Подготовки за менување на таблата со новото име на граничните премини


Менувањето на таблите со новото уставно име на државата почнува од граничните премини. На преминот „Богородица“ веќе е пристигната таблата со новото име на државата, а денеска почнаа и подготовки за смена на таблите. Откако Грција го ратификува протоколот за НАТО, земјава и официјално ќе се именува како Република Северна Македонија, а Владата веќе почна […]

На јужната граница пристигнаа нови 30 унгарски полициски службеници


Триесет и четвртиот унгарски полициски контингент составен од 30 полициски службеници пристигна вчера во Дојран, соопшти унгарската Амбасада во Скопје. Од почетокот на заедничките активности на јужната граница во 2016 година, повеќе од 700 унгарски полициски службеници дoсега веќе служеле во Македонија. -Унгарија е посветена да им помогне на локалните власти во борбата против нелегалната […]

Меј: Непоколеблива сум, без тврда граница меѓу двете Ирски


Британската премиерка Тереза Меј изјави дека е „непоколеблива“ нејзината посветеност да не додје до примена на таканаречената „тврда граница“ меѓу двете Ирски. Меј вчера во Белфаст рече дека дека многумина во Северна Ирска и Република Ирска се загрижени, откако британските пратеници го отфрлија договорот за Брегзит. Би-Би-Си потсетува дека клучниот камен на сопнување е таканаречениот […]

Албанија и Косово со заеднички контроли на граничните премини


Од први јануари на граничните премини меѓу Албанија и Косово ќе функцонираат заеднички контроли. Одлука за тоа донесе албанската влада, која министерот за внатрешни работи Сандер Леши ја оцени како „многу значајна промена на границата со Косово“. Значајни промени во граничното управување со Косово. Двојните контроли се отстранети. Полициите на двете земји заеднички ќе вршат […]

Влада: Кризната состојба на јужната и на северната граница поради мигрантите да продолжи до јуни 2019


Владата предлага до 30 јуни 2019 година да биде продолжена кризната состојба на јужната и на северната граница со цел превенирање и спречување влез и транзитирање мигранти на територија на Република Македонија. Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање […]

Европската комисија прифати корекција на границата Србија – Косово


Брисел би требало да го прифати договорот меѓу Србите и Албанците со кој би се решил долгогодишниот проблем со Косово, изјави европскиот комесар Јоханес Хан, пренесе Еуроактив. – Се работи за билатерално решение што не може да се користи како пример за други прашања, изјави тој во Виена, јави Танјуг. Во анализата Еуроактив се наведува […]

На Табановце се чека половина час, на Богородица до 15 минути


На граничниот премин Табановце попладнево за излез од државата се чека половина час, а на граничниот премин Богородица околу 10 до 15 минути, соопшти Авто-мото стојзот на Македонија. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги чекања за влез и за излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини […]

Зголемен интензитетот на сообраќајот на Евзони, но и во земјава


На грчко македонската граница, на граничниот премин Евзони за излез од Грција денеска се чека околу два часа. На границата се формирани неколку колони возила од кои најмногу се со македонски и српски регистарски таблички. Забележливи се и туристи од Босна и Херцеговина, Романија и Унгарија кои денеска заминуваат од Грција. На грчката граница, заедно […]

На ГП „Богородица’ се чека 50 минути, на „Дојран“ половина час


На граничните премини Богородица и Дојран има зголемена фреквенција на возила и  времето на чекање е до 50, односно 30 минути. Од дежурната служба на ГП Богородица велат дека од македонска страна граничниот премин работи со полн капацитет и оти се пуштени сите шест ленти, но оти застојот е од грчка страна и засега не […]

Турција изгради бетонски ѕид на границата со Сирија


Турција ја заврши изградбата на бетонскиот ѕид во должина од 764 километри, долж границата со Сирија. Анкара го започна проектот за изградба на заштитниот ѕид во 2015 година, како дел од мерките за зајканување на безбедноста на границите и борбата против криумчарењето и незаконските гранични премини. Заштитниот ѕид е изграден од бетонски блокови високи три […]

Повторно одложена седница на косовскиот Парламент


Косовскиот Парламент и по денешниот трет обид не успеа да го ратификува Договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Само што почна, со задоцнување од неколку часови, дадена беше пауза по што беше соопштено дека координаторите на пратеничките групи, се договориле седницата да се одложи за следната недела, за да им се даде простор […]

Ратификацијата на границата во рацете на Српска листа


Претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весели, за утре во 11 часот закажа седнца на која на дневен ред е Ратификацијата на договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Врз основа на изјавите од политичките субјекти застапени во законодовниот дом, обезбедени се 78 гласови и тоа оние на Демократската партија, Демократскиот сојуз, Алијансата за иднината […]

Почнува примената на одлуката на Арбитражниот суд за границата меѓу Словенија и Хрватска


Љубљана/Загреб – Денеска истекува рокот за примена на арбитражната одлука за границата на море и копно помеѓу Словенија и Хрватска. Љубљана најави дека ќе почне примената на таа одлука, а Загреб се спротивставува на тоа и повикува на воздржување од каква било примена на еднострани мерки кои, како што предупредија, може да доведат до инциденти. […]

Мигранти ќе протестираат на македонско – грчката граница


Десетици баратели на азил се собраа во северниот грчки град Солун, по повикот објавен на социјалните мрежи за протест поради неможноста да заминат кон некоја од европските држави. Околу 80 луѓе, главно од Ирак и Сирија, меѓу кои и семејства со деца, се собраа денес на плоштадот во Солун пред закажаниот марш до границата. Некои […]