Пожар во болница во западна Германија: 28 повредени, 5 потешко


Вo пожарот во болница во западна Германија, што се случи вчера доцна вечерта, повредени се 28 лица, од кои пет потешко, соопшти локалната полиција, а пренесува агенцијата Дпа. Пожарот избувнал во соба за пациенти во болница во Хемер, град на околу 30 километри југоисточно од Дортмунд. Персоналот брзо почна да ги евакуира другите пациенти од […]

Германскиот извоз речиси стагнираше во јуни, странската побарувачка е прилично слаба


Германскиот извоз речиси стагнираше и во јуни, додека увозот драстично падна, покажуваат податоците на Заводот за статистика, што сигнализира слаба домашна и странска побарувачка. Извозот во јуни порасна за 0,1 отсто на месечно ниво, со исто темпо како и во мај, пресмета Дестатис врз основа на сезонски и календарски приспособени податоци. Увозот, пак, е намален […]

Секој четврти работник во Германија е на минимална плата


Речиси четвртина од вработените во Германија работат за минимална плата, односно заработуваат помалку од 14 евра на час, објави Федералниот завод за статистика. Од 39,8 милиони важечки договори за вработување во октомври, околу 9,3 милиони или 23,25 отсто се врз основа на минимална плата. Во исто време, пресметката не ги вклучува договорите за приправник, писува […]

Складиштата на гас во Германија веќе се на 84 проценти


  Германските капацитети за складирање гас беа исполнети до повеќе од четири петтини од нивниот капацитет многу пред средината на летото и веројатно ќе бидат целосно полни многу пред законскиот рок, проценија експертите во средата. Според податоците на европската асоцијација на оператори за складирање гас ГИЕ, капацитетот на резервоарите во Германија во вторникот наутро бил […]

Германија со забрзано темпо инсталира ветерни електрани


Отворањето на копнените ветерни електрани во Германија е забрзано во првата половина од годината со 331 нова ветерна турбина со вкупен капацитет од околу 1,56 гигавати, објавија денеска индустриските здруженија. Имајќи ги предвид исклучените ветерни турбини, капацитетите во првата половина од годинава се зголемени за 1,32 гигавати и се за 50 отсто повисоки во однос […]

Бундесбанк: Германија излезе од техничката рецесија во вториот квартал


  Германската економија постигна кревок раст оваа пролет, по техничката рецесија во два зимски квартали, проценува Бундесбанк во новиот месечен извештај. „Се чини дека личната потрошувачка е стабилизирана“, се вели во извештајот на германската централна банка во понеделникот. Дополнително за тоа придонесе добрата состојба на пазарот на труд, силниот раст на платите и фактот што […]

„Кина се промени“: Германија ја претстави стратегијата за намалување на зависноста од втората светска економија


  Германија во четвртокот објави дека ќе ја намали својата зависност од Кина во „критичните сектори“ вклучувајќи медицина, литиумски батерии што се користат во електричните автомобили и елементи неопходни за производство на чипови. Владата ја објави својата прва „Стратегија за Кина“, документ на 40 страници кој  нагласува дека Берлин мора да води во управувањето со […]

Германија собра неколку милијарди евра продавајќи земјиште за електрани на ветер


На првата аукција на четири локации на ветерни електрани во Северното и Балтичкото Море, германската Федерална агенција за мрежа собра вкупно 12,6 милијарди евра. За прв пат во Германија, корпорациите ќе треба да платат за правото да инсталираат турбини на ветер на брегот на северот на земјата. Најголем дел од парите ќе бидат наменети за […]

Германија најави пакет воена помош од 700 милиони евра за Украина


Германската Влада денеска најави нов пакет воена помош за Украина, кој е вреден 700 милиони евра. Пакетот вклучува два системи „Патриот“ од залихите на Бундесверот, 40 дополнителни пешадиски борбени возила „Мардер“, 25 дополнителни главни борбени тенкови „Леопард 1 А5“, како и пет оклопни транспортери „Бергепанцер“ 2, соопшти германското Министерство за одбрана. Се додава дека помошта […]

Легализирањето на канабисот во Германија ќе заштеди над една милијарда евра


Германското Министерство за здравство очекува планираната легализација на канабисот да им заштеди на агенциите за спроведување на законот, судовите и затворите во земјата повеќе од една милијарда евра (1,08 милијарди долари) трошоци годишно. Ова произлезе од ревидираниот предлог-закон што Министерството денеска го испрати до професионалните здруженија кои се занимаваат со ова прашање, рече портпаролот на […]

Кој е ризикот од ново заживување на нацизмот во Германија?


  Победата на локалните избори на кандидатот на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AФД) е историски најниска точка во германската демократија. Со овие зборови германската државна комесарка за борба против дискриминација ја коментираше неодамнешната прва победа на АфД на локалните избори во Германија. Кандидатот на AФД, Роберт Сешелман победи во вториот круг од изборите во […]

Германската покраина Саксонија-Анхалт го доби првиот избран екстремнодесничарски градоначалник од АфД


Екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) за првпат победи на изборите за градоначалник во источната германска покраина Саксонија-Анхалт и тоа е нејзина втора изборна победа во една недела. АфД на Твитер објави дека го има првиот избран германски градоначалник од АфД. Претходно, АфД имаше градоначалник во Бурладинген во јужната покраина Баден-Виртемберг до 2020 година, […]

Германија подготвена да распореди 4.000 војници во Литванија


 Германските власти денеска соопштија дека се подготвени да стационираат 4.000 војници во Литванија, откако балтичката земја го повика НАТО да го зајакне своето источно крило. „Германија е подготвена трајно да стационира робусна бригада во Литванија“, рече германскиот министер за одбрана Борис Писториус при посетата на Вилнус Тој нагласи дека постои услов за тоа – Литванија […]

Германските пратеници ги одобрија плановите за привлекување квалификувани работници


Германскиот парламент денеска ги одобри плановите за привлекување на повеќе квалификувани работници во најголемата европска економија за да се помогне во справувањето со недостигот на работна сила во се поголем број професии. Повеќето пратеници гласаа за планираниот „систем на бодови“ кој зема предвид професионално искуство и други фактори и е сличен на системите што ги […]

Намалување на ризиците или дистанцирање: како Германија планира да ги редефинира односите со Кина?


Додека германското Министерство за надворешни работи ја финализира стратегијата на својата влада за Кина и се обидува да ги надмине најновите несогласувања околу најсоодветната политика за справување со „земја партнер и противник во исто време“, кинескиот премиер Ли Чијанг и големата министерска делегација ќе ги посетат Берлин и Минхен, каде веќе почнаа консултациите на ниво […]

Војната во Украина: Долгата рака на Москва во Германија


  По протерувањето на руските дипломати, Канцеларијата за заштита на Уставот ја регистрира новата шпионска стратегија на Кремљ во Германија и предупредува на опасностите. -Руската војна против Украина значи и пресвртница за внатрешната безбедност, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер, презентирајќи го извештајот на Канцеларијата за заштита на уставот во Берлин за 2022 […]

„Шпигел“: Германија има уште само 20 илјади високо експлозивни артилериски гранати


Германските вооружени сили имаат уште само околу 20 илјади високо експлозивни артилериски гранати. Германскиот неделник „Шпигел“ ја објави оваа информација повикувајќи се на доверливи документи на Министерството за одбрана, подготвени да ја убедат Комисијата за буџет во врска со потребата од итна набавка.. Како што е наведено, германската Армија треба да направи околу 230 илјади […]

Затворањето на нуклеарките не ѝ наштети на Германија, тврди експерт


  Германскиот енергетски систем нема проблеми по затворањето на последните три нуклеарни централи во средината на април, тврди еден експерт. Снабдувањето со енергија по напуштањето на нуклеарната централа оди многу добро, изјави Клаудија Каемпферт од германскиот институт за економски истражувања. „Преостанатите три нуклеарни реактори произведоа нешто помалку од шест отсто од електричната енергија“ во Германија, […]

Пожар во најголемиот забавен парк во Германија


 Голем пожар избувна денеска во најголемиот забавен парк во Германија, Европа-парк, што доведе до евакуација на посетителите. На видео објавено на социјалните мрежи се гледа црн чад од дел од забавниот парк. Европа-парк е огромен забавен парк лоциран во градот Руст во покраината Баден-Виртемберг. Причината за пожарот засега не е позната. Паркот е отворен во 1975 […]

Лекар во Германија исчезна пред половина година – бил убиен


Германската полиција го пронајде телото на исчезнатиот 53-годишен лекар Штефен Браун во шума, соопшти јавниот обвинител Ерик Самел. Обдукцијата утврдила дека исчезнатото лице е убиено на „брутален начин“. Самел претпоставува дека сторителот или сторителите доаѓаат од непосредната околина на Браун. Инспекторите не сакаа да зборуваат за личните и семејните околности на жртвата. Полицијата го бараше […]