Нови 221 случај на грип пријавени минатата недела во државава


Во текот на 52. недела од 2024 година – од 23 до 29 декември, во Република Северна Македонија има 221 случај на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот – 59,0 проценти повеќе во споредба со претходната недела, соопштија попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во однос на возрасната дистрибуција, […]

Вкупно 139 случаи на грип пријавени минатата недела


Во текот на 51. недела од 2024 година, од 16 до 22 декември, во Република Северна Македонија се пријавени 139 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, 17,8 отсто повеќе во споредба со претходната недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен утрово. Деведесет и […]

Во Британија бројот на хоспитализирани поради грип е за 350 отсто поголем отколку во 2023


Во Велика Британија бројот на хоспитализирани пациенти поради грип е зголемен за повеќе од 350 отсто во споредба со истиот период минатата година, додека Националната здравствена служба (НХС) се соочува со „четирикратна епидемија“, јави денеска Скај њуз. – Веќе некое време имаше предупредувања за „тројна епидемија“ на Ковид, грип и РСВ (респираторен синцицијален вирус) оваа […]

Зошто некои луѓе умираат од обичен грип?


Тешките облици на сезонски грип може да резултираат со низа компликации, а во најтешките случаи може да завршат и со смрт, особено кога станува збор за пациенти чиј имунолошки систем е нарушен поради одредени болести или поради подоцнежна возраст. Секоја година, на пример во САД, околу 8 отсто од населението се разболува од оваа заразна […]

Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани, досега пријавени над 71 илјада лица


За вакцинација против сезонски грип досега се пријавиле над 71 илјада граѓани, што покажува голем интерес на луѓето да се заштитат од компликации. Во пунктовите за вакцинација досега се вакцинирани над 50 илјади лица, информираат попладнево од Министерството за здравство. – Исто така, во центрите за хемодијализа се вакцинирани илјада, а во домовите за стари […]

Нови 163 случаи на грип и слични заболувања изминатата недела, најмногу во Гостивар


Во текот на 13. недела од 2024 година – од 25 до 31 март, во државава се пријавени 163 случаи на групни пријави за заболени од грип или заболувања слични на грипот, што претставува 38,5 проценти помалку во споредба со претходната недела, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Кога станува […]

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица


Во државава од 11 до 17 месецов се пријавени 253 случаи на групни пријави за заболени од грип, односно заболувања слични на грип, што е за 40,7 проценти помалку во споредба со претходната недела. Како што стои во Извештајот на Институтот за јавно здравје за состојбата со грип во земјава за 11-та недела, бројот на пријавени лица […]

Нови 427 случаи на грип од 4 до 10 март, најмногу во Кавадарци


 Во текот на десеттата недела од 2024 година, од 4 до 10 март, во државава се пријавени 427 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип. Тоа претставува 33,4 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со десеттата недела од минатата сезона, е […]

Се намалува бројот на заболени од грип


Во текот на осмата недела од 2024 година (19-25.02.2024), пријавени се 820 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 40,8% помалку во споредба со претходната седмица. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 8-ма недела од минатата сезона  е намален за 6,0%, а во споредба со бројот за 8-ма недела […]

Епидемија на грип во Албанија, се зголемува и бројот на заразени со морбили


Албанија е во епидемија на грип. Според Институтот за јавно здравје за една седмица се регистрирани  17.738 заразени случаи, јави Топ чанел. – По пријавените 16.130 случаи претходната, минатата недела се регистрирани 1.608 случаи повеќе. Но, оваа бројка е уште поголема бидејќи голем дел од граѓаните ниту одат на лекар, ниту се вклучени во пријавените […]

Пораст на заболени од грип – Ресен, Кавадарци и Кратово со многу висока активност на вирусот


 Повторно е регистриран пораст на заболени лица од грип во државата, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во три извештајни единици што пријавиле случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во осум сезонска, во 12 средна, во Дебар – висока и во три – Ресен, Кавадарци, Кратово […]

Во Бугарија речиси во половина држава прогласена епидемија на грип


Во бугарските градови Велико Трново и Јамбол од денеска е прогласена епидемија на грип. Мерките ќе останат во сила до 5 февруари, соопштија здравствените власти. Од среда епидемија на грип е најавена и за Шумен и Перник. Бугарските медиуми јавија дека речиси во половина од државата е прогласена епидемија на груп. Јамбол и Велико Трново […]

Внимавајте на срцето откако ќе прележите грип


Кај пациентите кои прележале грип зголемен е ризикот од срцев удар за шест пати, покажаа најновите истражување. Ризикот од срцев удар е посебно изразен кај пациенти од третото доба во животот, стои во извештајот од истражувањето објавен во списанието New England of Medicine. „Истражувањето е значајно бидејќи упатува на тоа колку е важно да се […]

Препорака да се носат маски во здравствените и домовите за згрижување стари лица


Комисијата за заштита од заразни болести на редовен состанок денеска утврди дека поради сезонските респираторни проблеми, сите кои се чувствуваат болни треба да носат маски, а препорака е маски да се носат во здравствените институции и во домовите за заштита на стари лица.  Претседателот на Комисијата Александар Петличковски во изјава за медиумите дадена по седницата […]

ИЈЗ: Зголемен бројот на заболени од грип


Во текот на првата недела од 2024 година, од 1 до 7 јануари, во земјава се пријавени 1.025 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип. Тоа е 2,5 пати повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со прва недела од минатата сезона, е зголемен за 24,8 […]

Што да јадете кога сте настинати? Овие намирници го зајакнуваат имунолошкиот систем


Имајќи предвид дека сезоната на настинки и грип е во полн ек, покрај чаевите и лековите, постојат и одредени намирници кои можат да му помогнат на вашето тело да закрепне. Нутриционистот Ријанон Ламберт за The Sun откри дека покрај омилената пилешка супа, има уште неколку намирници кои можат да ви помогнат да го зајакнете имунолошкиот […]

Пет места каде веројатноста да добиете грип e поголема


Зима е, па постои и поголема закана од грип или вирусна инфекција. Според Националниот институт за здравје (НИХ), од вирус на сезонски грип само во САД се хоспитализираат повеќе од 200.000 луѓе, додека 36.000 луѓе годишно умираат од него. Вообичаени симптоми на грип вклучуваат треска, кашлица, замор и болки во мускулите, а компликациите може да […]

За вакцинација против сезонски грип досега пријавени 58.012 граѓани, вакцинирани над 29.000


За бесплатна вакцинација против сезонски грип досега се пријавени 58 012 граѓани. Во центрите за јавно здравје и здравствените домови континуирано се врши имунизацијата против сезонски грип и досега се вакцинирани над 29 000 граѓани, информира Министерството за здравство. Со бесплатна вакцинација се опфатени ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, […]

Браун: Грип, Ковид, бронхиолитис, штрајк… здравствениот систем на Франција се соочува со „недела на сите опасности“


При посетата на болничкиот центар во Анеси, францускиот министерот за здравство Франсоа Браун уште еднаш алармираше за кризата во болницата која се соочува со недостиг на кадар, тројна епидемија и штрајк на либералните лекари, јави дописникот на МИА од Париз. „Оваа недела, обележана со празниците на крајот на годината, ќе биде онаа на сите опасности […]

Американската администрација ослободува лекови од националните резерви поради премногу болни од грип


  Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден соопшти дека поради прераното појавување на грипот, ќе пушти одредени дози на лекови за грип на рецепт од Стратешките национални залихи во државите чии жители сè уште ги полнат лекарските ординации низ земјата. Локалните медиуми јавија дека луѓето кои сакале да земаат лекови без рецепт поради зголемениот број […]