Пронајдена граната од Прва светска војна кај границата со Грција


Пиротехничарите на Дирекцијата за заштита и спасување предупредуваат дека пронајдената неексплодирана граната, кај границата со Грција, може да има смртоносен радиус до 150 метри и дека е доволен само еден удар за да дојде до нејзино активирање и експлозија. Конкретно, ДЗС информира дека денеска е пронајдена артилериска граната од 75mm од Првата светска војна во […]

Граната од 100 килограми најдена во Македонија


Во текот на вчерашниот ден во 13 часот во СВР Куманово било пријавено дека кај с.Псача, при изведување на градежни работи, била пронајдена авионска граната со тежина од 100 кг, која потекнува од Втората светска војна. Извршен бил увид, а од страна на Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната за понатамошна постапка. […]

Во прилепско пронајдена артилериска граната од Првата светска војна


– Во Прилепско била пронајдена артилериска граната од Првата светска војна, соопштија од Министерството за внатрешни работи. – Прилепчанецот Р.Ј., на возраст од 49 години, вчера во ОВР Прилеп пријавил дека на место викано „Плетвар“, прилепско, при ископ на темел за викенд куќа, пронашол артилериска граната калибар 75 мм. од Првата светска војна, појаснуваат од МВР. […]

Пронајдена граната во Вардар кај Велес


Во СВР Велес било пријавено дека кај местото познато како „Мало мовче“ во водите на река Вардар во Велес вчера во утринските часови рибар вадел граната, соопшти Министерството за внатрешни работи. – На 14.08.2022 година во 08.25 часот во СВР Велес било пријавено дека рибар кај место викано „Мало мовче“ од водите на реката Вардар […]

(Видео) Објавена снимка од рускиот ракетен напад врз Миколаев


Украинските државни служби соопштија дека три лица загинале во воздушниот напад утринава врз главната владина зграда во Миколаев. Досега, велат, од под урнатините во пристанишниот град се извлечени 18 преживеани. Скај наведува дека се верува дека нападот бил насочен кон локалниот лидер Витали Ким, но тој во тоа време не бил во зградата. На Твитер […]

(Видео) Момент кога паѓа граната во Киев


Русија утрово ги засили нападите врз Киев со воздушни напади кои беа насочени кон градот, додека борбите и артилерискиот оган беснеат околу предградијата. Во нападот на Киев утринава едно лице загина, три се хоспитализирани, а на девет им беше укажана помош на местото на настанот, откако ударот на гранатата за влакно го избегна пешак. Друг […]

(Видео) Маж се заканувал со граната во трговски во Москва


Полицијата во Москва трага по непознат маж кој со бомба се заканувал на безбедноста во големиот трговски центар „Метрополис“ во руската престолнина. Безбедносните сили го уапсиле поради кражба, откако извадил предмет кој личи на граната. Во тој момент стражарите побегнале, додека во трговскиот центар настанала паника и стампедо. Како што може да се види на […]

Пронајдена граната во дворот на британската амбасада во Белград


Денеска во дворот на амбасадата на Велика Британија во Белград работници пронашле граната, објави „Радио телевизија Србија“. На лице место биле упатени единици на српското Министертсво за внатрешни работи и по проверките било заклучено дека се работи за артилериски проектил кој не може да предизвика опасност, јавува репортерот на РТС. Проектилот бил однесен на друга […]

Обид за самоубиство пред ерменската Влада


Маж се обиде да се разнесе со граната пред зградата на Владата на Ерменија во Ереван, но безбедносните служби го спречија, соопшти денеска Националната безбедносна служба. Инцидентот се случи синоќа која 43-годишниот маж се обиде да влезе во зградата и да ја активира експлозивната направа. Мажот е уапсен и против него е поднесена кривична пријава. […]