Извештај: 266 милиони луѓе во светот лани биле погодени од глад


Бројот на луѓе кои страдаат од глад останува драматично висок во светот, покажува извештајот на Глобалната мрежа против кризи поврзани со храна (GNAFC). Минатата година околу 266 милиони луѓе во 47 земји биле изложени на ризик од акутна несигурност во снабдувањето со храна, се наведува во најновите податоци објавени денеска. Во извештајот се истакнува дека […]

Сопругот на исчезнатата Злата Јанкова започна штрајк со глад пред полицијата во Свети Николе


Дејан Јанков од Свети Николе, сопруг на Злата Јанкова – жената која исчезна на 16 јуни 2024 година – утрово започна штрајк со глад пред полициската станица во Свети Николе. Тој вели дека ќе остане таму и ќе гладува сè додека институциите не преземат конкретни чекори и не добие одговори за судбината на неговата сопруга, […]

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел


Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска изјави дека изгладнувањето на цивили никогаш не смее да се користи како метод на војување, истакнувајќи дека гладот во Појасот Газа е резултат на „нечовечни“ и „намерни“ постапки на Израел. – Цивилите мора да бидат заштитени. Хуманитарниот пристап мора да биде непречен. Без понатамошни изговори. Без понатамошни […]

За прв пат во историјата на Блискиот Исток: Прогласен акутен глад во Газа


Интегрираната класификација на фази на безбедност на храната (IPC), глобален систем за следење на гладот, официјално потврди акутен глад во градот Газа. Глобално признатиот систем за класификација на несигурност на храната и неухранетост, поддржан од ОН, прогласи само четири случаи на глад од своето основање во 2004 година. IPC во извештајот наведува дека гладот ​​во […]

Убиствена помош во Газа: Израелците пукаа во луѓе кои само сакаа – да јадат


Ја видов реалноста на новата „помош“ поддржана од Израел во Газа. Тоа не е ништо повеќе од смртоносен ПР трик.Пред два дена, израелски војници пукаа врз огромна толпа гладни Палестинци кои само сакаа да јадат. Некои од нив пешачеа повеќе од 10 км за да стигнат до она што тогаш беше единствената точка за дистрибуција […]

Отворено писмо на нобеловци: Инвестирајте во производството на храна за да се избегне глобална криза со глад


 Повеќе од 150 добитници на Нобеловата награда и Светската награда за храна денеска објавија отворено писмо во кое нагласуваат дека се потребни многу поголеми инвестиции во истражување, производство и дистрибуција на храна за да се спречи глобалната криза со глад во наредните децении. Во писмото се наведува дека околу 700 милиони луѓе денес се соочуваат […]

Поразителни податоци на ФАО: Гладува секој 11. жител на Земјата


 Воените судири, економската нестабилност и се почестите временски услови придонесоа за недостиг на храна а 733 милиони луѓе ширум светот минатата година се соочиле со глад, се наведува во новата студија на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО). Приближно 29 проценти од глобалното население е принудено да прескокне еден оброк дневно. Секој 11 жител на […]

ФАО: Повеќе од 280 милиони луѓе се соочиле со голем недостиг на храна минатата година


Над 280 милиони луѓе во 59-те земји во светот каде кризата со храна е најтешка, се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Се забележува дека иако вкупниот удел на луѓето во светската популација кои се соочуваат со голем недостиг на храна во 2023 […]

Грифитс: Глад во Буркина Фасо, некои жители јадат само листови


Некои жители на Буркина Фасо јадат само листови со недели, изјави заменик генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс за ситуацијата во таа земја, која ја посети. „Растечката несигурност и блокадите во многу области доведоа до изолација на некои заедници и зголемен глад. Хуманитарните работници се борат да дојдат до оние луѓе на […]

Оксфам: За последните шест години екстремната глад двојно зголемена во климатските жаришта во светот


 Двојно повеќе луѓе се соочуваат со екстремна глад во десет тешко погодени климатски жаришта во споредба со пред шест години, се наведува во истражување на Оксфам објавена денеска, јави ДПА. Сомалија, Хаити, Џибути, Кенија, Нигер, Авганистан, Гватемала, Мадагаскар, Буркина Фасо, Зимбабве, се земјите со најголем број апели до Обединетите Нации (ОН) предизвикани од екстремни временски […]

Од 2019 година досега повеќе од двојно зголемен бројот на луѓето кои се соочуваат со глад


Бројот на луѓе кои се соочуваат со акутен недостиг од храна во светот е повеќе од двојно зголемен на 345 милиони од 2019 година поради пандемијата на Ковид-19, конфликти и климатски промени, објави Светската програма за храна (WFP). – Пред кризата со коронавирусот, 135 милиони страдаа од акутен глад во светот, изјави Корин Флајшер Ајшер, […]

Гладуваат 2,3 милијарди луѓе во светот


Околу 2,3 милијарди луѓе во светот се соочуваат со умерени или сериозни потешкотии во добивање доволно храна, што е состојбата пред почетокот на војната во Украина, што предизвика зголемување на цената на житото, ѓубривата и енергијата, се наведува во извештајот на ОН објавен денеска. „Последните достапни докази сугерираат дека бројот на луѓе кои не можат […]

Повеќе од 18,4 милиони луѓе на Рогот на Африка се изложени на ризик од глад


По две години суша, 18,4 милиони луѓе во областа на Рогот на Африка се соочуваат со закана од глад, покажуваат денеска објавените податоци од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA). До септември, бројот на погодени луѓе во Етиопија, Сомалија и Кенија може да се искачи на 20 милиони. Веќе 7,1 милион деца […]

ЕУ: Да се спречи нова криза на глад и миграција во светот


Европската унија и Франција како претседавач со ЕУ покренаа иницијатива за итна мобилизација со цел соочување со последиците што војната во Украина ќе ги има врз светските пазари за храна. Европскиот план се заснова на зајакнување на земјоделското производство, стабилизирање на пазарот и трговијата со храна, како и меѓународната солидарност, а треба да се дефинира до крајот на јуни за да се спречи евентуална нова […]

„Оксфам“ предупредува за глад во Источна Африка поради војната во Украина


Невладината хуманитарна организација Оксфам предупредува за неизбежна криза со храна во Источна Африка, предизвикана главно од руската инвазија врз Украина, јави ДПА. Извршната директорка на организацијата Габриела Бухер изјави дека Етиопија, Кенија, Сомалија и Јужен Судан, меѓу другите, се најзагрозени земји. Дури овој месец да заврне дожд, состојбата нема целосно да се ублажи. Речиси 28 […]

Расте бројот на акутно гладни луѓе во светот


Во Глобалниот извештај за прехранбената криза се наведува дека минатата година се регистрирани 124 милиони акутно гладни лица во светот, што значи дека им се загрозени животите. Извештајот покажува дека бројот на акутно гладни луѓе е зголемен во однос на 2016 година, кога нивниот број изнесуваше 108 милиони лица. Порастот се должи пред се на […]

Најдобрите одлуки се носат на празен стомак


Иако старата поговорка вели дека „стомакот нема уши“, и кога сме гладни мислиме само на храна, ново истражување покажува дека најдобрите одлуки се носат токму на празен стомак. И самите истражувачи, чија студија е објавена во списанието „PlosOne“, признаваат дека кога сме гладни имаме тенденција дека губиме контрола над себе и оти единствено за што […]