Советниците од СДСМ бараат вонредна седница и мораториум на градби по трагедијата на градилиштето во Кисела Вода


Советниците на СДСМ бараат вонредена седница на советот, итни мерки и одговорност по трагедијата во Кисела Вода. „Оваа трагедија не смее да биде само уште една вест што ќе помине без одговорност. Таа отвора сериозни прашања за безбедноста на градежните активности, за почитувањето на прописите и за улогата на институциите. Токму затоа, денес поднесовме барање […]

Казнети четири градилишта во општина Центар


Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, информираат од локалната самоуправа. Како што велат, во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, […]

Аеродром казни градилиште – со валкани гуми на камиони излегувале на улица


Општина Аеродром изрече парична глоба од 1.000 евра за фирмата и 300 евра за управителот поради прекршување на Законот за јавна чистота.    При контрола на градилиште во близина на ПС Аеродром во Ново Лисиче, инспекторите утврдија дека возила со валкани гуми влегувале во сообраќај, со што се нарушува чистотата на околината и се прекршуваат […]

Белчева се жали на окупираните тротоари во Центар од активните градилишта: „Важно се гради, луѓето можат и по коловоз”


Јана Белчева од Шанса за Центар синоќа во објава на Фејсук се пожали за состојбата со тротоарите од активните градилишта и безбедноста на луѓето што се движат, особено за децата. Во прилог на својата објава, таа сподели и повеќе фотографии од активни градилишта низ општина Центар каде се гледа дека во делот пред објектот во изградба, […]

Лим од градилиште падна врз велосипедист во Скопје


Полицијата со детали за инцидентот кој се случи утрово на пешачка патека во Скопје. – На 15.07.2025 околу 7.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачката патека на ул. “Даме Груев” во Скопје, додека С.П. (64) се движел со велосипед, врз него паднал лим од заштитна ограда со која е оградено градилиште. С.П. […]

Кривични пријави за сите градежници откако багерист загина на градилиште во Центар


Министерството за труд и социјална политика заедно со Државниот инспекторат за труд заради  објективно информирање на јавноста  го издава следното соопштение во врска со случената пријава за несреќа при работа со фатална последица што се случи на ден 17.11.2023 година на градилиште  лоцирано на ул. „Пиринска“ бр. 31, Скопје во кој животот го загуби градежниот […]

Несреќа на градилиште во Германија: Има загинати и затрупани работници


Најмалку пет работници загинале утрово на градилиште во германскиот град Хамбург. Како што пренесува „Билд“, несреќата се случила околу 9 часот и 10 минути кога скелиња се срушиле на неколку ката, при што биле затрупани најмалку осум работници. Од големото градилиште во моментов се евакуираат околу 700 градежни работници. На терен се неколку возила на […]

Продолжуваат зачестените контроли на градилиштата во Центар


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска заедно со општинските и инспекторски служби изврши инспекторска контрола на седум градилишта во Општината. Како што посочи, Општината продолжува со контролите со цел директен увид во изведувањето на градежните работи и почитување на законските прописи. Герасимовски: Продолжуваат зачестените контроли на градилиштата, инвеститорите да градат според одобренијата -Заедно со […]

Протерани странски работници оти работеле без дозвола


Во средата, инспектори за странци при Регионалниот центар за Гранични работи Југ во координација со Државниот инспекторат за труд извршија контрола на градилиште во Велес. При контролата биле затекнати три турски, двајца албански и еден косовски државјанин, кои работеле како градежни работници на објектот без да поседуваат работни дозволи. Државниот инспекторат за труд презел соодветни […]

Герасимовски: Трикратно зголемени градежните инспекциски контроли


Градежните инспекторски служби и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска во обиколка на градилиштата во општината. Во изминатиот период Општина Центар спроведува зачестени инспекторски контроли, а според извештајот на градежниот инспекторат за изминатиот месец и половина изречени се 37 записници за инспекторски надзори, 10 решенија за отстранување, 10 заклучоци за дозвола за извршување како […]

Изречени казни од 12.500 евра за градилиштето зад Универзалната сала


Градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар денеска изрече пет казни на инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“ и изведувачот „Арадико Коп ДООЕЛ увоз извоз“, во вкупен износ од 12.500 евра во денарска противвредност, за небезбедното градилиште. Ова градилиште неколку пати беше затворено од градежната инспекција, но инвеститорот на своја рака ги отстрануваше заштитните инспекциски […]

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“


Градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, денес (7.12.2022), изврши вонреден инспекциски надзор и затвори градилиште на булеварот „Никола Карев“. При надзорот, констатирано е дека се работи за непознат инвеститор и се гради објект за кој нема издадено одобрение за градба од страна на општината. Градежниот инспектор по увидот и затворањето на […]

Казни за градежен шут


Градските комунални инспектори во рок од една недела изрекле шест казни за комунална хигиена. Три од казните се на физички лица за фрлање градежен шут, а две физички лица биле казнети поради палење оган на отворено. Од Град Скопје информираат дека во рамките на интензивираната контрола на градилиштата едно приватно лице било казнето поради нечисти […]