Кафе од 194 грама, кисело млеко од 300 грама… Трговците најдоа начин да ги „прескокнат“ ограничените маржи


Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за ограничување на маржите. Се обидуваат на секаков начин да го заобиколат законот и да остварат профит. Имаат празни рафтови и не се снабдени доволно со производите опфатени со Одлуката. Вршат и големи притисоци врз добавувачите, рече денеска на прес-конференција директорот […]

Инспекторите на терен, ќе ги казнуваат трговците кои не ги намалиле маржите


Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од денеска на пладне ќе почне со казнување на трговците кои ги немаат поставено ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“ и не ги продаваат по пониски цени производите за кои Владата донесе одлука да им ја ограничи профитната маржа, најави директорот на ДПИ, Горан Трајковски. Како што посочи, во теренските проверки […]

Казна до 10.000 евра за трговците кои нема да ги усогласат цените на училишните материјали со владината одлука


Трговците кои се опфатени со Одлуката на Владата за училишен прибор (Службен весник на РСМ бр.183/24), имаат обврска да ги усогласат цените на производите. Од утре инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со оваа Одлука. Инспекторите ќе постапуваат во рамки на нивните надлежности […]

Трајковски: ДПИ издаде две решенија за затворање на маркети


Од страна на Пазарниот инспекторат издадени се две решенија за затворање на маркети, информира директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски на својот Фејсбук профил и најавува дека ќе следат засилени контроли кај трговците на мало и трговците на големо. -Изразувам благодарност до големиот број на општествено одговорни компании кои прифатија да ги задржат […]

Дел од маркетите ги зголемиле цените, Пазарниот инспекторат повикува на општествена одговорност кај трговците


Првичните информации од Државниот пазарен инспекторат покажуваат дека дел од маркетите ги немаат зголемено цените, а дел ги имаат, откако од денеска повеќе не важи одлуката на Владата за „гарантирани цени“ на дел од прехранбените производи.  Од Пазарниот инспекторат велат дека е можно извесно зголемување на цените, но апелираат на општествена одговорност на трговците на […]

ДПИ: Трговците ја почитуваат гарантираната цена – производите се со ознака


Директорот на ДПИ, Горан Трајковски направи контрола да види дали се почитуваат гарантираните цени. Трајковски вели дека големите ланци на трговци ги намалиле цените. И во наредните денови и додека трае одлуката, ДПИ ќе прави контроли. „Мерката се почитува, а на производите стои „гарантирана цена“, изјави директорот на ДПИ, Горан Трајковски. „Апелирам до сите граѓани […]

Трајковски: Ќе има и одземање роба од нерегистрирани трговци на мало


Ќе има и одземање роба од нерегистрирани трговци на мало, изјави за МИА, директорот на Државен пазарен инспекторат, Горан Трајковски, истакнувајќи дека никој не е над законот. Од утрово екипи на Државен пазарен инспекторат (ДПИ) вршат инспекциски надзори на увозници на овошје и зеленчук, како и на сите трговци на лице место. На терен се […]

Трајковски ќе каже кои фирми ги прекршуваат владините одлуки кога ќе завршат постапките


Непочитување на замрзнатата цена на лебот од 33 денари, несоодветна грамажа, немање најмалку 80 отсто од производите на рафтовите, се само дел од прекрошоците што ги констатира Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) на терен при спроведувањето на контролите. Како што рече денеска директорот на ДПИ, Горан Трајковски, имињата на фирмите кои ги сториле прекршоците ќе бидат […]

Литар млеко 68 денари, шпагетите 43 денари… Како се почитува одлуката за замрзнување на цените


  Цените на тестенините, млекото и млечните производи во маркетите утрово осамнаа со нови, пониски цени. Така, литар трајно млеко на најголемиот производител во земјава, со 2,8 проценти масленост од денеска се продава по цена од 68 денари, што е за цели десет денари помалку од досега, јогуртот е намален од 80 на 72 денари […]

Само во јануари ДПИ изврши повеќе од 1.500 надзори, издаде прекршочни налози од над девет милиони денари


Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во јануари годинава изврши повеќе од 1.500 надзори на цела територија на државата при што издаде прекршочни платни налози во вредност од над девет милиони денари. Согласно Законот за трговија, издадени се над 30 прекршочни платни налози, над 100 за Законот за финансиска дисциплина, над 40 прекршочни платни налози се издадени […]

Горан Трајковски в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат, разрешена Симеска-Димоска


  Владата на денешната 109-та седница ја разреши директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска-Димоска. Од владината прес-служба соопштија дека Владата го назначила Горан Трајковски за нов в.д директор на Државниот пазарен инспекторат. Како што се посочува во соопштението од владината седница, новиот в.д директор Горан Трајковски е дипломиран економист и магистер по економски науки, […]

Со сведочење на Горан Трајковски и Мухамед Зеќири продолжи судењето за „Софтвери“


  Во Основниот Кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Софтвери“, во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. На денешното рочиште сведочеа Горан Трајковски, поранешен директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци и Мухамед Зеќири, поранешен секретар на Владата на Република Северна Македонија. Дирекцијата за заштита на личните […]

Нов албум на Горан Трајковски, промоција во МКЦ


Нов албум на музичарот Горан Трајковски со наслов „Тешкиот глас на новите химни“ во издание на Младинскиот културен центар од Скопје. Промоцијата на албумот ќе се одржи утре (24 ноември) во 12 часот во Ап(о)тека во МКЦ. Албумот е сниман, миксан и мастериран во студиото „Тралала“ во Скопје. Истиот ќе може да се набави на […]