Зошто Египет е толку важен за мировниот план на Трамп за Газа


Американскиот специјален претставник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, алудираше на клучната улога на Египет во постигнувањето на договор за првата фаза од планот на претседателот Доналд Трамп за Газа, кога му рече на Претседателот Абдел Фатах ал-Сиси дека пробивот не би бил можен без неговата поддршка. Египет очигледно повторно се враќа во центарот на вниманието, […]

Булдожерите на улиците ја враќаат надежта за Газа, но уништувањето има апокалиптични размери


Палестинците се враќаат во северна Газа откако беа протерани од израелските сили за време на двегодишниот геноцид, а тешката механизација веќе се гледа на улиците на Газа како ги расчистува урнатините. Работата може да трае со години. Тие се решени да го вратат она што останало од нивните домови, но многумина се враќаат во урнатините. […]

Хамас: Нема да учествуваме во потпишувањето на мировниот договор во Египет


Палестинската исламистичка група Хамас соопшти дека нема да учествува во официјалното потпишување на договорот во Египет, чија цел е да се стави крај на војната во Газа. „Хамас нема да учествува во процесот на потпишување. Ќе присуствуваат само медијатори, заедно со американски и израелски претставници“, изјавија извори во организацијата. Покрај САД и Египет, Катар помогна […]

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет


Светски лидери од повеќе од 20 земји ќе присуствуваат на самитот што е закажан за утре во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик, со цел да се стави крај на војната во Појасот Газа, соопшти претседателството на Египет. Состанокот се одржува откако претходно оваа недела беше постигнат прекин на огнот и договор за ослободување на заложници меѓу […]

Десетици илјади Палестинци се упатија кон северот на Газа


  Десетици илјади Палестинци се упатија кон северна Газа откако израелската војска соопшти дека стапил на сила договорот за прекин на огнот. Почетокот на израелската офанзива во Газа по нападот на Хамас на 7 октомври предизвика околу еден милион Палестинци да избегаат од северниот дел на регионот. Првичното повлекување на израелските сили од делови од […]

„Трамп е како нескротлив џин“: Како беше склучен договорот за примирје во Газа


  Во политиката е добро позната поговорка дека успехот има многу родители, но неуспехот е сирак. Освен кога е вмешан Доналд Трамп, во тој случај има само еден родител. Сепак, многу земји и поединци имаат право да истапат напред за да побараат авторска улога во договорот за кој се надеваат дека ќе стави крај на […]

Трамп: Ја завршивме војната во Газа


Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека синоќа е постигнат „историски успех“ на Блискиот Исток. – Ја завршивме војната во Газа и всушност, на многу пошироко ниво, создадовме мир. Мислам дека тоа ќе биде траен мир, се надевам вечен мир, истакна Трамп. Тој додаде дека преостанатите заложници треба да бидат ослободени „в понеделник или […]

Трамп: Договорот за Газа е блиску, можеби ќе го посетам Блискиот Исток во текот на викендот


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека постои можност да го посети Блискиот Исток во текот на претстојниот викенд и дека е многу блиску до договор за прекин на огнот во Појасот Газа. Тој им изјави на новинарите во Белата куќа дека преговорите напредуваат добро и дека постои „голема шанса“ да се постигне договор за […]

Израелски медиуми: Планот на Трамп за Газа ќе се дефинира утре на преговори во Египет


Израел е подготвен да испрати делегација во Египет на разговори за мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денеска израелските медиуми. Цитирајќи лице вклучено во преговорите, медиумите наведуваат дека израелските претставници треба да заминат во текот на денов, а разговорите би можеле да започнат в недела. Засега нема нема официјална потврда од Израел. Безбедносни […]

Планот на Трамп за Газа прифатлив и за Исламски џихад


Палестинската група Исламски џихад соопшти дека се согласува со ставот на Хамас за планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот во Појасот Газа. Изјавата на Хамас, како што посочуваат, го одразува и ставот на другите палестински групи. Исламски џихад соопшти дека „одговорно учествувал во консултациите што доведоа до оваа одлука“, објави Ал […]

Политичкото раководство на Израел ѝ нареди на армијата да ги намали офанзивните активности во Газа


Врвните функционери на Израел ѝ наредија на војската да ги намали офанзивните активности во Газа откако изјавија дека се подготвуваат за „итна имплементација“ на првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, објавија израелските медиуми. Медиумите известуваат дека политичката елита на Израел го наредила ова откако Хамас одговорил на планот. Хамас објави […]

Судбината на Хамас е запечатена: Египќаните откриваат како ќе изгледа иднината на Газа


Египетскиот министер за надворешни работи, Бадр Абделати, изјави дека визијата на Каиро за решение на кризата во Газа е јасна и се базира на итен прекин на огнот, крај на секојдневните убиства и геноцид и крај на израелските политики што го кршат меѓународното право, како во Појасот Газа, така и на Западниот Брег. Во интервју […]

Израелската војска ја опколи флотилата за помош на Газа и прогласи вонредна состојба


Израелски воени бродови се приближија до флотилата за помош што се упатува кон Газа, а на бродовите е прогласена вонредна состојба. Речиси 50 бродови учествуваат во флотилата „Глобал Сумуд“, а меѓу 500-те луѓе на бродот се климатската активистка Грета Тунберг, поранешната градоначалничка на Барселона и внукот на Нелсон Мандела, Нкоси Зееливелиле, како и членови на […]

Повеќе од 30 луѓе загинаа во израелските напади врз градот Газа


Најмалку 32 луѓе загинаа во синоќешните израелски напади врз градот Газа, соопштија палестинските здравствени власти. И покрај меѓународниот притисок за прекин на огнот во палестинската енклава, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја продолжува војната. Тој во обраќањето пред Генералното собрание на Обединети нации изјави дека Израел „треба да го заврши тоа што го почна“ против Хамас. […]

Протече планот на Трамп за Газа по војната: Палестинците нема да бидат раселени, Израел ќе се повлече


Соединетите Американски Држави (САД) им презентираа на неколку арапски и муслимански лидери нацрт-план, кој содржи 21 точка, за кој велат дека има за цел да ја заврши војната во Газа и да го отвори патот за создавање независна палестинска држава. „Тајмс оф Израел“ имаше ексклузивен пристап до документот што администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп […]

Грција вети дека ќе ги заштити бродовите од флотилата што пловат кон Газа во нејзините води


  Грција ќе гарантира безбедно поминување на бродовите што моментално се во нејзините води како дел од меѓународна флотила што се упатува кон Газа, изјави во четврток грчкиот министер за надворешни работи, додавајќи дека Атина го информирала Израел дека грчки државјани се во флотилата. Глобалната флотила Сумуд користи околу 50 цивилни бродови за да се […]

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег


 Европската комисија донесе одлука да одобри дополнителни 50 милиони евра помош како одговор на „катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа и за справување со растечките хуманитарни потреби на Западниот Брег“.   Со ова, како што соопшти Еврокомисијата, вкупната итна хуманитарна помош на ЕУ за Газа и Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим, годинава достигна 220 […]

Додека светот ја признава независноста, Палестинците се борат за опстанок: Децата во Газа постојано се тресат од звуците на експлозии


Додека сè повеќе земји ја признаваат Државата Палестина, израелската армија се продлабочува во најнаселените области на градот Газа, продолжувајќи ја својата офанзива. Палестина сега е признаена од 80 проценти од членките на Обединетите нации, што е значаен дипломатски пробив по речиси две години војна, која се соочува со жесток отпор од Израел и САД. Сепак, […]

Во Италија демонстрации, штрајкови и блокади за осуда на геноцидот во Газа


Во повеќе италијански градови денеска се одржуваат демонстрации, штрајкови и блокади на повик на синдикатите за да се „осуди геноцидот во Газа“ и да се воведат економски и дипломатски санкции против Израел. Италија засега не сака да се приклучи на одлуката на низа држави кои овие денови го признаа постоењето на државата Палестина, а со […]

Десет болни и повредени деца од Газа пристигнаа во Велика Британија на лекување


Критично болни и повредени десет деца од Газа пристигнаа со своите семејства во Велика Британија на лекување, објави денеска британската Влада. Светската здравствена организација (СЗО) објави дека учествувала во евакуацијата на десетте деца, а во наредните недели се очекуваат уште. Децата и нивните семејства прво беа евакуирани од Газа во Јордан, каде што за нив […]