Утврдени тројца нови пратеници што ќе ги заменат оние кои станаа градоначалници


Тројца пратеници од актуелниот парламентарен состав се избрани за нови градоначалници. Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов по формалната собраниска процедура седнуваат во пратеничките фотелји на Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои беа избрани за градоначалници на локалните избори. Ова го констатираше Државната изборна комисија на денешната седница. Како што посочи […]

ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, „Вреди“ 9, СДСМ 6, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати


Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според резултати од двата круга на локалните избори, ќе има градоначалници во Скопје и во 53 општини. Втора по бројот на освоени градоначалнички места е коалиицијата „Вреди“ со девет. Коалицијата на СДСМ ќе има шест градоначалници, НАИ 5, а Движење ЗНАМ, Демократската партија на Турците и Унијата на Ромите, по еден […]

Скопје, Аеродром, Карпош, Центар и Шуто Оризари избираат градоначалници во втор круг


Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг. Градоначалници, во втор круг на Локалните избори 2025 денеска избираат граѓаните на Аеродром, Карпош, Центар, Шуто Оризари и на Градот Скопје. Шест скопски општини избраа градоначалници во првиот круг, од кои тројца добија втор мандат, и тоа акутелните градоначалници […]

Досега во прв круг избрани 11 градоначалници, ВМРО ДПМНЕ – 8, СДСМ, НАИ и ВРЕДИ по еден


Според досега целосно обработените резултати од гласањето, во 11 општини градоначалниците се избрани уште во првиот круг од локалните избори. Најмногу победи забележа ВМРО-ДПМНЕ, чии кандидати триумфираа во осум општини, СДСМ во прв круг засега победи во една општина, исто како и НАИ и ВРЕДИ. Победници од ВМРО ДПМНЕ се Славе Андонов во Василево (73,97%), […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници на ЗНАМ во Куманово и Центар


  Извршниот комитет на ВМРО-ДПМЕН, донел одлука за Куманово и Центар да се поддржат кандидатите кои ќе бидат предложени од коалициската партија ЗНАМ. ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Извршниот комитет утврди 16 нови кандидати за градоначалници за локалните избори закажани за 19 октомври.   Сопиште – Јане Мицевски Кичево – Александар Јовановски Крива Паланка – Оливер Алексовски Маврово […]

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници


Извршниот одбор (ИО) на СДСМ попладнево на седница даде согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државава за претстојните локални избори. Членовите на ИО донесоа одлука  Оливера Ливриниќ да биде кандидат за градоначалник на општина Бутел, Маја Хеско за Велес, Миле Атанасов за Гевгелија, Дејан Глинџарски за Делчево, Лазар Петров за Демир […]

Меџити официјално во трка за градоначалник на Чаир – ВЛЕН објави 14 кандидати


Денес Централното претседателство на ВЛЕН го одржа својот следен состанок и, меѓу другото, ги разгледа кандидатурите за претстојните локални избори. По овој повод, Претседателството на ВЛЕН заклучи дека примарна цел на овој субјект останува да предложи најприфатливи кандидати за граѓаните, градоначалници кои ќе им служат на нивните локални интереси, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. […]

Таравари ги објави кандидатите за градоначалници: За Гостивар – Лимани, за Сарај – Рамадани


Партијата Алијанса на Албанците, предводена од Арбен Таравари, ќе настапи со четворица свои кандидати на претстојните локални избори, кои треба да се одржат наесен. Одлуката за кандидатите била донесена на состанок на партиското раководство, кој синоќа се одржал во Тетово. Актуелниот градоначалник на Гостивар, Ваљбон Лимани, ќе се обиде да го освои вториот мандат, откако […]

ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за кандидати за градоначалници на претстојните локални избори


Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска напладне треба да одржи состанок на кој се очекува да биде одлучено и за кандидатот за градоначалник на Градот Скопје на претстојните локални избори.   Министерот за локална самоуправа Златко Перински во петокот на прес-конференција изјави дека очекувања за победа на претстојните локални избори се големи и базирани  се, како […]

ВМРО-ДПМНЕ соопшти 25 имиња за кандидати за градоначалници – за Скопје нема одлука


ВМРО-ДПМНЕ вечерва соопшти 25 имиња за кандидати за градоначалници за претстојните локални избори што треба да содржат на есен, но уште нема издефинирано име за градоначалник на Скопје, иако потврдија дека во игра се оние кои цело време се споменуваа: Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода и актуелниот министер за локална самоуправа Златко Перински. Имињата кои […]

(Видео)Кои се предлог-кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ


Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува седница, на која ќе се дискутира за предлози за кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори. По седницата во 21.00 часот ќе има изјава за медиуми пред Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. 

Хрватска: Загреб, Сплит и Риека ќе добијат градоначалници во вториот круг од локалните избори за две недели


Градоначалниците на најголемите градови во Хрватска, Загреб, Сплит и Риека, ќе се избираат во вториот круг од локалните избори, на 1 јуни, откако ниту еден од кандидатите на вчерашните избори не успеа да освои повеќе од 50 отсто од гласовите. Во Загреб во вториот круг очекувано влезе актуелниот градоначалник Томислав Томашевиќ, кандидат на обединетата левица, […]

Двајцата поранешни градоначалници на Кочани остануваат во куќен притвор, Апелација од Штип ги отфрли жалбите на Обвинителството


Кривичниот совет на Апелацискиот суд во Штип денеска ги отфрли како недозволени жалбите по однос мерката куќен притвор на двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиев, кои се дел од осомничените во истрагата за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во кој животот го загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени. Со […]

ВМРО – ДПМНЕ ќе почне со анкети за можни кандидати за градоначалници


На почетокот на февруари ќе ја започнеме процедурата со интерните анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните локални избори и успешно ќе ја завршиме, посочи денеска од Кочани премиерот и лидер ан ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -Се уште не сме почнале со реализирање на анкетите. До сега траеше внатрешно партиската и внатрешно коалициската […]

Мицкоски: Не смееме да дозволиме градоначалниците да станат локални владетели


  Не смееме да дозволиме градоначалниците да станат локални владетели, ниту пак статисти во процесите, туку фактори за развој и решавање на проблемите. Ова го истакна денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на годишната конференција за локална самоуправа и децентрализација во организација на Министерството за локална самоуправа, насловена „Кон одржлива локална самоуправа: предизвици, можности и […]

Работните групи работат на законските измени за отповикување на градоначалници на референдум


Претседателот на Заедницата на единиците на  локалната самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека работните групи работат на изготвување на законските измени на Законот за локална самоуправа со кои се очекува во одредеми случаи градоначалниците да можат да се отповикуваат на референдум пред да им заврши четиригодишниот мандат. – Тоа е тема која јас како […]

Перински чека „Вреди“ да иницира промени на законот за назначување градоначалници


  Уште нема никаква иницијатива за измена на законот за локална самоуправа со која ќе се овозможи назначување градоначалници пред завршување на нивниот мандат, во случај кога општините остануваат без градоначалник, затоа што тој добил друга функција за извршување.  По последните парламентарни избори, три општини во Македонија (Аеродром, Гостивар и Сарај) останаа без градоначалници, кои […]

(Видео) Изјави на скопските градоначалници за одземање на ингеренциите на ЈП за комунална хигиена и паркови и зеленило


Градоначалниците на скопските општини на денешниот координативен состанок донеле одлука да се достави предлог до Владата и до Министерството за животна средина да ги одземат ингеренциите на Јавните претпријатија за комунална хигиена и паркови и зеленило. Како што информираше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по денешниот координативен состанок, донеле одлука да побараат предавање […]

Координација на скопските градоначалници, во фокусот актуелните состојби во главниот град


На иницијатива на градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска во просториите на Општината ќе се одржи координација со скопските градоначалници. Темата на прес-конференцијата, како што е најавено, ќе бидат актуелните состојби во главниот град.  Премиерот Христијан Мицкоски вчера од Општина Аеродром порача институциите што се под надлежност на Град Скопје да си ја […]

Мицкоски сака на „елегантен начин“ да ја реши ситуацијата со градоначалниците кои станаа пратеници


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски денеска изјави дека по гласањето за новата влада ќе се посвети, меѓудругото, и на прашањето за измени на Законот за локална самоуправа бидејќи неколкумина градоначалници ќе станат министри во неговата влада. Мицкоски рече дека подобро е тоа да се реши на елегантен начин отколку да се трошат милиони […]