Промоција на програмата за „Галичка свадба“ и претставување на годинашните младенци


Програмата на годинашното издание на Галичка свадба денеска официјално ќе биде претставена на прес-конференција во Скопје. На настанот ќе бидат претставени и годинашните младенци, облечени во традиционалните галички свадбарски носии. Пред присутните ќе се обратат генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ, државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија Станчевска-Ѓоргова, претседателот на месната […]

Викендов Галичка свадба, манифестацијата ќе почне вечер со монодрама за Пулевски


Од денеска попладне до недела во Галичник ќе се одржува традиционалната Галичка свадба на која годинава младенци се Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски. Нивната венчавка во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник, со извршување на вековните свадбени обичаи и обреди, ќе биде в недела, 13 јули, што е и централен настан на манифестацијата. […]

Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска годинешни зет и невеста за Галичката свадба


Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска се овогодинешните зет и невеста за Галичката свадба 2025, соопштија денеска од Месна заедница Галичник. -Јован, потомок на галичкото семејство Филипоски, уште како дете чекорел низ Галичник облечен во носија, сонувајќи еден ден да ја води свадбата. Од најрана возраст активно учествува во сите обичаи. Неговата избраничка, Лилјана, веќе ја […]

Следниот викенд Галичка свадба, Илчо Димитров и Елена Дураковска годинашни младенци


Илчо Димитров (28) и Елена Дураковска (24)  годинава се зет и невеста на 48. издание на Галичката свадба, која ќе се одржи следниот викенд, од 15 до 17 јули во Галичник, на планината Бистра. Карактеристично за годинешната манифестација е што покрај нив, во црквата „Свети Апостол Павле” во ист ден ќе бидат венчани и Искра […]

Галичка свадба 2019: Марина Петровска и Огнен Караѓозовски се новите младенци


Марина Петровска и Огнен Караѓозовски се младенците на традиционалната Галичка свадба, која годинава од 12-14 јули ќе се одржи по 46. пат. Покровител на манифестацијата годинава е претседателот Стево Пендаровски, беше соопштено на денешната прес-конференција во „Пивара Скопје“. Галичката свадба со години е прогласувана за најуспешна туристичка манифестација кај нас, а од Њујорк Тајмс и […]

Почнува 45. Галичка свадба


Со поставување на свадбарското знаме денеска во преубавиот амбиент на селото Галичник на Бистра планина ќе почне 45. издание на Галичката свадба, една од најспектакуларните културни манифестации во земјата. Младенци на годинашната манифестација се Тања Лепческа, со потекло од Галичник и Златко Димовски. Тие се избрани во конкуренција од четири пара. Лепческа од својата петта […]

Викендов 45. Галичка свадба, концерт во пресрет на манифестацијата


Во пресрет на 45. Галичка свадба која ќе се одржи викендов, на платото пред чешмата Упија во Галичник вечер од 22 часот ќе се одржи концерт на Влатко Стефановски, оперската певица Весна Ѓиновска-Илкова и групите „Тоа е тоа“ и „Бенд офф“, со што ќе почне и Галичкото културно лето. Во преубавиот амбиент на селото Галичник на […]

Тања Лепческа и Златко Димовски младоженци на Галичка свадба 2018


Тања Лепческа и Златко Димовски се младоженци на годинешното 45. издание на Галичката свадба, што ќе се одржи од 13 до 15 јули во преубавиот амбиент на селото Галичник на Бистра планина. Александар Костиќ, претседател на Месната заедница „Галичник“, која е организатор на манифестацијата на денешната прес-конференција во Скопје изјави дека се горди што Галичката […]

Галичка свадба меѓу најдобрите европски фестивали според „Њујорк тајмс“


„Њујорк тајмс“ ја вброи Галичката свадба меѓу деветте најдобри европски фестивали кои вредат да се посетат. На листата се наоѓаат фестивали од Шведска, Шпанија, Германија, Шкотска, Чешка, Италија, Македонија и два фестивали во Франција. Галичката свадба во своето опстојување придонела да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се […]