Mу се заканувал на градоначалникот на Кичево – заработи кривична


Маж на возраст од 57 години од Кичевско доби кривична пријава поради закани кон градоначалникот на Кичево. Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.Ј.(57) од село Раштани, Кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 20.02.2026 во угостителски […]

Ученици дискутираа за дебелината со градоначалникот и советници во Општина Центар


Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски ја отвори панел-дискусијата на тема „8 милијарди причини за дејствување против дебелината“, настан по повод 4 март – Светскиот ден на дебелината, што се реализираше во основното училиште „Кочо Рацин“, соопштија попладнево од локалната самоуправа. – Од стручен аспект говореа проф. д-р Антони Новотни и доц. д-р Александар Савески, […]

Мамдани денеска ја презема функцијата градоначалник на Њујорк


Демократот Зохран Мамдани, првиот муслимански избран градоначалник на Њујорк, денеска ја презема функцијата со четиригодишен мандат. Мандатот на противникот на американскиот претседател Доналд Трамп има значајна политичка и симболична вредност. Мамдани ќе положи заклетва кратко по полноќ по локално време во тесен круг луѓе, вклучувајќи ја и главната обвинителка на Њујорк Летиција Џејмс, заколната противничка […]

Победник на изборите за градоначалник е оној што добил повеќе гласови, ако не се изврши избор Владата именува повереник


Во 32 општини и во Градот Скопје денеска се гласа за градоначалници, а на три избирачки места во Шуто Оризари се повторува гласањето и за советници.   Во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови, а за градоначалник е избран кандидатот кој добил поголем број гласови. Според Изборниот законик, […]

ВМРО-ДПМНЕ без партиски кандидат за градоначалник на Кочани, ќе даде поддршка за Влатко Грозданов


ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги објави кандидатите за градоначалници за уште шест општини. За Кисела Вода, кандидат за градоначалник е Бети Стаменковска-Трајковска, а за Кочани, како што беше соопштено вечерва, ВМРО-ДПМНЕ ќе се обедини околу натпартискиот кандидат доктор Влатко Грозданов.  За Старо Нагоричане, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Мирослав Славковски, за Дојран – […]

(Видео) Објавена првата кандидатура за Кочани: Венко Крстевски како независен  ќе се бори за градоначалничкото место


На празникот Успение на Пресвета Богородица, вршителот на должност градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, објави дека ќе се кандидира како независен кандидат за прв човек на општината. Во своето обраќање тој порача дека Кочани заслужува безбедно, чисто и модерно секојдневие, управувано од волјата на граѓаните, а не од политички интереси. Крстевски истакна дека во изминатите […]

Атинскиот градоначалник до израелскиот амбасадор: Не прифаќаме лекции по демократија од оние кои убиваат цивили


Не прифаќаме лекции по демократија од оние кои убиваат цивили, напиша на Икс атинскиот градоначалник Харис Дукас, реагирајќи на интервјуто за „Катимерини“ на амбасадорот на Израел во Грција, Ноам Кац, кој рече дека градоначалникот не прави доволно за да ги заштити посетителите од одредени групи и не го чисти градот од графити поради кои израелските […]

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова


СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат на претстојните локални избори, а ќе го објави до крајот на јули. Во игра се Мишко Ралев и Каја Шукова, но има и уште двајца други кандидати, рече вечерва партискиот лидер Венко Филипче. Тој во „Само интервју“ на Канал 5 истакна дека не сака да шпекулира со […]

Радовишкиот градоначалник Ацо Ристов не сака втор мандат


  „Сакам да отстранам една дилема околу мојата евентуална кандидатура за нов градоначалнички мандат, зашто луѓето во Радовиш кои ме знаат ме прашуваат за тоа дали пак ќе се кандидирам за градоначалник, и јавно сакам да обелоденам дека немам намера да се кандидирам за нов мандат бидејќи имам други планови во животот“! Ова, за регионалната […]

Градоначалникот на Њујорк почна кампања за реизбор како независен кандидат


Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, денеска ја започна својата кампања за реизбор како независен кандидат, по изненадувачкиот успех на кандидатот за градоначалник Зохран Мамдани на демократските прелиминарни избори претходно оваа недела, објави „Ју-Ес њуз“. Адамс, кој ја напушти Демократската партија, не го именуваше Мамдани на почетокот на кампањата, но алудираше на некои од ставовите и […]

Кој е Зохран Мамдани, младиот муслиман кој се кандидира за градоначалник на Њујорк и го победи поранешниот гувернер


Американската политичка сцена полуде по Зохран Мамдани, кандидат за градоначалник на Њујорк кој за само неколку години од релативно непознат претставник стана ѕвезда на американската левица. 33-годишниот Мамдани, по потекло од Уганда и Индија, го победи поранешниот гувернер на Њујорк, Ендру Куомо (67) на демократските прелиминарни избори за градоначалник на Њујорк. Неговата победа дојде во […]

Филипче од Крива Паланка: Митовски ја доби поддршката за уште еден мандат за градоначалник


Актуелниот градоначалник на Крива Паланка, Сашко Митовски, е официјален кандидат за градоначалник на општината од редовите на Социјалдемократскиот сојуз, објави лидерот на СДСМ Венко Филипче на трибината “Мугра на слободата” што се одржа во центарот за култура Крива Паланка синоќа. – Крива Паланка е една од општините која претрпе најголема трансформација во последните години, а […]

Измените на Законот за локална самоуправа поминаа на Влада, законското решение ќе важи за новите градоначалници


 Предлог-измените на Законот за локална самоуправа денеска поминаа на владина седница. Со нив, меѓу другото се предвидува референдумско отповикување на градоначалници, воведување на комунална полиција и поголемо учество на граѓанскиот сектор во носењето одлуки на локално ниво. Предлог-измените ќе бидат испратени во собраниска процедура и доколку бидат донесени до летово ќе важат за новите градоначалници […]

Кривична за поранешен градоначалник на Лозово за пешачка патека исплатиле 3.300 евра


СВР Штип поднесе кривична пријава против А.В. (48) од Лозово, Т.Г. (51) од Скопје и Л.Л. (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во 2018 година, додека бил градоначалник на општина Лозово, А.В. овозможил на правно лице од с.Студеничани да се стекне со противправна […]

Новиот градоначалник на Кочани: Место 32 имаме 16 пожарникари!


Новиот градоначалник на Кочани, Венко Крстевски во својата прва прес-конференција вели состојбата во локалната управа и во самата општина е алармантна. -Една од првите одлуки што ќе ја потпишам е 3 милиони денари за несреќата во Кочани. Состојбата во локалната управа и во самата општина е алармантна. Затечена е хаотична состојба со нецелосни проекти. Таква […]

Избран нов градоначалник на Истанбул по апсењето на противникот на Ердоган


 Градскиот совет на Истанбул, каде што опозициската Републиканска народна партија има мнозинство, денеска избра вршител на должноста градоначалник, објави телевизијата НТВ, откако актуелниот градоначалник Екрем Имамоглу беше приведен под обвиненија за корупција што тој и неговите поддржувачи ги негираат. Градскиот совет, кој брои 314 членови, го избра Нури Аслан за привремен градоначалник со 177 гласа. […]

Во Турција протести поради притворањето на градоначалникот на Истанбул


 Илјадници студенти синоќа се собраа во кампусот на Универзитетот во Истанбул поради притворањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и покрај четиридневна забрана за јавни собири и протести до 23 март, со цел да се „одржи јавниот ред и да се спречат потенцијални провокации“. Протестите уследија по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и […]

Приведен градоначалникот на Истанбул


Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, утринава е приведен, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Претходно денеска, медиумите објавија дека е издадена наредба за негово приведување. Имамоглу, кој е од редовите на опозициската Народнорепубликанска партија (НРП), е мета на полициска истрага поврзана со сомневања за корупција и поврзаност со терористички организации. Полициски екипи го претресуваат неговиот дом, а […]

Избран нов градоначалник на Нови Сад


Градското собрание на Нови Сад го избра Жарко Миќин за градоначалник. За него гласаа сите 45 присутни советници, а опозицијата не учествуваше во работата. За заменик градоначалник е избран Ѓураѓ Јакшиќ, кој беше и заменик на претходниот градоначалник Милан Ѓуриќ, а беа избрани и градски советници. Како што изјави Миќин во своето излагање, еден од […]

Нови Сад избира градоначалник – се фрлаат јајца и се пробива кордонот полиција (видео)


Советниците од опозицијата во новосадското собрание беа спречени да влезат во зградата и да присуствуваат на седницата на која ќе се избира новиот градоначалник. Граѓаните фрлаа со јајца кон полицајците, а советниците се обидоа да го пробијат кордонот пред влезот. Голем број полицајци, кои беа внатре од рано изутрина, излегоа од зградата на Собранието и […]