Мобилизирани сите тимови во Штипската болница за помош на повредените од пожарот во Кочани


Роднини, пријатели родители, во голем број се пред Штипската клиничка болница, чекаат информации за здравбствената состојба на нивните деца. Мобилизирани се сите тимови во Штипската клиничка болница. Овде се и волонтерите на Црвен крст кои делат вода на присутните пред болницата. Повредените биле донесени со возила за итна помош од повеќе градови од источниот регион. […]

Хируршката клиника ,,Св. Наум Охридски” доби нова медицинска опрема


Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска ја посети Хируршката клиника „Св. Наум Охридски” по повод промоција на нова медицинска опрема за Одделот за урологија во рамки на активностите на Министерството за капитални инвестиции во инфраструктурата и во апаратурата што се одвиваат во повеќе клиники и болници. -Денеска во Градската болница промовраме два хируршки апарати, едниот […]

Тепачка во чекалната во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје


Полицијата извести дека вчера во 20.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје, по претходно недоразбирање во чекалната, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.С.(41) и М.Б.(37), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопјанец во обид да нападне лекар во Градска болница оштетил биро и компјутер


МВР информира дека рано утринава во 03.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода А.К.(27) од Скопје затоа што околу 01.10 часот во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ се обидел физички да нападне лекар кој бил на работното место, а оштетил едно работо биро и компјутер. Лицето било задржано во полициска […]

Почна бесплатната мамографија низ лавиринтите на јавното здравство


  Жените од возрасната група од 45 до 69 години кои не направиле мамографија последните две години, имаат право на бесплатна мамографија, која почна вчера. Мамографијата се извршува во повеќе здравствени центри во земјава, а една од нив е и клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, попозната како Градска болница. Мамографијата не […]

Остри реакции за новата Градска болница: Асоцијацијата на архитекти нема да бара конкурсот да се повлече


Асоцијацијата на архитекти (ААМ) нема да бара Министерството за здравство да го повлече конкурсот за избор на идеен проект за нова градска болница, како што бараат дел од архитектите според кои по конкурсот, така како што е направен, не може да се сработи квалитетен проект по кој би се градела болница што ќе функционира. Од […]