Поплави и свлечишта по силниот дожд во Германија


Обилните дождови доведоа до поплави и предизвикаа лизгање на земјиштето во западната германска покраина Сар во петокот. Зградите во главниот град Сарбрикен и другите општини мораа да бидат евакуирани поради зголеменото ниво на водата. Heavy flood at the street due to extreme rainfalls in Saarwellingen, Germany 🇩🇪 (17.05.2024) TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/NnrOiwmLg4 — Disaster […]

И Германија размислува за забрана на испораки на оружје за Израел


Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, изјави дека и Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат со дополнителни испораки на оружје за Израел, доколку нивната армија изврши голем напад врз градот Рафа, во јужниот дел на Газа. -Ова во моментов се разговара, изјави синоќа министерот за германскиот медиум ЗДФ. Меѓутоа, одговорноста […]

Кина повеќе не е главен трговски партнер на Германија


Соединетите Американски Држави ја престигнаа Германија во првиот квартал во трговијата со Кина и ја зазедоа позицијата на главен трговски партнер, пресмета Ројтерс врз основа на официјалната статистика. Вредноста на американско-германската трговија достигна 63 милијарди евра во периодот од јануари до март, покажуваат податоците на Дестатис. Кинеско-германската размена изнесува нешто помалку од 60 милијарди евра. […]

Уште еден социјалдемократ е физички нападнат во Германија


  Уште еден политичар е физички нападнат во Германија. Берлинската сенаторка за економски прашања Франциска Гифи, од Социјалдемократската партија (СПД), беше повредена во вторникот попладне во напад во библиотека во германската престолнина. „Госпоѓа Гифи ненадејно била нападната одзади од маж во библиотека […] околу 16,15 часот со торба полна со тврда содржина и удирана во […]

Германија поради европското фудбалско првенство воведува контроли на сите граници


Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер донесе одлука за суспендирање на Шенген системот и воведување гранични контроли на сите граници во пресрет на Европското првенство во фудбал, објавија германските медиуми. Првенството ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули годинава. Минатата година министерката се колебаше со месеци за носење ваква одлука, иако беше […]

Германија од 1 јуни ги менува правилата за работници од Западен Балкан


  Граѓаните на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија ќе уживаат привилегиран пристап до германскиот пазар на труд од 1 јуни 2024 година, според Регулативата за Западен Балкан. Тоа е затоа што Германија одлучи да го удвои бројот на визи што ќе ги добиваат граѓаните на овие пет земји за работа […]

Го помина ли германската економија најлошотот: БДП порасна 0,2 отсто во првиот квартал


Бруто домашниот производ на Германија порасна за 0,2 отсто во првиот квартал од 2024 година во споредба со претходниот, објави во вторникот Федералниот завод за статистика врз основа на прелиминарните податоци. Најголемата европска економија можеби го поминала најлошиот период, велат статистичарите. Германската влада виде повеќе знаци за промена на трендот во својата најнова прогноза. Сепак, […]

Шести ден од потрагата по момче (6) со аутизам во Германија. Го бараат 800 луѓе


Во Германија продолжува потрагата по Аријан, шестгодишното момче со аутизам, кое исчезна во понеделникот во малото гратче Бремерворде, пишува Билд. Денеска, според германските медиуми, во потрагата по момчето се вклучени 800 припадници на итната помош, а семејството апелирало до жителите на околните градови. Тие бараат од нив да ги прегледаат нивните имоти, градини и летниковци, […]

Европските пристаништа се полни со електрични автомобили кои чекаат купувачи


Германските Бремерхавен и Емден или Зeeбриж во Белгија се огромни пристаништа за претовар на автомобили. Но, нивните паркинзи се полни со кинески е-автомобили – и тоа не само затоа што има помалку купувачи. Гледано низ очите на шпедитер, автомобилите се посебна стока. Од една страна, тие не се толку гломазни како атомски реактор или нафтена […]

Кокаин пронајден во супермаркетите во Германија


Откриен кокаин во робата на неколку супермаркети во Берлин и Бранденбург, пренесува Билд, повикувајќи се на извор од безбедносни кругови. Дрогата ја пронашле работниците од тие продавници, се наведува понатаму, додавајќи дека биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин. Полицијата е пред маркетот и врши преглед на робата. Засега не се знае вкупната количина […]

Падна германскиот извоз на оружје


Според прелиминарните проценки, германските власти издале дозволи за извоз на оружје во првиот квартал од 2024 година во вкупен износ од 5,2 милијарди евра, објави денеска Министерството за економија на Германија на својата веб-страница. Германскиот извоз на оружје е повеќе од двојно зголемен во споредба со првиот квартал од 2023 година, кога изнесуваше 2,4 милијарди […]

Германија избегна рецесија во првиот квартал


Германската економија во првите месеци од годината оствари малку подобри резултати од очекувањата, оценува Бундесбанк во новиот месечен извештај. „Реалниот бруто домашен производ веројатно благо порасна во првиот квартал“, се вели во извештајот на централната банка во четвртокот. Економистите претходно предвидуваа блага рецесија. Во секој случај, не е сигурно дека економијата го пренела растот во […]

Во фарма во Германија изгореа илјадници свињи


Илјадници животни загинаа во пожар во голем објект за товење свињи во регионот Алтмарк во Саксонија-Анхалт во северно-централна Германија. Пожарникарите првично соопштија дека во пожарот загинале околу 20.000 свињи. Портпаролот на компанијата подоцна изјави дека умреле 1.750 маторици и непознат број прасиња. Според претставник на областа Салцведел, во регионот Алтмарк, вобичаено на една маторица доаѓале […]

Данска ја продолжува контролата на границите со Германија поради заканата од тероризам


 Данското Министерство за правда денеска соопшти дека земјата ја продолжува заострената контрола на границите со Германија за уште шест месеци поради, како што се наведува, континуираната висока закана од тероризмот. „Заканата од тероризам останува сериозна и дополнително се засили по конфликтот меѓу Израел и милитантните групи на палестинските територии. Центарот за анализа на тероризмот во […]

И роботите во продавниците мора да имаат одмор во недела, одлучи германскиот суд


Роботите во супермаркетите, според христијанските принципи, мора да имаат одмор во недела, одлучи германскиот суд, потврдувајќи ја вековната забрана за тргување во недела. Регионалниот синџир на продавници Тегут, кој експериментира со околу 40 целосно автоматизирани продавници, минува низ правна битка бидејќи синдикатот на услужниот сектор Верди верувал дека продавниците кои се отворени постојано може да […]

Германците, запрепастени од криминалот меѓу странците, сакаат да ја ограничат имиграцијата


Во Германија, во понеделникот, откако во јавноста протекоа податоците за стапката на криминал меѓу странското население, која значително се зголеми во последната година, повторно беше отворена дебатата за потребата од ограничување на миграцијата. „Овој многу негативен развој покажува колку е напната ситуацијата со интеграцијата на странците и затоа итно ни е потребна годишна горна граница […]

Aеродромскиот персонал во Германија и работодавачите постигнаа начелен договор


 Германското Сојузно здружение на компании за безбедност во воздухопловството (БДЛС) и претставниците на синдикатот Верди постигнаа начелен договор за платите, откако ангажираа независни посредници за да најдат решение за нивниот долгогодишен спор, пренесуваат британските медиуми. Според соопштението на БДЛС, начелниот договор предвидува зголемување на платите меѓу 13,1 и 15,1 отсто во рок од 15 месеци […]

Германија се соочува со тужба за геноцидот во Газа пред највисокиот суд на ОН


Германија, во понеделник, се соочува со обвинувањата на Никарагва пред највисокиот суд на ОН во Хаг дека „го олеснила извршувањето на геноцид“ врз Палестинците со обезбедување воена и политичка поддршка на Израел. Никарагва ја тужеше Германија пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), барајќи од судиите да преземат итни мерки за да го спречат Берлин да […]

Невообичаен метод: Полицајците во Германија ги соблекоа панталоните во знак на протест


Исфрустрирани од бескрајните чекања за униформи кои ги нема на залиха, полицијата во јужната германска покраина Баварија презеде необичен чекор за да го привлече вниманието на нивната мака. Во видеото објавено на YouTube и Instagram од државниот огранок на германскиот полициски синдикат (DPolG), двајца полицајци седнати во полициско возило меѓусебно се прашуваат: „Колку долго чекате? […]

Пресврт во германската мигрантска политика. За мигрантите посебни дебитни картички


Германија денеска го отвори патот за воведување на специјална дебитна картичка која ограничува како и каде барателите на азил можат да ги трошат парите што ги добиваат, во пресврт кон построга мигрантска политика. Трите парламентарни групи на коалициската влада на канцеларот Олаф Шолц се договорија за нацрт-законот што ќе оди на гласање во Долниот дом […]