Ова е планот на Европа за одбрана на Гренланд. Има четири опции: една предвидува праќање војска


Заканите на Доналд Трамп за преземање на Гренланд повеќе не се сметаат за обична реторика од страна на европските влади, туку за сериозна можност. Политичката елита, која до неодамна ги игнорираше зачестените изјави на американскиот претседател, сега очајно бара начин да го запре, пишува Политико . Ситуацијата е алармантна, потврдија дипломатски извори од ЕУ. „Мора […]

Отворена закана: Белата куќа вели дека користењето на американската војска е „секогаш опција“ за преземање на Гренланд


Белата куќа во вторник соопшти дека претседателот Доналд Трамп разгледува низа опции за преземање на Гренланд, јасно ставајќи до знаење дека употребата на американската војска не е исклучена. „Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека преземањето на Гренланд е приоритет на националната безбедност за Соединетите Американски Држави и дека одвраќањето на нашите противници во арктичкиот […]

Главните европски лидери во одбрана на Гренланд и Данска по заканите на САД


  Еден од главните помошници на Доналд Трамп го засили притисокот врз Данска со тоа што го доведе во прашање правото на Копенхаген врз Гренланд, додека лидерите од големите европски сили застанаа зад арктичката територија. Стивен Милер, заменикот-шеф на кабинетот на американскиот претседател за политика, исто така тврдеше дека нема да биде потребна воена интервенција […]

Економист: САД сакаат да му понудат на Гренланд договор за слободна асоцијација


САД сакаат да му понудат на Гренланд договор за слободна асоцијација сличен на оној што Вашингтон го има со некои мали земји во Тихиот Океан, објавува „Економист“. Британскиот весник наведува дека американските претставници разговарале за можноста да му понудат на островот таканаречен Договор за слободна асоцијација (COFA), модел на соработка што би му овозможил на […]

Данците се убедени дека знаат како Трамп би се обидел да го освои Гренланд. Ова е сценариото


Данските функционери веруваат дека има подготвено сценарио во кое Доналд Трамп би можел да се обиде да го преземе Гренланд. Во доцноноќен пост на Truth Social, претседателот објавува дека данската територија сега е американски „протекторат“. Бидејќи ниту Данска ниту нејзините европски сојузници немаат воена моќ да ги спречат САД да ги заземат островите, тие се […]

Американскиот напад на Гренланд ќе биде крај за НАТО, вели премиерката на Данска


  Нападот на Соединетите Американски Држави врз сојузник на НАТО би значел крај и на воениот сојуз и на „безбедноста по Втората светска војна“, предупреди данскиот лидер, откако Доналд Трамп повторно се закани дека ќе го преземе Гренланд. Свеж по воената операција во Венецуела, американскиот претседател во неделата изјави дека на САД им е „многу […]

Трамп: Сами проценете што значи акцијата во Венецуела за Гренланд. Ни треба Гренланд


Претседателот на САД, Доналд Трамп, во телефонско интервју за „Атлантик“, што се одржа кратко по пристигнувањето во неговиот голф клуб во Вест Палм Бич, повтори дека Венецуела можеби не е последната земја изложена на интервенција на САД. „Апсолутно ни треба Гренланд“, рече Трамп, опишувајќи го островот, кој е дел од Данска, како област „опкружена со […]

Сопруга на советник на Трамп објави мапа на Гренланд и напиша – наскоро, Данска вознемирена


Отако САД го заробија венецуелскиот претседател Николас Мадуро вчера, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација ќе „ја води Венецуела“ сè додека не се изврши транзиција на власта. Изјавата, како и самата воена интервенција, предизвика загриженост дека Трамп би можел да го насочи своето внимание кон други делови од светот. Особено се зголеми загриженоста […]

Неверојатен настан во Гренланд: Вода пробива километри мраз


Огромна количина вода од топење на мразот што се насобрала под ледената покривка на Гренланд во 2014 година предизвикала поплава од таков обем што пробила десетици метри цврст мраз, пробивајќи ја површината и испраќајќи вода на отворено, пишува ScienceAlert. Ова е прв пат научниците да документираат таков феномен во Гренланд, што дава нови сознанија за […]

Макрон денеска во посета на Гренланд како знак на европско единство и за да испрати јасна порака до Трамп


Како знак за растечкото значење на Гренланд, францускиот претседател Емануел Макрон денес ќе го посети овој арктички остров, потег што експертите го сметаат за демонстрација на европско единство и сигнал до американскиот претседател Доналд Трамп. По неговото пристигнување во главниот град Нук утрово, Макрон ќе биде пречекан од студено и ветровито време, но и покрај […]

Калас: За иднината на Гренланд треба да одлучуваат Гренланѓаните


Секоја одлука за иднината на Гренланд треба да ја донесе гренладскиот народ, затоа што единствениот начин да се одржи глобалниот поредок базиран на правила е целосно почитување на принципите на суверенитет, територијален интегритет и неповредливост на границите, порача вечерва високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во обраќањето пред европратениците […]

Трамп: Навистина ни треба Гренланд. Не исклучувам воена акција


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не ја исклучува можноста за воена акција за преземање на Гренланд, остров богат со природни ресурси што ѝ припаѓа на Данска, но има широка автономија. „Не исклучувам ништо“, рече Трамп во интервју за NBC, а потоа додаде: „Не велам дека ќе го направам тоа, но не исклучувам ништо“. „Навистина […]

„Њусвик“: САД треба да платат околу 2,2 милијарди долари за да го купат Гренланд


 САД треба да платат околу 2,2 милијарди долари за да го купат Гренланд, се пресметките на неделникот „Њусвик“ базирани на понудата на Хари Труман од 1946 година, која денеска би вредела околу 1,6 милијарди долари. Труман тогаш на Данска и понудил 100 милиони долари в злато, или 1.6 милијарди долари во денешна противвредност. Дополнително, администрацијата […]

Новиот парламентарен состав на Гренланд започна со работа во услови на американски интерес за островот


Новиот состав на Парламентот на Гренланд денеска го одржа своето прво заседание по изборите во март, во услови на зголемен надворешен притисок, откако претседателот на САД, Доналд Трамп, неколкупати изрази интерес за преземање контрола врз полуавтономната данска територија. Јенс-Фредерик Нилсен, 33-годишен лидер на партијата „Демократи“, кој повика на политичко единство против надворешниот притисок, стана најмладиот […]

Белата куќа анализира колку би ги чинело САД преземањето на Гренланд


Белата куќа подготвува проценка за тоа колку би ја чинело федералната влада да го контролира Гренланд како територија, тврдат три лица запознаени со ова прашање, пишува Вашингтон пост. Ова е досега најконкретен обид желбата на претседателот Доналд Трамп да го преземе данскиот остров да се претвори во ефективна политика. Додека барањата на Трамп предизвикаа меѓународен […]

Премиерот на Гренланд: Трамп вели дека САД ќе го заземат Гренланд. Ќе бидам јасен – нема.


Соединетите Држави нема да го преземат Гренланд, изјави премиерот Јенс-Фредерик Нилсен како одговор на изјавите на Доналд Трамп дека сака да ја преземе контролата врз големиот арктички полуавтономен остров. „Претседателот Трамп рече дека САД ќе го заземат Гренланд. Сакам да бидам јасен: САД нема да го добијат. Ние никому не припаѓаме. Ние самите ја одредуваме […]

Гренланд формира нова влада неколку часа пред доаѓањето на Џеј Ди Венс


  Четири од петте партии во парламентот на Гренланд денеска потпишаа коалициски договор, во очигледна демонстрација на единство пред американскиот интерес за островот, објавија локалните медиуми. Новата влада има контрола на 23 од 31 мандат во новиот парламент. Новиот премиер, Јенс-Фредерик Нилсен, уште еднаш ги отфрли плановите на Трамп да ја преземе контролата врз островот, […]

Џеј Ди Венс во петок ќе го посети Гренланд


Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави дека во петок ќе го посети Гренланд придружуван од висока американска делегација. „Со нетрпение очекувам да го посетам Гренланд во петок“, напиша Венс на Икс. Во посета на Гренланд ќе биде и сопругата на Венс, Уша Венс, како и американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц. 

Премиерот на Гренланд му порача на Трамп: Доста е!


Премиерот на Гренланд во заминување Муте Егеде најави дека ќе свика состанок со лидерите на сите партии за да испратат заеднички и остар одговор на најновите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за анексија на островот. „Претседателот на САД повторно јавно зборува за тоа да нè анексира. Доста е!“, напиша Егеде на Фејсбук. Претходно денеска, […]

Егеде: Не сакаме да бидеме Американци или Данци, ние сме Гренланѓани


Премиерот на најголемиот остров на светот денеска изјави дека неговите жители не сакаат да бидат „ни Американци, ниту Данци, туку Гренланѓани“. -Ние не сакаме да бидеме Американци или Данци, ние сме Гренланѓани, рече Муте Егеде еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази интерес за преземање на таа автономна територија во рамките на Данска. […]