Обновливите извори на енергија со рекордно учество во германскиот енергетски микс


Енергијата на ветерот и сончевата енергија учествуваа со рекордни 64,1% во производството на електрична енергија во Германија во третиот квартал, според официјалните податоци објавени во понеделник. Енергијата на ветерот повторно беше најважниот извор, при што турбините придонесоа со повеќе од 26,8% во енергетскиот микс помеѓу јули и август, додека вкупното производство се зголеми за 2% […]

Исполнета квотата за вработување во Германија според Западнобалканската регулатива


 Квотата за издавање германски работни дозволи врз основа на посебната, преференцијална Западнобалканска регулатива за 2025 година е исполнета и до крајот на годината нема да се одобруваат нови барања. Според процедурата усвоена во јуни 2024 година, германските работодавци бараат претходно одобрение од агенцијата за вработување, а потоа работниците од Западен Балкан со кои склучиле договор […]

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања


Од 1 јануари следната година, Германија ќе ја зголеми минималната часовна плата од 12,82 на 13,90 евра бруто, а многу компании најавуваат зголемување на цените и отпуштања за да ги покријат новите трошоци, според извештајот на Институтот за економски истражувања (Ifo). Најизразени ефекти се очекуваат во угостителскиот и малопродажниот сектор, каде што ниските плати се […]

Германија ќе дава по 2.600 евра плата за оние кои ќе се пријават во војска: „Што ќе ти се пари ако загинеш?“


Дали сте подготвени да служите во војска? Почнувајќи од следната година, сите млади Германци родени во 2008 година, а потоа и секоја генерација што ќе стане полнолетна, ќе се соочат со ова прашање. На нивниот 18-ти роденден, тие ќе бидат обврзани да пополнат формулар со своите лични податоци и да се подложат на лекарски преглед, […]

Полска и Германија пак во клинч околу воените репарации


  БЕРЛИН – Полскиот премиер Доналд Туск и германскиот канцелар Фридрих Мерц во понеделникот се судрија околу воените репарации и надоместокот за уништувањето на Полска од страна на Германија во нацистичката ера. Отвореното несогласување меѓу двајцата лидери – кои ветија дека ќе ги поправат честопати затегнатите односи меѓу нивните две земји – фрли сенка врз […]

Анкета: Повеќето Германци ја отфрлаат улогата на воено лидерство во Европа


Мнозинството луѓе во Германија се противат на тоа земјата да преземе улога на воено лидерство во Европа, според анкетата на Форса нарачана од Фондацијата Кербер. Анкетата покажа дека 61% од испитаниците одговориле со „не“ кога биле прашани дали Германија треба да преземе таква улога, додека 38% биле „за“. Отфрлањето било највисоко во источна Германија со […]

Германија троши 41 отсто од својот буџет за социјала, повеќе од Скандинавците


Германија го издвојува најголемиот дел од својот буџет од сите европски земји за социјални програми – дури 41 процент, според нова студија на Институтот за германска економија (IW), за која делови денес објавуваат германските медиуми. Според „Рајнише пост“, ова вклучува трошоци за пензии, социјална и здравствена заштита и надоместоци за невработеност. Во однос на социјалните […]

Тревога во Берлин: Заканувачка порака за напад на училипта циркулира низ апликации


Порака што циркулира на неколку апликации, во која наводно се најавуваат напади врз околу 20 училишта во Берлин, предизвика тревога во германската престолнина, јавува ДПА. Полицијата примила повеќе од 1.000 итни повици во врска со наводната закана, изјави портпаролот во понеделник. Полицијата верува дека пораката е „лажна информација намерно дизајнирана да предизвика страв“. Во објава […]

Анкета: Повеќето Германци би поддржале воведување задолжителна воена служба


Мнозинството Германци би поддржале задолжителна воена служба за мажи родени по 2008 година, јави ДПА, повикувајќи се на социолошка анкета. Анкетата, спроведена од Институтот за истражување на јавното мислење (INSA) за весникот „Билд“, покажа дека 58 проценти од испитаниците сметаат дека воведувањето задолжителна воена служба е исправно, додека 29 проценти не се согласуваат, а 13 […]

За прв пат од 2021 година, повеќе луѓе емигрирале од САД во Германија отколку обратно


Од враќањето на Доналд Трамп на власт на почетокот на годината, бројот на емиграција од Германија во САД значително се намали, додека во исто време бројот на преселби од САД во Германија се зголеми, објави денес Федералниот завод за статистика во Висбаден. Од јануари до октомври оваа година, 17.100 луѓе емигрирале од Германија во САД, […]

Затворањето на челичарниците би можело да ја чини Германија 50 милијарди евра годишно


Губењето на домашното производство на челик би можело да ја чини Германија до 50 милијарди евра годишно, според студијата на Универзитетот во Манхајм. Анализата покажува дека доколку германските компании за челик ги затворат фабриките или го преместат производството во странство, германската економија би станала исклучително ранлива на глобалните кризи во снабдувањето со челик. Такво сценарио […]

Германија „за влакно“ избегна рецесија


Германскиот БДП стагнираше во третиот квартал, покажаа прелиминарните пресметки на заводот за статистика, што укажува дека најголемата економија во Европа избегнала рецесија. Во периодот од јули до септември, активноста во германската економија остана на нивото од претходните три месеци, според сезонски прилагодените податоци, кога се намали за ревидирани 0,2 проценти, откри Дестатис. Германија „за влакно“ […]

Германската економија и натаму стагнира, „Фолксваген“ објави нето загуба од 1.072 милијарди евра во третиот квартал


Германската економија продолжи да стагнира и во третиот квартал од годинава, а некои од најголемите компании, меѓу кои и групацијата „Фолксваген“ и националниот авиопревозник „Луфтханза“ бележат негативни резултати во работењето.   Германскатат статистичка служба соопшти дека бруто домашен производ (БДП) во третиот квартал остана непроменет во споредба со претходниот тримесечен период. Иако има подобрување во однос […]

Компаниите во сопственост на Роснефт во Германија привремено ослободени од санкциите на САД


Соединетите Американски Држави денес издадоа таканаречена „општа лиценца“ со која привремено се суспендираат санкциите против Роснефт во Германија до 29 април 2026 година, објави Министерството за финансии на САД. Ројтерс објави дека на веб-страницата на ова министерство е објавено дека е издадена таканаречената „општа лиценца“ која овозможува трансакции со компаниите „Роснефт Дојчланд ГмбХ“ и „РН […]

Америка веќе не е најголем трговски партнер на Германија


Кина повторно ги престигна САД како најголем трговски партнер на Германија во првите осум месеци од 2025 година, враќајќи се на првото место откако повисоките царини влијаеја врз германскиот извоз во САД, покажаа прелиминарните податоци од Германскиот федерален завод за статистика. Според проценката на Ројтерс, трговијата на Германија со Кина од јануари до август изнесувала […]

Германија: Жените врвни менаџери заработуваат сè помалку, мажите менаџери се подобро платени


Резултатите од студијата за платите на членовите на одборите во Германија покажаа дека врвните менаџери заработуваат сè помалку, додека мажите добиваат повисоки плати. Според истражувањето, платите на членовите на одборите во водечките германски компании се намалиле во 2024 година – но речиси исклучиво за жените членови на одборите, објавува „Билд“. Просечната плата на жените во […]

Германија ќе ги охрабрува луѓето да работат по пензионирањето, примањата до 2.000 евра ќе бидат без данок


Германската влада се согласи со нацрт-закон за охрабрување на луѓето да работат по пензионирањето, дозволувајќи им на оние кои ќе одлучат да го сторат тоа да заработуваат до 2.000 евра месечно без данок, бидејќи најголемата економија во Европа се обидува да се бори против недостигот на работна сила. Промената треба да стапи на сила на […]

Продолжува бранот на корпоративни банкроти во Германија


Германските судови добија значително повеќе барања од компании за поведување стечајна постапка во септември, покажаа денес прелиминарните податоци од Федералниот завод за статистика. Бројот на барања беше за 10,4 проценти поголем во септември отколку во истиот месец минатата година, објави Дестатис, забележувајќи дека пресметката ги вклучува само барањата за кои стечајниот суд веќе издал прва […]

Германија ја укина програмата за брзо добивање државјанство


Германскиот парламент ја откажа брзата програма за државјанство, според која беше можно „исклучително добро интегрирани лица“ да добијат државјанство за три години наместо за пет. „Германскиот пасош мора да дојде како признание за успешен процес на интеграција, а не како поттик за нелегална имиграција“, изјави министерот за внатрешни работи Александар Добринт пред парламентот. Конзервативците на […]

Германското индустриско производство падна на ниво од 2005 година


Германското индустриско производство падна на најниско ниво од 2005 година во август, бидејќи производството во виталната автомобилска индустрија во земјата падна за 18,5 проценти во однос на претходниот месец. Неочекувано лошите податоци доаѓаат во време кога германскиот канцелар Фридрих Мерц треба да се сретне со производителите на автомобили во земјата во Берлин во четврток за […]