Стотина туристи заглавени на вулканскиот масив Толбачик на Камчатка, ќе бидат евакуирани со хеликоптер


Вкупно 149 лица се отсечени кај вулканот Толбачик на рускиот полуостров Камчатка, откако невреме го уништи патот што води до локалитетот, соопшти прес-службата на локалните власти. Од нив, 117 се туристи и водичи и тие ќе бидат евакуирани, додека преостанатите 32 лица се возачи кои засега ќе останат со своите возила до пробивањето на патот […]

Редок природен феномен во Албанија: Вулкан од кал се појави кај Белш


На висорамнината Думре, во близина на Белш, централна Албанија, се појави редок природен феномен познат како вулкан од кал. Според првичните информации без никакви претходни потреси или предупредувања, се отворил кратер со голем дијаметар, ослободувајќи огромни облаци природен гас во воздухот и изнесувајќи илјадници тони врела сулфурна кал на површината. – По настанот, геолози и […]

Вулкан еруптира во Индонезија, загинаа тројца алпинисти – во тек е потрагата по другите 


Тројца алпинисти кои се искачуваа на планината Дуконо во Индонезија загинаа откако утровоеруптираше вулканот. Снимките и фотографиите од ерупцијата на островот Северни Молучки покажуваат дека вулканот исфрла столб пепел во воздух, висок и до 10 километри. Трите жртви беа дел од група од 20 Сингапурци и Индонезијци кои планинареа и покрај ограничувањата. Остатокот од групата […]

Вулкан еруптираше на Филипините


Вулкан во централниот дел на Филипините еруптираше рано утрово, исфрлајќи пепел од околу 800 метри во воздух, што ги натера властите да го одржат сегашното ниво на тревога, јавува Анадолу. Според Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Phivolcs), ерупцијата на вулканот Канлаон се случила кратко по зората, при што пепелта се ширела кон запад. Второто […]

Над 300 семејства евакуирани на Филипините поради вулканска пепел


 Повеќе од 300 семејства беа евакуирани на Филипините откако огромни количини пепел еруптираа од вулканот Мајон поради колапсот на лавините од неговите падини, соопштија денеска локалните власти. „Немаше експлозивна ерупција од Мајон, кој еруптираше повремено од јануари, но огромните лавини на неговата југозападна падина одеднаш се срушија во лавина од жешки карпи, пепел и гас […]

Земјата се отвора по 10.000 години: Ерупција на вулкан во Етиопија испрати пепел до Арабија


Етиопскиот вулкан Хајли Губи еруптираше во недела за прв пат во запишаната историја, исфрлајќи огромен облак од пепел што се прошири до Арапскиот Полуостров. Ерупцијата започна околу 11:30 часот по локално време и испрати облак од пепел висок и до 15 километри. Геолозите наведуваат дека немало никаква активност на овој вулкан во последните 10.000 години, […]

Ерупција на вулканот Шинмое во Јапонија, пепелта се крена до 5,5 километри во воздухот (Видео)


Вулканот Шинмое на јапонскиот остров Кјушу еруптираше денеска, исфрлајќи пепел 5.500 метри во воздух, објави локалната канцеларија на Јапонската метеоролошка агенција. Ерупцијата се случи утрово во 4:53 часот по локално време. Јапонската метеоролошка агенција го зголеми нивото на тревога на три од пет, повикувајќи ја јавноста да се воздржи од приближување кон кратерот. #BREAKING #JAPAN […]

(Видео) По силниот земјотрес, еруптира вулкан на Камчатка


Вулканот Клјучевска Сопка на Русија на полуостровот Камчатка започна да еруптира откако силниот земјотрес го погоди Тихиот Океан во средата, објави геолошкиот надзор, пренесува Ројтерс. Во изјавата објавена на Телеграм, геофизичката служба на Руската академија на науките рече: „Течење на црвена, жешка лава е забележано на западниот наклон. Над вулканот има силен сјај, експлозии”. Клјучевска […]

Еруптира вулканот Левотоби Лаки-Лаки (видео)


Вулканот Левотоби Лаки-Лаки на индонезискиот остров Флорес повторно еруптираше денес, испраќајќи огромен столб од пепел околу 18 километри кон небото. Ерупцијата во 11 часот по локално време беше придружена со гласна експлозија и пирокластични текови кои се движеа околу пет километри северно и североисточно од кратерот, според Дирекцијата за вулканологија и геолошки опасности (PVMBG). Овие […]

Во Индонезија еруптираше вулканската планина Левотоби


Вулканската планина Левотоби, лоцирана во индонезиската провинција Источно Мали Сунди денеска еруптираше и исфрли пепел во висина до 3.500 метри, соопшти Агенцијата за вулканологија и ублажување од геолошки катастрофи. Поради густите сиво-црни облаци од пепел на авионите им е забрането да летаат под 5.000 метри во близина на вулканот. Во исто време е издадено и […]

Вулканот ќе еруптира! Енкориџ се подготвува – се купува вода и храна


Десетици земјотреси ја потресоа земјата во близина на мегавулканот на Алјаска висок 3.374 метри, за кој експертите стравуваат дека е „блиску до ерупција“. Опсерваторијата за вулкани на Алјаска (АВО) забележала 55 земјотреси во изминатата недела, вклучително и неколку „роеви“ кои формираат повеќекратни земјотреси брзо последователно. Се заканува активирање на мегавулканот Официјалните лица велат дека зголемената […]

Еруптира вулкан во Индонезија


 Ерупцијата на вулканот Левотоби Лаки-лаки во Индонезија исфрли облаци од пепел високи повеќе од осум километри, соопштија локалните власти, подигнувајќи го статусот на тревога на највисоко ниво, додека австралиска авиокомпанија откажа некои летови за Бали. Голема вулканска ерупција во провинцијата Источна Нуса Тенгара синоќа следеше по десетици помали регистрирани на 13 март, се вели во […]

Еруптираше еден од најактивните вулкани во светот (видео)


Еден од најактивните вулкани во светот синоќа еруптираше на Хаваите, втор ден по ред. 🚨🇺🇸 Mt. Kilauea Volcano in Hawaii has just started erupting Billions of tonnes of natural Co2 spewing out into the Earths atmosphere. But sure keep thinking spending billions on Carbon Capture & stopping Cows Farting is going to change the Weather. […]

(Видео) Вулкан еруптираше на Хаваи, научниците земаат примероци од лава


  Еден од најактивните вулкани во светот повторно еруптираше во Националниот парк вулкани на Хаваи.   Ерупцијата се случила во област оддалечена околу 10 километри од најблискиот пат. Во моментов нема непосредна закана за човечкиот живот или инфраструктурата.   Според локалните медиуми, Килауеа еруптира во неделата навечер, а активноста на вулканот се зголемила во вторникот, […]

Вулканот Шивелуч на Камчатка исфрли облак од пепел во височина од осум километри


Вулканот Шивелуч на полуостровот Камчатка, кој еруптираше во текот на ноќта, исфрли облак од пепел во висина од околу осум километри, соопшти денеска локалната канцеларија на руското Министерство за вонредни состојби. „Пепелта се шири кон североисток, во правец на заливот Озерни, но на патот на нејзиното ширење нема населени места“, се наведува во извештајот. Спасувачите […]

Италијанските власти го кренаа на највисоко степенот на опасност за вулканот Стромболи


Вулканската активност на островот Стромболи, северно од Сицилија, ги натера италијанските власти вчера да го покренат нивото на тревога од портокалово на црвено, јави ДПА. Локалните авторитети ги повикаа жителите на островот да ги следат упатствата на цивилната одбрана. Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) соопшти дека на Стромболи е регистрирана зголемена вулканска активност. […]

Вулкан на Камчатка во Русија исфрли пепел во висина од пет километри


Вулканот Каримски на Камчатка на рускиот Далечен Исток денеска исфрли пепел во висина до пет километри, а пепелта може да покрие населени места, соопшти Министерството за вонредни ситуации на Русија. Во соопштението се наведува дека пепелта се шири во правец на северозападните населени места и дека е загрозен природниот резерват Кронотски. Од Министерството посочуваат дека […]

Новата ерупција на индонезискиот вулкан Ибу крена столб од пепел висок пет километри


Вулканот Ибу на островот Халмахер, во Индонезија, денеска повторно еруптираше исфрлајќи пепел до висина од пет километри, соопшти Индонезиската вулканолошка агенција. Ерупцијата на вулканот траела околу две минути, а во радиус од седум километри од кратерот се забранети сите активности на населението, се наведува во соопштението. Вулканот Ибу во мај и почетокот на овој месец […]

Фонтани од вжештена лава течат надвор од одбранбените ѕидови на Гриндавик


Вулкан во југозападен Исланд еруптираше во средата по петти пат од декември, исфрлајќи огромни текови лава кои се закануваат да го отсечат градот Гриндавик и поттикна евакуација на светски познатата Сина лагуна. Драматично видео и слики од местото на настанот покажуваат фонтани од вжештена лава како пука во воздух покрај пукнатина долга 3,4 километри во […]

(Видео) Повторно еруптираше вулкан на Исланд. Прогласена вонредна состојба


На југозападниот дел на Исланд, повторно еруптираше вулкан, поради што властите го евакуираа познатиот геотермален спа центар Blue Lagoon, познат по топлата вода со прекрасна сина боја и малиот рибарски град Гриндавик. Ова е петта ерупција во областа од декември. Исландската метеоролошка служба (ИМО) наведува дека новата пукнатина од која избива лавата е долга повеќе […]