ДЗР: Од 2018 година со Државниот инспекторат за градежништво раководат В.Д. директори


Откако во 2018 година, само три месеци Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам бил раководен од директор со Решение, и тоа само три месеци, во оваа установа се смениле повеќе директори кои имале статус на вонредни директори, констатира Државниот завод за ревизија, иако законски е дозволено само шест месеци институциите да имаат В.Д. дирекот, до […]

Податоците за растот на градежништвото се фантастични, вели Николоски


Податоците за раст на градежништвото од 14,6 проценти во последниот квартал лани се многу охрабрувачки, даваат силен сигнал за стопанството, сигурност, но и поттик за идни инвестиции, што ќе придонесе за уште поголем раст на БДП во идниот период, оцени вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел дискусијата „Раст на економијата – економска […]

Градежништвото главен двигател на ланскиот раст на БДП


Бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2025 година порасна за 3.8 % во однос на истиот период од 2024 година. Стапката на раст на БДП во 2025, пак, во однос на 2024 година е 3.5 %, соопшти Државниот завод за статистика. Во четвртото тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите Градежништво од […]

Пад на обемот на градежништвото во ЕУ во мај


Градежниот сектор во ЕУ во мај годинава бележи пад од 1,0 отсто споредено со претходниот месец, додека во Еврозоната се намали за 0,9 проценти, соопшти денеска Европската статистичка служба – Евростат. Во април 2024 обемот на градежништвото на Еврозоната на месечно ниво се намали за 0,4 отсто, а на ниво на цела ЕУ остана непроменето. […]

Полека, но сигурно се рушат стереотипите дека градежништвото е машка професија


Градежништвото генерално важи за машка професија. Интересот за оваа струка кај жените е помал, но, полека и сигурно се рушат стереотипите. Во последната деценија се забележува пораст на жените на раководни позиции во оперативата. Ивана Димитрова од АД „Гранит“, експерт за изградба на мостови, која е и претседателка на Секцијата на жени при Сојузот на […]

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување


Во четвртото тримесечје од 2023 година во споредба со третото тримесечје од 2023 година трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 3,2 отсто, трошоците за материјали се пониски за 1,5 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 11,2  процента. Како што соопшти Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од […]

Бочварски: Правиме рестарт на градежниот сектор


Министерството за транспорт и врски е силно посветено на унапредување на целиот градежен сектор и во таа насока се движи нашата соработка со сите комори и асоцијации, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на годишна конференција на архитекти и планери од државата и странство што се одржува во Битола. На собирот организиран од […]

Иновации во реновирањето на домот и нивните главни предности


Кога станува збор за прилагодување на просторот за живеење однадвор и внатре, можностите за промена можат да бидат различни и неограничени. Конечната одлука зависи од повеќе фактори и критериуми, како и од конечната цел што треба да се постигне. А можностите и идеите за уредување и адаптација секојдневно се прошируваат и усовршуваат во согласност со […]

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за домување


Во второто тримесечје годинава, во споредба со првото тримесечје, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1.5 %, трошоците за материјали се пониски за 1.4 %, а трошоците за вработените се повисоки за 7.1 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во второто тримесечје од 2023 година, во споредба […]

Градежниците гневни: Две милијарди евра за странски компании, домашниот сектор е пред затворање


  Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) и Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали при Стопанската комора  бараат итна средба во Владата, бидејќи, како што велат, состојбата во градежништвото е алармантна – домашните компании се соочуваат со потешкотии во работењето затоа што големите инфраструктурни проекти ги добиваат странски компании, а голем […]

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување за една година се зголемиле за 22,4  отсто


  Во четвртиот квартал од 2022 година, во споредба со претходниот третиот квартал трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 3,4 проценти, за материјали за 2,6 проценти, а трошоците за вработените за 5,1 процент. Како што објави Државниот завод за статистика, во четвртиот квартал лани во споредба со истиот квартал […]

Урбанизмот и градежништвото најподложни на корупција


 Урбанизмот и градежништвото се најподложни на корупција, правосудството не постапува доволно, а граѓаните сметаат дека корупцијата е поголем проблем, дури и од проблемот со невработеноста, истакнаа учесниците на денешната панел дискусија на тема „Корупцијата во урбанизмот и градежништвото“, организирана од Коалицијата „Сите за правично судење“ . На дискусијата која беше отворена и на која граѓаните […]

Трошоците во градежништвото повисоки за 7,5 отсто, за материјали за 10


Во првото тримесечје од годинава, во споредба со четвртото тримесечје од 2021-ва, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 7,5 проценти, за материјали за 10 проценти, а за вработените за 2,3 проценти, објави денеска Државниот завод за сттаистика. Во споредба со првото тримесечје од 2021 година, пак, трошоците во градежништвото […]

Студија: Градежништвото е сериозен учесник во загадувањето


Согорување на биомасата претставува најголем извор на загадување на амбиенталниот воздух и тоа придонесува за надминување на дозволените гранични лимити на суспендираните цврсти честички, но постојат и други значајни извори коишто можат и мора да се решаваат, дури и во пократок временски рок. Тоа се, пред се согорувањето на нафтата и мазутот во разни процеси […]

Намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за поскапените градежни материјали, бараат градежниците


Намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто при увоз на градежни материјали за кои ќе докажат дека се поскапени и доследно спроведување на Законот за облигациони односи во членот 656 за материјали чие поскапување битно влијае на компаниите или на граѓаните, побараа од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската […]

Квалитетна градба и сигурна инфраструктура фактори за развој на градежништвото


Препознавање на квалитетна градба, важност од сигурна инфраструктура која ќе ја користат многу генерации, како и регионално поврзување на градежните компании за реализација на регионални проекти се трите важни аспекти во функција на развој на градежниот сектор, беше истакнато на денешната прес конференција на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК). Претседателот на Градежната комора […]

Скопје нападнато од четири страни


Мегаломански градежни проекти го сардисаа Скопје. Истовремено се гради на десетина локации кои го заокружуваат централното градско подрачје, а во најава е и отворање на нови градежни фронтови. „Ист гејт“ го заменува Скопскиот саем, „Дајмонд Скопје“ ќе се залепи на Старата железничка станица, паркингот наспроти „Холидеј ин“ ќе стане станбено-деловен комплекс, а градежните машини се […]

НАТО еуфоријата овој пат нема да ги поскапи становите


Цените на становите во центарот на Скопје нема да поевтинат, но во другите општини цената на становите ќе паѓа. Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали од Стопанската комора на Македонија смета дека во наредниот период купувачите ќе ја одредуваат цената на становите, затоа што има многу слободни станови, а намалување на издадените […]

На пазарот има 3.600 непродадени стана, а ќе се градат уште илјада


И покрај политичката криза, која доведе до стагнација на економијата, изградбата на станови продолжува да расте. Државниот завод за статистика објави дека само во октомври се издадени 400 нови градежни дозволи кои предвидуваат изградба на нови 929 стана. Статистиката покажува дека сега Општина Карпош е општина лидер по изградба на нови станови. За разлика од […]

Автопатите за Приштина и за Тирана се уште се на стенд бај


Ниту следната година нема да започне изградбата на автопатите кон Косово и до Албанија. Иако беа најавувани како еден од стратегиските проекти на новата влада, во буџетот на Министерството за транспорт и врски следната година нема обезбедено средства за автопатско поврзување со Приштина и со Тирана. Автопатот од Приштина до македонската граница е речиси изграден […]