Европскиот совет потсетува дека овој начин на дејствување го загрозува европскиот пат на Грузија и ефективно го запира нејзиниот процес на […]

ЕУ го запре патот на Грузија кон членството


Лидерите на ЕУ вчера одлучија да ја запрат Грузија на патот кон Европската унија поради новиот закон за невладини организации (НВО) кои добиваат странски средства. Според законот, независните медиуми и другите граѓански организации мора да се регистрираат како „странски агенти“ и да достават информации до државата доколку добиваат повеќе од 20 отсто од средствата од […]

Грузија беше на пат кон ЕУ. Сè запре поради „рускиот закон“


  Амбасадорот на ЕУ во Грузија денеска изјави дека процесот на приближување на земјата кон ЕУ е закочен поради законот за „странски агенти“, колоквијално познат како „руски закон“, кој беше усвоен овој месец. Грузиската новинска агенција Интерпрес го цитираше амбасадорот Павел Херчински дека законот има „негативно влијание врз изгледите на Грузија за напредок“ и дека […]

Премиерот на Грузија обвини неименуван еврокомесар за уцени и страшни закани


 Грузискиот премиер Иракли Кобахидзе денеска обвини неименуван еврокомесар за „уцена“ и упатување „ужасна закана“, пред новото гласање во грузискиот парламент за законот за таканареченото „странско влијание“ што го осуди Европската унија и САД, против кој постојано се одржуваат демонстрации и беше ставено вето од претседателката на Грузија. Според Кобахидзе, „европски комесар“ во телефонски разговор ги […]

Брисел ја предупреди Грузија дека усвојувањето на законот за „странски агенти“ ќе биде пречка за европската иднина на земјата


Шефот на Директоратот за проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман денеска во Тбилиси ја предупреди грузиската Влада дека предложениот нацрт-закон за „странски агенти“ е неприфатлив и дека доколку стапи во сила, тоа ќе биде значајна пречка за надежите на Грузија за членство во Унијата. Тој рече дека Брисел внимателно ја следи ситуацијата во Грузија […]