Филмски грабеж во Италија: Крадци носеле маски со ликови од познати актери


Неколку вооружени мажи ограбиле банка во Неапол, Италија носејќи маски од познати актери и држеле 25 лица како заложници пред да избегаат низ канализациски тунел. Инцидентот се случил во четврток околу 10 часот по локално време во филијала на банката, а разбојниците ги ограбиле сефовите на банката од кои зеле накит, пари и вредни предмети […]

Еден од украдените накити пронајден во близина на Лувр


Еден од скапоцените камења украдени од Лувр во Париз утрово за време на спектакуларна кражба е пронајден во близина на музејот, објави францускиот министер за култура. „Скапоцениот камен е пронајден во близина на Лувр, моментално се проценува“, изјави Рашида Дати за телевизијата TF1, додавајќи дека „организираниот криминал сега ги таргетира уметничките дела“  и дека „музеите […]

Со автоматско оружје попладнево ограбена златарница во Гостивар


СВР Тетово истакна дека денеска (10.10.2025 година) во 18:45 часот во СВР Тетово, В.П. од Гостивар пријавил дека четири маскирани лица со автоматско оружје извршиле разбојништво во златара во близина на малиот пазар во Гостивар, по што со патничко моторно возило „бмв”  без регистарски таблички побегнале. Разбојниците, за да го отежнат движењето на полициските екипи, […]

Филсмски грабеж во Атина: Украделе 15 вреќи со пари, па фрлиле боја врз шофершајбната и ги дупнале гумите


Околу еден милион евра, според првичните неофицијални информации на грчките медиуми е „пленот“ на четворица вооружени и маскирани лица кои попладнево во атинско предградие ограбиле комбе што пренесувало пари, јави дописничката на МИА од Атина. Грабежот се случил пред позната продавница за играчки, каде што бил паркирано комбето. Како што пишуваат грчките медиуми, маскираните лица […]

Вооружен грабеж на банка во Илинден


Ограбена банка во скопската населба Илинден. Според првичните информации одземена е голема сума на пари, а осомничениот бил маскиран и вооружен. Во настанот нема повредени лица. Идентитетот на ограбувачот е непознат, а според очевидци тој со парите избегал во непознат правец. Во моментов полицијата врши увид, а официјални информации за настанот од МВР се очекуваат […]

Оружен грабеж на банка во Аеродром


Филијала на една банка во Аеродром, утрово била ограбена, откако вооружен крадец со закана одзел пари од вработените. На 15.09.2023 во 09.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.35 часот во филијала на банка на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, едно лице со закана со пиштол одзело пари од вработените, соопшти МВР. […]

Голем грабеж во хрватска ИНА: Продавале гас од бунарите, парите на сметка на пензионер


  Сите петмина уапсени под сомнение за голем грабеж на хрватската компанија ИНА остануваат во истражен затвор. Од банкарските сметки на уапсените биле запленети речиси 1 милијарда куни (137 милиони евра), а Н1 дознава дека тие се осомничени дека продавале гас од домашни бунари. Грабежот бил откриен преку пензионер, кој на сметката имал стотици милиони […]

Ограбувачи во Италија затрупани во тунел под банка, ги спасуваа пожарникари


Банда ограбувачи на банки била принудена на помош да ја повика римската полиција да ги извлече од тунелот кој самите го ископале, но се урнал за време на грабежот кој очигледно лошо го испланирале објавиле денеска италијанските медиуми. Членовите на спасувачките служби вчера вечерта во околу 20 часот извлекле еден повреден маж од урнатиот тунел […]

Кражба во обложувалница во Аеродром


Едно лице вчера му се заканило на вработениот во спортска обложувалница на улица „Коста Новаковиќ“ и одзело пари од дневниот промет. Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен во полиција вчера во 9.30 часот во Полициската станица Аеродром. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. 

Приведени двајца за грабежот во банката во центарот на Скопје


Денеска во Скопје,  приведени се Н.Ш. (24) и С.Б. (32) поради сомнение дека учествувале во денешното разбојништво кое беше пријавено во 12.35 часот во експозитура на банка на подрачје на Центар кога три лица со закана со оружје одзеле пари од вработените. Се преземаат и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Грабеж на банка во центарот на Скопје


Грабеж на банка во скопската општина Центар е причината за засиленото полициски присуство во делот меѓу скопските населби Центар и Капиштец, информира полицијaта. „На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што […]

Кога грабеж на банкомат ќе заврши трагично – еден крадец е мртов


  Двајца мажи вбризгале гас во банкомат и го запалиле. Полицијата од Московската област трага по крадец кој побегнал откако експлодирал банкомат, каде загинал неговиот соучесник. Како што соопшти полицијата, двајцата мажи вбризгале гас во банкоматот и го запалиле. Дошло до експлозија во која еден од нив загинал, а другиот побегнал, пренесе РИА Новости.

Кансело повреден при грабеж во неговиот дом


Англија– Дефанзивецот на премиерлигашот Манчестер сити, Жоао Кансело, обелодени денеска дека бил жртва на грабеж при што му се нанесени и телесни повреди, илустрирајќи го инцидентот со своја фотографија објавена на Инстаграм на која фудбалерот има расекотина над десното око. – Ме нападнаа четворица страшливци, кои сакаа да нè повредат мене и моето семејство, а кога ќе […]

Ограбена аптека во Скопје


Синоќа, била ограбена аптека во Скопје, а крадецот избегал со парите од дневниот промет, соопшти полицијата. Во вторникот,  во 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на улица „Благоја Паровиќ“ непознат сторител извршил разбојништво и ги одзел парите од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Двајца старци измамени и ограбени


Двајца старци биле измамени од страна на две лица при што им биле одземени 9.000 и 8.000 денари, информира денеска МВР. Во првиот случај скопјанката Е.К.Ф.(76) во СВР Скопје пријавила дека на булеварот „Јане Сандански“ во парк, додека седела на клупа и пришло лице на возраст околу 22-24 години и и рекло дека парите кои […]

Ограбена лабораторија на Фармацевтскиот факултет


Украдени се опрема и предмети во вредност од 300.000 денари во тешка кражба во лабораторија на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Од факултетот вчера пријавиле во полиција дека во периодот од 19 часот на 20-ти месецов до седум часот изутрината на 20-ти непознат сторител извршил тешка кражба. Крадецот со тврд предмет […]

Филмски грабеж: За 6 минути украле 5 милиони евра од авион на „Луфтханза“


Криминална банда украла 5 милиони долари кои требало да бидат транспортирани од Бразил во Швајцарија од авиокомпанијата „Луфтханза“. Кражбата се случила на главниот товарен аеродром во близина на Сао Паоло, соопшти полицијата. Грабежот е спектакуларно извршен за само неколку минути, а властите сѐ уште не ги пронашле сторителите. Тие влегле на товарниот аеродром „Виракопос“ со […]

Ограбена банка во Маџари


Од експозитура на Стопанска банка во скопско Маџари вчера непознат сторител со закана со пиштол одзел 4.500 евра и 196.000 денари. Како што информира МВР, разбојништвото се случило вчера околу 09:20 часот во населбата Маџари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на разбојникот.

Ограбено возило пред Клиниката за онкологија, одземени 6.000 евра


Во кругот на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пред Клиниката за онкологија, вчера околу 02.30 часот непознат сторител извршил кражба во патничко возило со германски национални ознаки. Сторителот го отворил возилото и одзел два куфери, 6.000 евра и патна исправа на име А.Б. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување […]

Вооружено лице утрово ја ограбило „Стопанска банка“ во Маџари


Непознато лице, маскирано и вооружено со пиштол, со закана од вработените денеска одзело околу 100.000 денари и 1.500 евра во филијала на „Стопанска банка“ на улицата „Благоја Стефковски“. Како што се наведува во дневниот Билтен на МВР, случајот во полиција бил пријавен во денеска во 8.50 часот. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.