МВР во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров


Министерството за внатрешни работи информира дека во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров. -Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 14.11.2025 во 07:00 часот во кругот на Полицискиот центар во Ѓорче Петров во Скопје ќе бидат уништени гранати, за кои според стручна анализа е утврдено дека не може да […]

Во Прилепско пронајдени неексплодирани гранати од Прва светска војна


Во Прилепско пронајдени се неексплодирани убојни средства, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Конкретно, РЦУК Битола, известува дека од ДЗС Прилеп известиле дека по вчерашната пријава од ПС Прилеп за пронајдени НУС, биле излезени на терен и дека од страна на инспекторот и пиротехничар од ДЗС се извадени уште 13 минско-експлозивни средства, […]

Во Битола при ископ откриени 292 неексплодирни гранати од Првата светска војна


Во Битола при ископ на канал за инсталирање цевковод на топлификација, пронајдени се 292  гранати од Првата светска војна. Од Регионалниот ЦУК – Битола потврдија дека гранатите се откриени за време на градежни работи и се пријавени на Единствениот повикувачки број за итни повици 112. -Добиена е пријава за пронајдени неексплодирани убојни средства НУС на […]

Околу Прилеп најдени неексплодирани гранати од Првата светска војна


Регионалниот центар за управување со кризи – Битола информира дека вчера, по дојава на граѓани, од атарот на село Канатларци во општина Прилеп, безбедно се подигнати и отстранети една артилериска граната 155мм една мина од монофрлач 75мм и една рачна бомба. – Сите неексплодирани убојни средства се од Првата светска војна. Истите безбедно се пренесени […]

Во Липковско најдени неексплодирани гранати од конфликтот во 2001 година


Во неделата, во СВР Куманово било пријавено дека во село Отља, Липковско, при ископ за поправка на водовод, биле пронајдени седум неексплодирани гранати. Во понеделникот, екипа од СВР Куманово извршила увид, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, констатирал дека станува збор за гранати од рачен ракетен фрлач кои најверојатно потекнуваат од 2001 година. […]

Норвешките власти нарачаа нови залихи артилериска муниција


Норвешка нарачала нови залихи муниција, конкретно артилериски гранати во вредност од 2,6 милијарди круни (243 милиони евра), соопшти денеска Владата во Осло. Норвешкото Министерство за одбрана потпиша договор со националниот производител на муниција „Намо“, за кој односниот договор ќе значи можност за зголемување на сопствените производствени капацитети. „Постои нова геополитичка ситуација. Во Европа има војна […]

Две гранати пронајдени кај Калишта


На брегот на Охридското Eзеро кај струшкото село Калишта, вчера биле пронајдени две стари гранати. Увид и обезбедување на местото извршија полициски екипи а подигнувањето на гранатите, денеска ќе го изврши претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.

Во тетовска Шипковица при ископ пронајдени две вреќи со гранати


Во Полициското одделение Попова Шапка вчера околу 11 часот било пријавено дека при изведување градежни работи во тетовското село Шипковица, во центарот на селото на место викано „Порој“, при ископ со работна машина биле пронајдени две вреќи со гранати. По овластување на Јавен обвинител увид, информираа денеска од МВР, на местото извршила екипа од СВР […]

Пронајдени експлозивни направи во куќа во Велешта


Полициски службеници од Струга вчера при претрес во стара куќа сопственост на 76-годишниот В.К. од  струшкото село Велешта, пронашле десет гранати за рачен фрлач и еден испукувач „РПГ“. МВР информира дека пронајдените експлозивни направи биле подигнати и однесени во Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.