Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот


Гласањето на македонските граѓани во Белград, Србија, се одвива непречено и без никакви проблеми. До 12 часот излезеноста е една третина од вкупниот број запишани граѓани во посебниот извод на избирачкиот список во Амбасадата на Република Македонија. Во посебниот извод на избирачкиот список има вкупно 24 македонски државјани кои го остваруваат своето граѓанско право на гласачкото место 5025 […]

ЈО: Секое сликање или снимање гласачи е законски недозволиво


Објавувањето на фотографии со гласачи е противправно дејство што го нарушува процесот на гласање и претставува попречување на правото на гласање. Секое сликање или снимање на гласачи при остварување на нивното право, како и какво било попречување на гласањето и процесот на спроведување на референдумот не се дозволиви согласно на закон, соопштија од Комисијата за […]

МОСТ: Инцидентите пред едно од гласачките места во странство го нарушуваат правото на глас


Инцидентите забележани пред едно од гласачките места во странство ја нарушуваат слободата на граѓаните да го искористат своето право на глас, оцени денеска Граѓанската асоцијација МОСТ. МОСТ го набљудува денешното гласање на болните и немоќни лица, на внатрешно раселените и лицата во затвор или притвор. „Избирачкото право е гарантирано со Уставот на РМ и никој […]

Фотофиниш на кампањата: „За“ во Тетово, „Бојкотирам“ пред Собрание


Скусената кампања за референдумот, која трае заклучно со четврток до полноќ, а не до петок како што е вообичаено за избори, ги забрза активностите на поддржувачите, односно бојкотирачите на неделното гласање. Кампусот „за“ продолжува со набиената агенда која значи и посета на неколку градови дневно низ земјава. Тераат промотивни спотови и реклами во медиумите, не […]

(ВИДЕО) Курц повторно ги повика граѓаните на Македонија да гласаат на референдумот


Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска преку видео порака повторно ги повика граѓаните на Македонија да излезат на гласање на референдумот на 30 септември. – Австрија е важен пријател и партнер на Македонија. Се надевам на позитивен резултат од референдумот, на активно учество од граѓаните и со тоа решение на европската перспектива. Јас не можам да ja […]

Тачи: Гласањето „за“ е најголем патриотизам


Излезете масовно на претстојниот референдум и гласајте „за“, тоа е најголемиот патриотизам што можете да го покажете. Постигнатиот договор со Грција за името е најправичната одлука, затоа што иднината и на Косово, и на Македонија и на целиот регион е во ЕУ и НАТО. Оваа мотивирачка порака до македонската јавност претседателот на Косово, Хашим Тачи […]

Со слаб одѕив во дијаспората ќе се „крпи“ цензусот


Деветнаесет македонски државјани кои престојуваат или се на привремена работа во странство се пријавиле првиот ден преку електронската апликација на Државната изборна комисија да го остварат своето право на глас на претстојниот референдум. Доколку пријавувањето се одвива според тој интензитет, без посериозни поместувања, до истекот на рокот на 23 август таа можност би ја искористиле […]

Референдумот за името распишан со 68 гласа „за“


Собранието го распиша референдумот што ќе се одржи на 30 септември, ќе биде консултативен, а граѓаните ќе треба да одговорат со „да“ или „не“ на прашањето дали се за влез во ЕУ и во НАТО со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција. За Одлуката за распишување на референдумот гласаа сите 68 пратеници што беа […]

Фалат десетина гласа за уставни измени. Ќе се проширува ли пак мнозинството?


Вчерашното гласање за ратификација на договорот со Грција го исцрта распоредот на сили во парламентот по неодамнешното проширување на мнозинството, а во пресрет на другите одлуки што ќе треба да се донесат во наредниот период, како што е распишувањето на референдумот за името и уставните измени. За договорот, како и за неговата ратификација, гласаа по […]

Каменос од Независни Грци гласаше за недоверба на Ципрас


Атина – Пратеникот од Независни Грци Димитрис Каменос, спротивно на ставот на партијата, ја поддржа иницијативата на Нова демократија и гласаше за недоверба на владата на Алексис Ципрас. Потегот на Каменос беше дочекан со аплаузи од Нова демократија, но и беше избришан од Независни Грци.

ВМРО-ДПМНЕ ќе гради став за предлогот на Иванов за Богов


ВМРО-ДПМНЕ во наредните денови ќе изгради став околу предлогот на претседателот Ѓорге Иванов за реизбор на Димитар Богов на гувернерската функција. Овој предлог на Иванов е во собраниска процедура, но не е ставен сѐ уште на дневен ред, за што треба да се закаже нова седница. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев изјави […]

ВМРО-ДПМНЕ се вклучи во реформите: полесно се усогласуваат со СДСМ отколку меѓу себе


Ден по нападите и критиките што си ги разменија за време на седницата за доверба на Владата, опозициската ВМРО-ДПМНЕ и владејачките СДСМ и ДУИ вчера во парламентот донесоа со консензус неколку од законите од реформскиот пакет. Речиси без дискусија и со по 86 и 87 гласа „за“, попладнето беа донесени три закони за кои е […]

По еден „воздржан“ за Владата од Беса и од ДПА


Мерал Узеири Ферати од ДПА и Реџеп Мемеди од Беса се двајцата пратеници кои гласаа „воздржано“ по прашањето за доверба во Владата, што го покрена ВМРО-ДПМНЕ. Други двајца пратеници на Беса – Теута Биљали и Фадил Зендели гласале против иницијативата за недоверба на владиниот кабинет, а Африм Гаши не бил присутен. За претседателот на Алијансата […]

За недоверба на Владата гласаа 40 пратеници


Вкупно 40 пратеници гласаа вечерва за недоверба на Владата на СДСМ и на ДУИ. Интерпелацијата што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ очекувано не успеа, бидејќи за да падне Владата се потребни минимум 61 глас. Затоа, пак, парламентарното мнозинство обезбеди 62 гласа за поддршка на Владата, додека двајца пратеници останаа воздржани. Како што соопшти спикерот Талат Џафери, на […]

Кого напаѓа Мицкоски – Заев или Груевски?


Со политички „обвинителен акт“, напишан на пет и пол страници, ќе се соочи денеска Владата на СДСМ и на ДУИ во парламентот. По десетина години владеење и само десетина месеци во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ реши да го прекине петмесечниот бојкот на парламентот со покренување гласање за доверба за кабинетот на Зоран Заев, кој е обвинет за […]

Украина забрани гласање на Русите на нејзина територија


На граѓаните на Русија нема да им биде дозволен пристап до дипломатските мисии во Украина в недела кога се одржуваат избори за претседател на Русија, соопшти денеска министерот за внатрешни рабопти на Украина Арсен Аваков. – Министерството за внатрешни работи соопштува дека безбедносните аранжмани на руската дипломатска мисија во Украина конкретно во Киев, Карков, Одеса […]

Путин ги повика Русите да гласаат во недела


Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги повика граѓаните на Русија в недела да гласаат на претседателските избори, за кои Кремљ стравува дека ќе бидат со мала избирачка активност. – За кого да се гласа, како ќе биде искористено правото на слободен избор е лична одлука на секој човек. Но, ако одлучите да не донесете таква […]

(Видео) Усвоен Законот за јазици – со 64 гласа и без амандмани


Во напната атмосфера, додека пред собраниската говорница се случуваше вистински метеж, парламентот го донесе предмалку Закон за јазици. За регулативата која е дел од преткоалицискиот договор меѓу СДСМ и ДУИ гласаа дури 64 пратеници. Никој не гласаше „против“ или „воздржано“. Законот, во трето читање, е усвон со истатата содржина како и на 11 јануари годинава, […]

Нема кворум за гласање во парламентот


Собранието в четврток, на ново продолжение на 27. седница, треба да гласа за предлог законот за употреба на јазиците, во второ читање, како и за изборот на судии на Уставниот суд, откако на денешната седница парламентарното мнозинство не можеше да обезбеди кворум за гласање. Претседателот на Собранието Талат Џафери на седницата констатираше дека е завршен […]

Собранието треба да гласа за нов јавен обвинител


Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 22. седница на која пратениците треба да гласаат за именување нов државен јавен обвинител, откако на 15-ти овој месец ја завршија расправата по владиниот предлог Љубомир Јовески да биде именуван на оваа функција. За именување на јавен обвинител, Собранието на РМ одлучува со просто мнозинство од 61 глас. Јавниот […]