Десетгодишно дете од Гостивар пријавено за исчезнато


Десетгодишно дете од Гостивар вчера е пријавено за исчезнато од страна на неговата мајка. Како што соопшти МВР, вчера во 21:30 часот во Полициска станица Гостивар, А.Д. (36) пријавила дека истиот ден околу 11:00 часот од домот во непознат правец се оддалечил нејзиниот десетгодишен син. Се превземаат мерки за пронаоѓање на детето.

Интервју со Арбен Таравари: Никогаш повторно во влада со Заев


Помина половина година откако седнавте на градоначалничката фотелја во Гостивар. Кога влеговте во кампања, очекувавте ли дека ќе наидете на толкав отпор од страна на СДСМ и на ДУИ, со кои додека го водевте Министерството за здравство бевте и коалициски партнери во Владата? – Сѐ уште не ми се верува! Не можам да верувам, посебно […]

Повредени две момчиња откако со мопед се забиле во куќа


Две момчиња се здобиле со повреди, од кои едното со скршеници во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во селото Беловиште, Гостиварско. Тие се возеле на нерегистриран мопед на четири тркала по локален пат и откако возачот С.С.(18) загубил контрола удриле во ѕид од куќа. Според првичните информации од увидот, возачот немал возачка дозвола, а […]

Искршени стаклата на седиштето на СДСМ во Гостивар


Непознати сторители со камења и бекатонски плочки ги искршиле стаклата од влезот на партиското седиште на СДСМ во Гостивар. Според СВР Тетово, до оштетувањата на изложните стакла, на седиштето на Општинската организација на СДСМ Гостивар кое се наоѓа на првиот кат во ТЦ „Јавор“ на улицата „Илинденска“, дошло утрово во околу еден часот и 30 […]

Таравари: Ни Груевски не му правеше вака на Заев


Преку 200 вработени во гостиварското јавно претпријатие „Комуналец“ се без здравствено осигурување откако општината мака мачи да им ги исплати месечните примања поради блокираниот буџет. Кавгите и несогласувањата на гостиварската политичка сцена кулминираа деновиве кога советниците во општината воопшто не добија шанса да гласаат за предвидениот буџет за 2018 година. Мнозинството во Советот, кој е […]

Седумнаесетгодишен пешак повреден во Гостивар


Седумнаесетгодишен пешак е тешко повреден денеска околу 10:30 часот во Гостивар кога во него удрил автомобил „Фосфаген џета“. Поради тежината на повредите од гостиварската болница тој е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Полицијата информира дека денеска околу 10:30 часот, на крстосницата на улиците „ЈНА“ и „Браќа Гиновски“ во Гостивар, автомобил „Фолсфаген џета“ со скопски […]

Во јануари во Гостивар не е издадена ниту една градежна дозвола


Во Гостивар во првиот месец од годинава не е издадено ниту едно одобрение за градба, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Според нив, ланскиот јануари, Општината издала 37 дозволи за градба. Значително намалување е забележано и на државно ниво. Македонските општини во јануари издале одобренија за градење на 233 станови, со вкупна корисна површина […]

Поплавени куќи и блокирани патишта во Гостивар


Временските услови во изминатово деноноќие проследени со наглото топење на снегот и врнежите од дожд во гостиварскиот регион, предивикаа проблеми во некои делови од општината. Регионалниот патен правец Гостивар-Србиново од синоќа е во прекин. Во близина на селото Лакавица на коловозот се срушила поголема количина од земја и дрвја. Градежна механизација веќе работи на расчистување […]

Осум лица повредени во сообраќајка, неприлагодената брзина причина за судирот


Во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 18:10 часот во близна на „тумчевишка клучка“ повредени се осум лица, потврдија од СВР Тетово за „Независен весник“. Во несреќата учествувале две возила, комбе со италијански регистерски таблички управувано од Р.А. (44) од Центар Жупа во кое се наоѓале уште шест лица од Дебар и патничко моторно […]

Кривична пријава за полицаец од Гостивар


Полицаец од станицата во Гостивар изготвил лажен купопродажен договор за возило, наводно купено во Швајцарија, а документите ги приложил во барање за регистрација и возилото го регистрирал без условот за ЕУРО 4 стандардот. Од МВР соопштија дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична против Г.М.(44) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за […]

Одземени надлежностите на градоначалникот Таравари во образованието


Вчера попладнето му се одземени надлежностите на градоначалникот на општина Гостивар во делот на образованието и во тоа во делот што се однесува на именување и разрешување на директори на општински основни и средни училишта, информира министерката за образование и наука Рената Дескоска. Таа одговарајќи на пратеничко прашање рече дека причина за тоа е фактот […]

Гостиварец ја истепал девојката


Пред зграда во Гостивар вчера околу 18:30 часот 38-годишна девојка била физички нападната од нејзиното 23-годишно момче. Како што информира МВР, вчера 38-годишната А.Е., која времено престојувала во Гостивар, пријавила дека 23-годишниот Ј.Х. од гостиварското село Здуње, со кого била во љубовна врска, физички ја нападнал околу 18:30 часот, додека била пред влезот на станбената […]

Таравари: За 100 дена, плативме над 300 илјади евра наследени долгови


Арбен Таравари, градоначалникот на општина Гостивар, денеска ги презентираше постигнатите резултати на новото општинско раководство за првите 100 дена од мандатот 2017-2021 година. Како најкрупни, ги наведе намалување на долговите и влијанието на политиката во сферата на образованието. – Го деполитизиравме образованието со назначување на директори предложени од училишните колективи. Советот на млади има ново […]

Таравари: Подобро се снаоѓав како министер отколку како градоначалник


Подобро се снаоѓав како министер отколку како градоначалник, вели Арбен Таравари, екс министерот за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар, во интервју за МИА. Таравари е лекар и Виш научен соработник на Клиниката за неврологија во Скопје. – Кога ја презедов министерската функција, пристапив со голем елан и желба да се сменат состојбите во здравството. Оформив […]

Над илјада возачи возат без дозвола во Гостивар


Во годината што измина на поширокото гостиварско подрачје биле откриени и исклучени од сообраќај 1.033 лица кои управувале најразлични моторни возила без положен испит и валидна дозвола, информираат од СВР Тетово. Најголемиот број од нив управувале патнички возила, но и комбиња и камиони или други видови товарни возила. Според возраста, станува збор за помлади лица […]

Таравари: Ќе бараме нови локални избори, ако не се донесе буџетот за Гостивар


Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари одговарајќи на новинарско прашање околу можните последици од неносење на буџетот на општината, како една од можностите за надминување на партиските судири е распишување нови локални избори. Денеска на прес-конфренција тој ги коментираше состојбите во локалната самоуправа и даде оценка. – Ако новиот буџет не се стави на дневниот […]

Села ниту излегува од владата ниту се откажуваат од здравство


Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села попладнево по состанокот на Централното собрание што се одржа во Гостивар изјави дека не ја напуштат владината коалиција и оти верува дека со премиерот Зоран Заев повторно ќе се сретнат околу условите за нивното останување во коалицијата. – Одлуката ја има донесено премиерот, а тој одлучил да има […]

Наставници од Гостивар ја прекинаа наставата, бараат плати


Наставниците во ОУ „Единство“ утрово не држат настава, поради неисплатената плата за ноември. Синидикалната организација на просветните работници ќе чека на исходот на состанокот во локалната самоуправа, по што, како што велат, може да се очекувааат порадикални чекори, пренесе МИА. Платите за минатиот месец не ги добиле околу илјада вработени во сите основни и средни […]

Граѓаните на Гостивар утре без вода за пиење


Гостиварскато јавно претпријатие „Комуналец“ за утре најавува прекин во снабдувањето со вода за пиење преку градскиот водовод. Како причина се наведува санација на дефект на главниот цевковод ф-500 во близина на селото селото Здуње. – Стручните служби утре ќе изведуваат работи за отстранување на дефектот, а поради тоа водоснабдувањето во сите делови на градот и […]

Верижен судар кај Гостивар, девет лица повредени


Девет лица од кои едно потешко се здобиле со телесни повреди во верижен судар на три возила што вчера околу 17 часот и 30 минути се случил на регионалниот пат Гостивар – Кичево во близина на отворените сепарации, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. Трите возила што учествувале во сударот биле со гостиварски регистерски […]