Берлин ја презеде контролата врз активностите на рускиот нафтен гигант „Росњефт“ во Германија


Официјален Берлин денеска ги стави под надзор активностите на рускиот нафтен гигант „Роснефт“, компанијата што управува со многу рафинерии во Германија, со цел да се „обезбеди“ снабдување со енергија. Филијалите на „Роснефт“ во Германија претставуваат 12 отсто од капацитетот за преработка на нафта во оваа земја. Со нив сега ќе раководи националната Агенција за управување […]

Разбиен синџир на шверцери на луѓе во Германија, кои криумчареле бегалци


Германската полиција вчера извшри претреси во повеќе објекти низ земјата и уапси шестмина осомничени за шверц на најмалку 150 бегалци. „Во текот на денот пребаравме повеќе од дваесет објекти низ Германија и приведовме шест лица кои се осомничени дека илегално превезувале бегалци во Германија, делумно под опасни околности“, соопшти полицијата за областа Северен Хесен, која […]

Маж во Германија кој уби работник на бензинска поради маска, доби доживотен затвор


  Мажот кој во Германија уби вработен во бензинска пумпа, откако тој го преупреди дека мора да стави заштитна маска доби доживотна казна затвор. Убиството на 20-годишниот студент, кој работеше на бензинска, се случи лани на 18 септември. Тој замоли 49-годишен потрошувач да стави заштитна маска на лицето, според мерките за заштита од пандемијата од […]

Германија се спрема за криза, списокот како пред апокалипса


Германското здружение на градови и општини предупреди за можни раширени рестрикции на струја во Германија поради енергетската криза и ги повика граѓаните сериозно фа ги сфатат сојузните препораки за цивилна заштита. Составија и список на залихи кои секое домаќинство треба да ги има при рака во случај да нема струја, вода и гориво, пренесе Fenix-magazin.de. […]

Ифо: Германија се соочува со рецесија во 2023 година


Економијата на Германија ќе се намали во 2023 година бидејќи драматичното зголемување на трошоците за енергија поради руско-украинската војна ги намали изгледите за закрепнување од пандемиската криза, соопшти во понеделникот институтот Ифо. Во јуни институтот прогнозираше дека економијата ќе порасне за 3,7 проценти следната година, а сега предвидува дека активноста ќе падне за 0,3 проценти. […]

Новоградбите во Германија сѐ поретко со греење на гас


Германија на широк фронт ја турка климатската транзиција, а еден дел од тоа се огледува во изградбата на станови. Имено, воочливо никнуваат помалку нови згради со греење на гас. Во првата половина година, уделот на одобрени проекти за градба на станбени згради со примарно греење на гас падна на 16,2 отсто, со 25,5 отсто претходната […]

Шолц: Германија е подготвена за зимата


  Германија е добро подготвена да ја „преживее“ зимата и покрај превирањата на енергетските пазари, рече нејзиниот канцелар Олаф Шолц. Шолц вети дека Германија ќе продолжи да се движи „со голема брзина“ за да го отфрли своето потпирање за енергија од Русија, во говорот пред парламентот околу буџетот. Тој беше силно критичен за енергетската политика […]

Историски консултации помеѓу Израел и Германија во областа на националната безбедност


  Претставници на националните безбедносни служби на Израел и на Германија денеска првпат се сретнаа во Ерусалим на одржат „историски“ консултации, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Јаир Лапид. На состанокот присуствуваа претставници на германското и израелското Министерство за надворешни работи, советници за национална безбедност, како и генералниот директор на израелското Министерство за одбрана Амир Ешел, […]

Германија ќе прави и петти пловечки терминал за течен гас


  Берлин договори петти пловечки терминал за течен природен гас (ЛНГ) со цел да го зголеми количеството на ЛНГ што земјата може да го увезува, што може да биде благодет за соседите на земјата без излез на море. Во мај, владата објави дека обезбедила четири од овие пренаменети танкери за ЛНГ. Бродовите кои се обновуваат, […]

Полска усвои извештај со кој од Германија може да бара 1.300 милијарди евра воени репарации


Полска претрпела штети во износ од над 1,3 билиони евра (1.300 милијарди) за време на Втората светска војна, се посочува во извештајот на полската парламентарна комисија, што се очекува да биде основа на идното барање за обештетување од Германија. Заклучоците од извештајот денеска ги соопшти лидерот на владејачката партија „Право и правда” Јарослав Качински, кој […]

Петнаесет отсто Германци нема да можат да плаќаат за комунални услуги поради цената на гасот


Германските комунални претпријатија проценуваат дека поради високите цени на горивата, околу 15 отсто од корисниците на нивните услуги нема да можат да плаќаат сметки за комунални услуги, изјави првиот човек на здружението ВКУ за медиумската групација „Функе“. Околу 900 комунални претпријатија дистрибуираат две третини од германскиот гас, како и снабдуваат електрична енергија, вода и топлинска […]

Германија се подготви за зимата без руски гас, „Гаспром“ го намали снабдувањето на Франција


  Германија е подобро подготвена за зима „отколку што беше предвидливо пред неколку месеци“ кога станува збор за снабдувањето со гас, изјави во вторникот германскиот канцелар Олаф Шолц. „Можеме многу добро да се справиме со заканите што ни доаѓаат од Русија“, рече Шолц пред седницата на владата. Русија го користи гасот како стратегија во војната […]

Германски складишта за гас полни 85 отсто


  Германските капацитети за складирање гас се полнат малку побрзо отколку што пропиша владата и сега се полни 85 отсто, покажаа податоците на енергетскиот регулатор. Минатиот четврток нивото на гас во магацините беше 81,78 отсто, се вели во неделниот извештај на регулаторот, а до петок требаше да се искачи на 82,2 отсто. Владата предвиде магацините […]

Значително зголемен бројот на пушачи во Германија во време на пандемијата


 Процентот на пушачи во Германија значително се зголеми за време на пандемијата на коронавирусот, според студијата цитирана од ДПА. Повеќе од една третина (34,5 проценти) од луѓето постари од 14 години во земјата пушат, покажуваат резултатите од германската студија за однесувањето на пушачите (ДЕБРА), што се уште е во тек. Пред да избие пандемијата на […]

Германски пекар продава „инфлациски леб“, веднаш се распродава


  Пекар од германскиот град Киртен направил „инфлациски леб“, кој на своите клиенти им го нуди по симболична цена од 2,50 евра за 750 грама. „Ова е леб без многу состојки“, објаснува пекарот. „Нема ништо скапо во тоа. Во „инфлацискиот леб“, пекарот додава пченка за вкус, а главната состојка е пченичното брашно. Тој дошол на […]

Полска следната недела ќе поднесе извештај во кој ќе бара репарации од Германија за Втората светска војна


Полската влада следната недела ќе го претстави извештајот за пустошот што и го нанесе на земјата нацистичката окупација за време на Втората светска војна, јави ДПА, повикувајќи се на парламентарната администрација во Варшава. Експертскиот извештај ќе биде претставен во Варшава на 1 септември – датумот на германската инвазија во 1939 година. Тој датум, исто така, […]

Во Германија пуштени во употреба 14 патнички возови на водород


  Во германската покраина Долна Саксонија беа пуштени во употреба 14 патнички возови на водород, наместо дизел возовите што претходно сообраќаа на неелектрифицирани пруги. Возовите користат водородни ќелии како извор на електрична енергија што ги придвижува моторите, а ги произведува француската компанија Алстом. Со нив управува регионалната железничка компанија LNVG, на маршрути меѓу северните градови […]

Германија реактивира уште една термоелектрана, опозицијата во Австрија спречи сличен план


За да заштеди гас, Германија враќа во употреба уште една термоелектрана на јаглен. Германската електрана треба да биде на мрежа од 27 август до крајот на април 2023 година. Се работи за термоелектраната Хајден во градот Петершаген во Северна Рајна – Вестфалија, близу границата со Долна Саксонија, соопшти операторот на електраната, енергетската компанија Унипер. Од […]

Расте минималната плата во Германија, скок и кај мини и миди работните места


  Од 1 октомври законски пропишаната минимална плата во Германија се зголемува на дванаесет евра на час од сегашните 10,45 евра. Што значи ова за луѓето со мини и миди работни места? Новата минимална плата носи промени и за маргиналните хонорарци на мини работни места и за вработените на средните работни места. Анке Маркс, адвокат […]

Блумберг: На Германија ѝ се заканува егзодус на фабрики поради енергетската криза


  Германија, индустрискиот центар на Европа, се соочува со потенцијален фабрички егзодус додека производителите на автоделови, хемикалии и челик се борат да ги апсорбираат високите цени на електричната енергија кои речиси секој ден достигнуваат нови рекорди, пишува Блумберг. Цените на струјата и гасот во Германија се зголемени повеќе од двојно за само два месеци, при […]