Стручната комисија за случајот со починатото новороденче на ГАК е формирана, се чека извештај


Стручната комисија за случајот со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија во Скопје е формирана и ќе се чека нејзиниот извештај, како и извештајот од обдукцијата за да се излезе со конечна информација.  Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција замоли да не се прави сензација од случајот и да се причекаат резултатите од […]

И ДСЗИ истражува дали имало пропуст кај починатото новороденче


Колабирано белодробно крило, отежнато дишење, прекумерна акумулација на течност (едем) во интрацелуларните или екстрацелуларните простори на мозокот и кардиореспираторна инсуфисиенција е причина за смртта на новороденчето на В.И. од Арачиново, според медицинската документација која ја обезбеди Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Ова денеска го истакна директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, кој рече дека до министерот […]

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на Клиниката за гинекологија


Ирена Алексиоска Папестиев е нова директорка на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје, потврди таа за МИА. Таа завршила Медицински факултет на УКИМ во 2006 година. Специјализација по гинекологија и акушерство завршила во 2012 година на ГАК, каде има долгогодишно работно искуство, од 2007 година. Сега била избрана за професор на Медицинскиот […]

Вработен во Гинекологија „Чаир“ нападнат од две лица


Вработен како обезбедување во болница „Чаир“, 60-годишен скопјанец, бил нападнат од две лица.  – На 11.04.2024 во 18.50 часот во СВР Скопје, Ж.Д.(60) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот на работното место како обезбедување во Јавна здравствена установа – Специјална болница по гинекологија и акушерство во Чаир бил физички нападнат од две лица, информираа […]

Родилка се бори за живот откако се фрли од првиот кат на Клиниката за гинекологија


Родилка се фрлила од првиот кат на ЈЗУ Клиниката за гинекологија и акушерство, откако претходно родила здраво машко дете, информираат од болницата. Како што стои во соопштението, пациентката на 39-годишна возраст од Скопје, била примена на Гинекологија на 28.06. во 21.16 часот заради крвавење во последниот триместар од бременоста (36 гестациска недела). -Пациентката веднаш е […]

Анестезиолог од тетовската болница во живо на Тик-Ток прикажувал пациентки од гинекологија


Лице кое било вработено во тетовската болница како анестезиолог во живо на социјалната мрежа Тик-Ток пренесувал видео од одделот за гинекологија на кое може да се забележат и пациентки, јави ТВ21. Телевизијата го верификувала видеото и добила потврда дека е снимено во тетовската гинекологија, а лицето што го направило видеото е ангажирано на одделението каде […]

Недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза на ГАК


 По повод Светскиот ден на менопаузата -18 Октомври, од денеска до 21 октомври на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје ќе се организира недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза. Како што информираат од Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, целта на Светскиот ден на менопаузата е да се подигне […]

Ургентениот центар во Болницата за гинекологија во Чаир реновиран по европски стандарди


Во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ многу се инвестираше во изминатите четири години и направивме добар план, инвестиција од Министерството за здравство и донаторите на кои сакам да им изразам голема благодарност, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција при посетата во гинеколошката болница во Чаир, откако неделава беше пуштен […]

На Гинекологија се роди најголемото бебе, тешко 5.700 гр


Минатиот месец на Клиниката за гинекологија со спонтано породување се роди најголемото бебе родено во државата, момче тешко 5.700 грама, а долго 55 сантиметри. Како што инфомираат од клиниката, ова е второ бебе во семејството, испишано е од болница во добра општа состојба.

(ВИДЕО) Ако не престане да чади, Шилегов ќе ја затвори Гинекологија Чаир


Специјалната болница за гинекологија Чаир доби рок од 30 дена да го смени начинот на затоплување, а во спротивно ќе биде затворена. Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска информираше дека градските инспектори за животна средина направиле контрола во установата откако на социјалните мрежи се појавија снимки на кои што се гледа како од оџаците на […]

ГАК: Намалена смртноста кај предвреме родените бебиња


Намалена е стапката на смртност на предвреме родените бебиња на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје во првите десет месеци од годинава во споредба со истиот период во 2017 година и во 2016 година. Лани имало 35-36 починати новороденчиња на илјада живородени, а заклучно до 15 ноември годинава има 25 новороденчиња на илјада живородени. Починати новороденчиња на Одделението […]

Јовановска: На Гинекологија не умираат доносени, туку предвремено родени бебиња


Клиниката за гинекологија тврди дека нема смртност на доносени деца, туку само на предвремено родени, од 22 до 36 гестациска недела. Како што беше речено на денешниот брифинг со новинарите, граѓаните тоа треба да го знаат и еднаш засекогаш да се разбие стравот, посебно кај младите мајки, дека во оваа болница се умира. Според директорката […]

Филипче: Се бара решение за блокирањето на сметката на Гинекологија


Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека попладнево ќе се сретне со директорката на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство Викторија Јовановска и со претставници од Министерството за финансии, во врска со блокирањето на сметката на Клиниката, поради исплата на извршни судски решенија. – Одлуката за симнување пари од сметката по тужба за некој случај […]