Средба Гаши – Ковачевски: Алтернатива ќе се заложи за унапредување на државата кон европското семејство


Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши и потпретседателката на партија Сафије Садики-Шаини денеска имаа средба со претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Како што објави Гаши на својот фејсбук-профил, на средбата е разговарано за владиниот план за држава со европска и прогресивна ориентација. – Честитајќи му за новата задача на новоизбраниот претседател на Социјалдемократите, Ковачевски, меѓу другото, […]

Гаши: Исмаили е чист како солза, ако се утврди вина јас давам оставка


Ексминистерот за култура е чист како солза, изјави претседателот на Алтернатива, Африм Гаши вечерва во Дневникот на ТВ Сител, во однос на барањето од Антикорупциска да се покрене од страна на Обвинителството кривична постапка за поранешниот министер за култура, Хусни Исмаили, за кој постои сомневање дека ја злоупотребил службената положба и овластувања и го оштетил […]

Села чека Касами и Гаши да се смират, за Тачи не сака да чуе


Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села чека скараните другари од БЕСА – Билал Касами и Африм Гаши да ги надминат недоразбирањата, а потоа сите заедно да влезат во битка за соборување на ДУИ од власта. Во евентуалната коалиција против интегративците би имало место за сите, освен за ДПА на Мендух Тачи, кого Села го […]

(Видео) Беса на Африм Гаши ќе раководи со Министерството за Култура


Движењето Беса ќе раководи со Министерството за Култура, а кандидатот за таа функција ќе го номинира дополнително, изјави вечерва претседателот на оваа партија Африм Гаши. Тој вели дека нивното учество во Владата е стратешко и дека ќе помогнаат во процесите кои се важни за земјата. „Одлучивме да бидеме дел и на извршната власт. Иако пратениците на Движењето […]

Ахмети не сака да се пазари за министерските места


„Битката“ меѓу двете крила на движењето Беса за влез во Владата продолжува. Лидерите и на двете Беси, Билал Касами и Африм Гаши, веќе се сретнаа со премиерот Зоран Заев и главна тема на разговор беше вклучувањето во владината структура и засилување на парламентарното мнозинство. Крилото со кое раководи Билал Касами во емисија за ТВ21 кажа […]

Гаши: Премиерот треба да избере меѓу двете крила на Беса


Пратеникот Африм Гаши, кој го предводи едното крило на Беса, денеска изјави дека се на чекор до влез во Владата и ако тоа навистина се случи токму тие ќе бидат будното око на Владата, особено во делот на корупцијата. Гаши потврдува дека имале неколку средби со премиерот Зоран Заев, но вели дека премиерот го има […]

БЕСА на Гаши влегува во Владата


Скопското крило на БЕСА ќе стане дел од Владата, потврдуваат од партијата за „Независен весник“. Портпаролот Орхан Муртезани вели дека денеска имало средба меѓу Африм Гаши и премиерот Зоран Заев, при што се договорени најголем дел од работите. „Околу ресорите ќе се проговара наредниот период, бидејќи тоа не е приоритетно. Во моментов, Македонија е во […]

Косовскиот министер за внатрешни работи поднесе оставка


Министерот за внатрешни работи на Косово, Фламур Сефај  денеска поднесе оставка од фунцијата, како што претходно беше најавено. Сефај го информирал Харадинај за деталите и неговата вмешаност во апењето и депортацијата на шесте турски државјани. Во исто време, приштинските медиуми објавија дека косовскиот претседател Хашим Тачи е против разрешувањето на  директорот на Косовската разузнавачка служба Дритон […]

Касами и Гаши и натаму спорат чија е Беса


Борбата за партијата и за името на Беса добива на нов интензитет. И двете крила на оваа партија не попуштаат и инсистираат да го користат тоа име. Откако Основниот суд во Скопје одлучи дека Билал Касами е вистински претседател на движење Беса, тој преку прес-конференција ја поздрави оваа одлука и најави кривични пријави за сите […]

Пет пратеници од СДСМ и коалицијата, Зијадин Села, Африм Гаши не гласаa за Законот за јазици


Пратениците од СДСМ и коалицијата Маја Морачанин, Ферид Мухиќ, Ивана Туфегиќ, Лилјана Поповска и Тања Ковачев не гласаа за Законот за јазиците, покажуваат собраниските листинзи. Според листингот, не гласале ни Зијадин Села, лидер на Алијансата на Албанците, ни Африм Гаши, лидер на Движењето Беса. Собранието денеска  го изгласа Законот за употреба на јазиците без да ги разгледа […]

Крилото на Касами: Изборот на Гаши нема врска ни со БЕСА ни со Албанците


Крилото во БЕСА предводено од Биљал Касами го оспори конгресот на скопското крило на кој беше избран Африм Гаши за нов  лидер. „Денешниот собир претставен како партиски Конгрес нема врска со Движењето БЕСА и нејзината легитимна и легална структура. Доволно е да се види целосната слика, за тоа кој од поканетите беше во првите редови, […]

Касами: Јас сум претседател на Беса


Билал Касами, претседател на Движењето Беса, вечерва изјави дека партијата ќе ги поддржи сите реформски зафати на Владата за зачленување во НАТО и почнување преговори за членство во ЕУ и оти во тој правец не калкулира дали ќе влезе во Владата. Касами, кој беше гостин во Топ тема на телевизија Телма, рече дека на средбата […]