Какво време не очекува утре?


Нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавува за утре УХМР. Како што соопшти, локално процесите се очекува да бидат поинтензивни. – Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет, наведува Управата за хидрометеоролошки работи.

УХМР: Попладнево повремени поројни врнежи со ретки грмежи


Низ Македонија попладнево имаше  повремени локални врнежи од пороен дожд, проследени со ретки грмежи и слаб до умерен ветер од северен правец. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека за девет часа (до 17 часот)  најмногу дожд наврнал во Ѓуриште, 11 литри на метар квадратен. Во Скопје три и во Струмица два литра на квадратен метар. До […]

Во делови од земјата услови за дожд, град и грмежи


Во поширокиот регион на Скопско и особено на север попладнево имаше појава на грмежи и поројни врнежи. Претпладне зголемена облачност имаше во западните делови, а понекаде од изутрина имаше повремен дожд. Попладнево од југоисток нова нестабилност со грмежи и врнежи и со услови за појава на град, се проширува кон северна Пелагонија, Гевгелиско и понатаму […]