Гасот во Бугарија поскапува 30 отсто


  Бугарската државна компанија „Булгаргас“ потврди дека гасот ќе поскапи во јули. Новата цена ќе биде 186,47 бугарски лева (95,25 евра) по мегават час(MWh), пренесе Biznis.rs. Во бугарскиот парламент одржана е седница од затворен тип. а во текот на заседавањето пратениците разговарале со премиерот Кирил Петков и со министерот за енергетика Александар Николаев за безбедноста […]

Новиот гасовод меѓу Грција и Бугарија ќе ја намали зависноста од Русија


  АТИНА – Планинска и оддалечена, грчко-бугарската граница некогаш го формираше јужниот агол на Железната завеса. Денес, тоа е местото каде што Европската унија повторно ја исцртува енергетската карта на регионот за да ја олесни неговата голема зависност од рускиот природен гас. Новиот гасовод – изграден за време на пандемијата на Ковид-19, тестиран и кој […]

Како Европа стана зависна од рускиот гас? Тоа е уште од ерата на Реган


  Јазикот во  меморандумот на ЦИА беше недвосмислен: гасоводот долг 5.600 километри од Сибир до Германија е директна закана за иднината на Западна Европа, се вели во него, бидејќи создава „сериозни последици“ од опасно потпирање на руското гориво. Но ова не е денешен брифинг на Агенцијата за претседателот Бајден. Тоа беше совет за претседателот Реган […]

Почеток со работа на гасоводот ТАП, најзначајна странска инвестиција во Албанија


Албанскиот претседател, Илир Мета, го поздрави почетокот со работа на трансјадранскиот гасовод, ТАП, оценувајќи го овој проект за најважна странска инвестиција во неговата земја. Гасоводот ТАП, што ги испорача првите барели гас во Италија, според Мета, значително ја зголемува независноста на Европа од рускиот гас. -Го поздравувам почетокот на снабдувањето со природен гас за Западна […]

Прекинат преносот на гас преку „Јамал-Европа“


Пумпањето на гас преку гасоводот Јамал-Европа од Русија до Германија е прекинато од денеска во 9 часот по московско време, покажуваат податоците на германскиот оператор Гаскад (Gascade) и на аукциската платформа ГСА Платформ (GSA Platform). Гаспром вчера го закупи капацитетот на Јамал-Европа од околу 750.000 кубни метри на час, што претставува речиси 20 проценти од неговата вкупна […]

Бектеши: Заинтересирани сме за создавање на гасоводот Петрич-Струмица


 Заинтересирани сме за создавање на гасоводот Петрич-Струмица,  рече министерот за економија на Северна Македонија, Крешник Бектеши за БНТ, истакнувајќи дека цел на Владата е продлабочување на соработката со Бугарија, како и со другите соседни земји, јави дописникот на МИА од Софија. Тоа, посочи Бектеши, важи и за енергетскиот сектор, особено за диверзификацијата и снабдувањето со […]

Ратификувано учеството на ДЕСФА во акционерската шема на Гастрејд


Учеството на Националниот оператор на системот за природен гас ДЕСФА (DESFA SA) во акционерската структура на Гастрејд (Gastrade SA) – компанијата што ја развива пловечката единица за складирање и регасификација (Floating Storage and Regasification Unit, FSRU) на течен природен гас (LNG) во Александрополис – со стекнување на 20 отсто на нејзиниот акционерски капитал од страна […]

„Северен тек 2“ би можел да добие лиценца за работа кон средина на годината


Гасоводот „Северен тек 2“, што транспортира руски гас во Германија, би можел да добие германска лиценца за работа кон средината на годината, изјави Клаус-Дитер Мајбах, извршен директор на германскиот косопственик на проектот, компанијата „Унипер“. Гасоводот, изграден од концернот предводен од руски „Гаспром“, беше завршен во септември минатата година и се чека конечна дозвола од германскиот […]

Со заем од ЕИБ ќе се реализира гасоводот од грчката граница до Неготино


Европската инвестициска банка (ЕИБ) обезбеди заем од 28,9 милиони евра за изградба на делницата во земјава на гасниот интерконектор со Грција. Заемот од ЕИБ е надополнување на грантот од 12,4 милиони евра од Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) за техничка помош и имплементација на проектот. Договорот за заемот за реализација на делницата долга 68 […]

Бесими: Обезбедена финансиската рамка за гасоводот кон Грција


Обезбeдени се средства за реализација на проектот за изградба на интерконективен гасовод меѓу Република Северна Македонија и Грција, информира министерот за финансии Фатмир Бесими по потпишувањето на Договорот за гаранција со потпретседателката на Европската инвестициска банка, Лилјана Павлова. Воедно се потпиша и финансискиот договор меѓу Национални енергетски ресурси (НЕР) и ЕИБ. Вкупната инвестициска вредност на […]

Експлозија на гасовод во Иран, најмалку петмина мртви


Во експлозија на гасовод во југозападен Иран загинаа најмалку пет лица, а шестмина се повредени, но се стравува дека бројот на жртви ќе расте. Експлозијата го оштети гасоводот меѓу градовите Ахваз и Махшахр, во близина на Персискиот залив, а за сега нема информации што ја предизвикало експлозијата. Шефот на пожарната служба во Ахваз, Али Торабпур, […]

Водно се копа без мерки за заштита од ерозија


Изградбата на гасоводот на Водно продолжува без да се води сметка за безбедноста на работниците, обвинува граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“. Оттаму реагираат дека багерите во моментов се наоѓаат на работ на бездна, длабока и над 160 метри, во правец кон селото Шишево, а не се применуваат никакви мерки за заштита од ерозија. Заштитата од […]

Шилегов: Гасоводот е како бременост што не може да се прекине


Еколошките здруженија и институциите се сретнаа уште еднаш на дебата за трасата на гасоводот низ Водно и повторно излегоа убедени, секој во своите ставови. Договорија нова, трета по ред средба, но овој пат во организација и под услови на невладините организации. На втората дебата, која се одржа на Средно Водно, се соочија „Го сакам Водно“ […]

Гасоводот низ Водно за експертите на вистинско место, за граѓаните одземање на белите дробови на Скопје


Изградбата на магистралниот гасовод од Скопје кон Гостивар со крак кон Тетово низ Водно предизвика широки полемики во јавноста. Експертите и Владата сметаат дека се гради токму таму каде што треба, а невладините организации, пак, порачуваат дека со изградбата на гасоводот низ Парк шумата Водно се одземаат белите дробови на градот. По сугестиите на невладините […]

Кој нè стави пред свршен чин за гасоводот?


На Водно деновиве багерите мируваат, но тоа не значи дека темата го изгуби вниманието на јавноста. Екологистите, но и граѓаните и понатаму будно го следат секој чекор што се презема на сртот на планината. Изградбата на делницата на магистралниот гасовод за Западна Македонија е запрена, но тоа ни малку не го намалува стравот колкава ќе […]

Екологистите и институциите вкрстија аргументи за Водно


Само 1,7 хектар шума од 2.500 хектари, колку што има на Водно, ќе се исечат за да се изгради магистралната делница на гасоводот кон Западна Македонија. Ова, според директорот на МЕР, Бајрам Реџепи, е многу малку за да се смета дека со проектот се уништува планината. За екологистите, пак, секој зафат во заштитеното подрачје е […]

Гасовод да има, но не низ Водно


Екологистите не прифаќаат гасоводот да поминува низ Водно. Коалицијата „Го сакам Водно“ е против и скратување и изменување на трасата и инсистираат Владата да понуди алтернативен пат за делницата 5 која треба со гас да ја снабдува Северозападна Македонија. „Кажуваме силно да за гасовод, но не низ Водно. Владата вчера најави почнување на градежните работи […]

Водно ќе се брани со жив штит


Граѓаните ќе го бранат Водно со жив ѕид. Еколошките здруженија вчера споделија апел на социјалните мрежи со кој бараат волонтери кои ќе ја чуваат планината од багерите. Незадоволни од одлуката на Владата трасата на магистралниот гасовод кон Гостивар да поминува по сртот на Водно, екологистите најавуваат порадикални мерки за одбрана на заштитената парк-шума. „Да го […]

Тргнете ги багерите од Водно


Да се тргнат багерите од Водно, додека не се донесе издржано и заеднички прифатливо решение за трасата на магистралниот гасовод кон Гостивар, побараа вчера екологистите од Владата. Тие алармираа дека градежните машини деновиве повторно сечат дрвја на сртот, каде што биле узурпирани околу 200 метри шума. Побараа целосно да се дислоцираат бидејќи се сомневаат дека […]

Гасоводот останува на Водно, екологистите изненадени


Гасоводната делница Скопје – Тетово – Гостивар ќе поминува на Водно, одлучила Владата. Според директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР), Бајрам Реџепи, гасоводот ќе се гради по спорната рута во заштитеното подрачје, но со мали измени на самиот врв на Водно каде што има високостеблеста шума и намалување на ширината на работниот појас од 25 […]