Се преврти камион кај Стоби, блокиран автопатот Скопје-Гевгелија


Камион се преврти на автопатот Скопје -Гевгелија кај Стоби, при што зафати по две ленти во двата правца, па сообраќајот се одвива по една лента и кон Скопје, и кон Гевгелија. Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес,  информира дека неготинска полициска екипа е на терен и во тек е увидот на местото на настанот. Од […]

Совет на Гевгелија: „Не“ за рудници на Кожуф


На денешната вонредна седница Советот на општина Гевгелија едногласно го одби барањето за продолжување на геолошките истражувања на Кожуф од страна на фирмата „Резервоар Минералс“ ДООЕЛ Скопје. Ова е вториот негативен одговор на гевгеличани по референдумското „НЕ“ за истражување на металични минерални суровини на локалитетот „с. Коњско“ на Кожуф планина, пренесе порталот Gevgelijanet.  На денешната […]

Жител на Гевгелија пронајден починат во стан


Триесет и петгодишниот гевгеличанец Р.А. рано изутрината бил пронајден починат во стан на булевар „Гевгелија“. МВР информира дека увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

Патнички воз прегази жител на Миравци


Шеесет и четиригодишен жител на гевгелиското Миравци загина во несреќа што се случи на влезот од железничката станица во селото. Според полицијата, вчера околу 11.55 часот, возот што сообраќал од Гевгелија кон Миравци удрил во С.Г. (64), кој починал на самото место. По увидот, телото е предадено за обдукција.  

Бугарин го фати крстот во Гевгелија


Најсреќен меѓу четириесетината кои скокнаа по светиот крст во реката Вардар во Гевгелија беше 23- годишниот државјанин на Република Бугарија, Теодор Цветков од градот Русе. Свештените лица и многубројните граѓани на Гевгелија беа пријатно изненадени што првпат чесниот крст во Гевгелија го фати странски државјанин. Тие на Цветков му посакаа многу здравје и му порачаа […]

Само за викендите директен воз до Солун


Грчките железници ги известиле МЖ Транспорт дека експресниот воз 334/335 кој сообраќа на релацијата Солун -Белград и обратно од 12 јануари 2018 во деновите од понеделник до петок ќе сообраќа само до Гевгелија наместо до Солун и обратно. „Трејносе“ зема обврска во тие денови да ги превезува патниците со автобус од Гевгелија до Солун. Во […]

Серија земјотреси ги тресеа Дојран и Гевгелија


Доцна синоќа, по 23 часот, се регистрирани серија земјотреси кои потекнуваат од дојранското епицентрално подрачје. Најсилниот, со интензитет од 6-7 степени според Европската макросеизмичка скала, бил утрово во 5 часот и 24 минути. Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, овој земјотрес на 145 километри југоисточно од Скопје, со магнитуда од 4,8 […]

Го убил со 4.56 промили алкохол во крвта


Две лица се уапсени за вчерашното убиство на 41-годишниот Б.Р. од Гевгелија. Од полицијата информираат дека осомничени се К.И. (31), кој се товари за сторено убиство и Р.К. (43) за помагање. Случајот во МВР бил пријавен околу седум часот од страна на лекар од Итната медицинска помош. Според истрагата, злосторството се случило во куќата на Р.К.. […]

Мртов маж пронајден во Гевгелија


Четириесет и едногодишен гевгеличанец утринава е пронајден мртов во близина на касарната во Гевгелија. Неговото безживотно тело било забележано од случаен минувач околу седум часот, по што била повикана полиција. Утврдено е дека станува збор за Б.Р. (41), кој имал повреда во пределот на главата. Засега не е познато дали се работи за убиство.

Дождот не престанува, можно е излевање на водотеците


Најмногу дожд изминатите шест часа наврна во Гевгелија, 30 литри на метар квадратен, во Крушево 21 литар, во Демир Капија и Прилеп 19 и во Охрид и Битола 16 литри. Ако врнежите продолжат со очекуваниот интензитет, предупредува УХМР, можни се излевања на малите водотеци, додека големите имаат капацитет да ги примат врнежите без да се […]