Водата во Гостивар не е за пиење, откриена е бактеријата ешерихија коли


Водата со која се снабдуваат корисниците од општина Гостивар, преку водоводот, не е безбедна за пиење, информираа попладнево од ЈП „Комуналец“. Во соопштението до јавноста тиe изразуваат жалење за состојбата која произлегла од последните микробиолошки анализи. – Водата од јавниот водовод моментално не е безбедна за пиење. Микробиолошките тестови открија присуство на колиформни бактерии и […]

Лимани: Подготвени сме да одиме на предвремени избори доколку не биде изгласан законот за локална самоуправа


Вршителот на должноста градоначалник на општина Гостивар Ваљбон Лимани смета дека Законот за локална самоуправа кој е во собраниска расправа треба да помине и на тој начин да се заштеди на вонредни избори, но, ако не помине, тој и неговите поддржувачи се подготвени да одат на избори. Лимани, кој на оваа функција дојде откако поранешниот […]

Приведен маж поради предизвикување на пожар во гостиварско


Во четвртокот, во 14 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Б. (55) од с. Градец, гостиварско, поради сомнение дека на гробиштата во селото Градец предизвикал пожар со палење на сува трева.   По целосно расчистување на случајот, против С.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ендокринологот Ваљбон Лимани избран за в.д. градоначалник на општина Гостивар


Досегашниот претседател на Советот на општина Гостивар Ваљбон Лимани е избран за вршител на должноста градоначалник на општина Гостивар. На денешната вонредна седница на Советот, тој го доби мнозинството гласови, а против гласаа осуммина од советничката група на ДУИ. Избран беше нов претседавач и член на Советот. Лимани важи за близок соработник на претходниот градоначалник […]

Графити со говор на омраза врз градскиот симбол на крајот во Гостивар


Непознати лица испишале текст на албански јазик со навреди и го исшараа монументот кој се наоѓа на кејот во Гостивар. Претходно на срцето беше исцртано македонското знаме и делови од словенската азбука, како чин за одбележување на 24 Мај – денот на писменоста. Гостиварци од утрово по социјалните мрежи го осудуваат овој чин. – Ова […]

Се бараат сообраќајни решенија за Гостивар: Помалку автомобили, воведување јавен транспорт


Поретко користење на моторните возила, воведување на јавен превоз, изградба на згради со паркиралишта и подигање на сообраќајната култура се препораките кои Локалниот економско социјален совет ги донесе како заклучоци за подобрување на состојбата со сообраќајот во Гостивар. На оваа тема се дискутираше на панел-дискусија со претставници на локалната власт и институции, граѓански сектор и […]

Се излеваат реките во и каналите во Гостиварско


Седум пожари на отворено се регистрирани во земјава во последното деноноќие. Два пожара биле во Скопје, а по еден во Демир Хисар, Крушево, Прилеп, Македонски Брод, Старо Нагоричане и во Велес, соопшти ЦУК. Локалните поројни дождови во последното деноноќие предизвикаа локални излевања на одредени реки и канали. Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека водата од коритото […]

ДСЗИ со решение за забрана на ПЗУ „Санте Плус 2“ во Гостивар поради немање дозвола за вршење здравствена дејност


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност на ПЗУ Санте Плус 2 – поликлиника на примано ниво, во просторијата лоцирана на улица „Илинденска” бб во Гостивар, бидејќи нема решение за дозвола за вршење на здравствена дејност издадена од Министерство за здравство. Како што посочуваат од ДСЗИ, решението […]

Вработените во Здравствен дом Гостивар протестираат заради неисплатена плата


Вработените во ЈЗУ Здравствен дом Гостивар на кратко ја прекинаа работата и на протест искажаа револт од неисплатената плата за декември. Проблемот, како што со посочија е што нема кој да ги потпише налози, бидејќи се чека назначување на нов директор. – Иако сите колеги низ републиката ги добија платите, нам за декември сé уште […]

За една недела од Гостиварско заминале над 11 илјади печалбари


Последниот празничен викенд во Гостивар беше раздвижен поради заминувањето на печалбарите, дојдени за новогодишните и божиќни празници. Изминативе две недели нивното присуство беше забележливо по угостителските локали, дуќаните, а најмногу по улиците. Оваа недела најголем метеж имаше на автобуската станица од каде тргнуваа повеќето автобуси на меѓународните дестинации. Деновиве на социјалните мрежи и во разговорите […]

Во Гостивар промовирана услугата за помош и нега на немоќни лица


Здружението за обезбедување социјални услуги СОЦИО Гостивар по мотото „Услуга дома за достоинствен живот“ ја промовираше услугата помош и нега во домот. Од Здружението информираат дека со оваа услуга се обезбедува помош и нега на лица со привремено или трајно намален функционален капацитет. На ваков начин ќе им се овозможи да продолжат да живеат во […]

Од казнети 79 возачи на територијата на Гостивар, 23 без возачка


Во текот на вчерашниот ден во периодот од 17.00 до 21.00 часот Секторот за сообраќајни  работи  при Одделот за  униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спровеле акциска контрола на територијата на Гостивар, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата, […]

Сите поплавени улици и куќи во Гостивар се исчистени


Сите улици и куќи што беа поплавени во Гостивар се исчистени, a последиците од дождот санирани. Центарот за управување со кризи објави дека екипите на Комуналец и противпожарната бригада во Гостивар синоќа биле повлечени. Гостивар вчера го зафати силно невреме, пришто поплавени беа куќи и улици, а на места имаше и одрони. Невремето најмногу го […]

Невремето предизвика поплавување и штети во гостиварско


Невремето со пороен дожд и град во Гостивар предизвика краткотрајни проблеми во сообраќајот на одредени локации и поплавување на семејни домови. Најмногу пријави за штети стигнаа од јужниот дел на општината, од населбите Бањешница, Циглана и селото Беловиште. До поплавувањата дошло од надојдената вода во еден канал за наводнување.     Според информациите од Центарот […]

Кривични пријави: Ниту надзор, ниту поправки – објект во Гостивар запишан во катастар, становите продадени


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.И.(60) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „перење пари и други приноси“, Ѓ.В.(42) од Скопје, М.М.(42) и В.Р.(40), двајцата од Гостивар за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „несовесно работење во службата“, против две правни лица Гостивар, […]

Тринаесет пожарникари добија решенија за вработување во гостиварската противпожарна единица


Со врачување на новите решенијата за вработување, бројот на професионални пожарникари во гостиварската противпожарна единица надмина четириесет редовно вработени. Првиот човек на противпожарна единица Јусуф Бајрами потврди дека вчера ги добиле решенијата за вработување на неопределено време за командири, пожарникари и возачи, но нагласува дека сè уште не ја исполнуваат законски пропишаната бројка на вработени. […]

Фатена скопјанка што крадела по гостиварски дуќани


Во средата, околу 21.30 часот, на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 39-годишната Е.Ј. од Скопје, со времен престој во Гостивар. Таа се сомничи дека е инволвирана во разбојничка кражба пријавена на 31.12.2022 во трговски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар. Таа била […]

Ни Берово нема чист воздух – ИЈЗ со порака до граѓаните да останат дома


Институтот за јавно здравје им препорачува на граѓаните на Берово, Гостивар и на Тетово дека воздухот таму е екстремно лош поради зголемени концентрации на ПM 2,5-честички. Како многу лош се класифицира воздухот во Струмица, Битола 2, Кичево поради зголемените концентрации на ПM 10-честички, а во Ѓорче Петров поради зголемени концентрации на ПM 2,5-честички. Во Скопје […]

Тетово и Гостивар со мерки за заштита од загадување


Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која […]

Еден загинат и еден повреден во сообраќајката кај Тајмиште утрово


Едно лице загина, а друго е тешко повредено во тешката сообраќајка што рано утрово во 06.35 часот се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај „Тајмишка раскрсница”. Како што соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Mан”, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило […]