Африм Фидани избран за претседател на Врховен суд


Судскиот совет денеска го избра врховниот судија Африм Фидани за претседател на Врховен суд на Република Северна Македонија. Фидани беше избран за претседател со 8 гласа за и пет против. Кандидат беше и претходната претседателка на Врховен суд, Беса Адеми, кој доби само два гласа. Дискусијата помеѓу членовите на Судскиот совет при изборот беше во […]

Врховниот суд одржа седница на судии, Адеми ги информира за кривичната постапка против Наке Георгиев


Врховниот суд на Република Северна Македонија одржа седница на судии на која претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, ги информираше врховните судии во врска со започната кривична постапка против судија на Врховниот суд, преземените активности и соработка со надлежните институции во врска со случајот и решението за времено оддалечување од вршењето […]

Уапсен судија од Врховен суд поради сомневање за примање награда за противзаконито влијание


Полицијата денеска уапсила судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Од МВР дополнуваат дека се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител. […]

Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор


 Врховниот суд в четврток ќе одржи јавна седница по изјавената жалба на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелацискиот суд Скопје за мерката притвор. Ова е втора јавна седница пред Врховниот суд по мераката притвор на таткото на Вања. –  Врховниот суд ја известува јавноста дека по изјавената жалба на […]

Во Врховен утре јавна седница по жалбата за продолжениот притвор на таткото на убиената Вања


Во Врховниот суд на Република Северна Македонија утре со почеток од 12 часот ќе се одржи јавна седница по жалбата против мерката притвор на Александар Ѓорчевски, осомничен во предметот за убиството на неговата ќерка, Вања Ѓорчевска. Како што информираат од Врховен, во кривичниот предмет познат во јавноста како „Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска“, пред Врховниот […]

Повлечена иницијативата пред Врховен во врска со прашањето за помилувањата


 Врховниот суд информира дека иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење за прашањето за дадените помилувања на поранешниот претседател Ѓорге Иванов е повлечена од самиот предлагач, адвокатот Миле Наумовски. – Врховниот суд на Република Северна Македонија известува дека на ден 27.10.2023 година, до Врховниот суд доставен е поднесок од адвокат Миле Наумовски, […]

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани


 Врховниот суд на Република Северна Македонија ги одби како неосновани жалбите на обвинетите за случајот „Монструм“ и ја потврди во целост пресудата на Апелациониот суд Скопје од 31 март 2022 година. – Постапувајќи во случајот познат во јавноста како „Монструм“, по одржаната јавна седница на ден 27.06.2023 година и по одржаното советување и гласање на […]

Врховен суд го одби барањето: Нема да се преиспитува пресудата за „Јавна соба“


Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија на вчерашната седница ги одби како неосновани поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда по предметот познат во јавноста како „Јавна соба“. -Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда Квп2.бр.23/2023 со која барањата за вонредно преиспитување на […]

Судскиот совет ги избра Анита Бошковска и Катерина Георгиевска за судијки во Врховниот суд


 Судскиот совет на денешната 436-та седница ги избра Анита Бошковска и Катерина Георгиевска за судијки во Врховниот суд од граѓанска област. На огласот за избор на четири судии во Врховниот суд, од кои двајца за кривична област и двајца за граѓанска област, беа пријавени по петмина кандидати, но Судскиот совет не избра ниту еден од […]

Врховен: Да се објавуваат и неправосилните судски одлуки


Врховниот суд на Република Северна Македонија соопшти дека нивниот начелен став за објавувањето на неправосилни судски одлуки е нотиран во Извештајот на Стејт департментот за човековите права за 2022 година, во кој се советуваат пониските судови да ги објавуваат не само правосилните, туку и неправилните судски одлуки, особено во случаите кога се работи за предмети од […]

Врховен суд ги одби барањата на Панчевски


Врховниот суд ги одби барањата на експретседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски за преиспитувањето на правосилната пресуда. Па така, врховните судии ја сметаат за исправна затворската казна од две и пол години која ја одреди Кривичниот суд, а ја потврди Апелација. „Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на ден 13.07.2022 година […]

Јово Вангеловски осуден за злоупотреба на службената положба и овластување


 Поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски е огласен за виновен и е осуден на една година и шест месеци затвор, но казната му е заменета за условна, доколку во наредните четири години не стори ново кривично дело, потврдија за МИА од Основниот кривичен суд Скопје. -По изведените докази завршните зборови донесена е првостепена пресуда. […]

Вангеловски и претседателите на судовите го прифатија предлогот за подобрување на статусот на судиите


Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски и претседателите на сите судови во Република Македонија го прифатиле предлогот за спогодба за комплексно подобрување на статусот на судиите во државата, соопштуваат од Врховниот суд. На средбата, што била одржана вчера, присуствувале и претседателот на Судскиот буџетски совет, Зоран Караџовски и претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, […]

„ТНТ“ одложен за 13 април, Врховен ќе одлучува за изземање на судиите


Одбраната на обвинетите во предметот на СЈО „ТНТ“ на денешното рочиште побара изземање на судечкиот совет, претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев и в.д. претседателот на Апелацискиот суд Лидија Димчевска. По барањата одлучува Врховниот суд во рок од три дена. Претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев, кажа дека се уште нема одговор од Врховен суд […]