Владејачката Тиса го номинира поранешниот претседател на унгарскиот Врховен суд за нов претседател на земјата


Владејачката партија Тиса во Унгарија го номинираше Андраш Бака, поранешен претседател на Врховниот суд, за нов претседател на земјата, објави денеска пратеничкиот клуб на партијата на Фејсбук. Се очекува Парламентот на седница во вторник да го избере Бака на оваа претежно церемонијална функција, што е симболичен чекор во напорите на премиерот Петер Маѓар да ги […]

Тежок удар за Трамп – Врховниот суд го поништи воведувањето на царините


  Врховниот суд во петокот пресуди дека претседателот Доналд Трамп го прекршил федералниот закон кога еднострано вовел сеопфатни царини низ целиот свет, што е силен пораз за Белата куќа по прашање кое е централно за надворешната политика и економската агенда на претседателот. Одлуката е веројатно најважниот пораз што втората администрација на Трамп го претрпе во […]

Врховниот суд им помогна на републиканците за изменетата конгресна мапа во Тексас


  ВАШИНГТОН — Поделениот Врховен суд во четврток им притрча на помош на републиканците во Тексас, дозволувајќи изборите следната година да се одржат според планот за прераспределба на изборните конгресни единици, кој е поволен за Републиканската партија и дава поттик за претседателот Доналд Трамп, и покрај пресудата на понискиот суд дека мапата веројатно дискриминира врз […]

Поранешна претседателка на Врховниот суд на Црна Гора осудена на една година и девет месеци затвор


Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора Весна Меденица денеска е осудена на една година и девет месеци затвор, а судијката на Трговскиот суд Милица Влаховиќ Милосављевиќ на шест месеци затвор.  Во обвинението се наведува дека Влаховиќ Милосављевиќ сторил кривично дело злоупотреба на службена должност, а Меденица – злоупотреба на службена должност со поттикнување, […]

Врховниот суд на Бразил го осуди Болсонаро за подготвување воен удар


  Мнозинството судии на Врховниот суд на Бразил гласаа за осуда на поранешниот претседател на земјата, Жаир Болсонаро, за заговор за воен удар, оставајќи го крајнодесничарскиот популист соочен со децениска казна за водење на криминалниот заговор. Судијката Кармен Лусија Антунес Роча во четврток пресуди дека Болсонаро – поранешен падобранец кој беше избран за претседател во […]

Почина претседателката на Врховниот суд на Русија


71-годишната претседателка на Врховниот суд на Русија, Ирина Подносова, почина во Москва по тешка болест, објави руската државна новинска агенција ТАСС. Подносова го водеше највисокото судско тело на Русија од 17 април 2024 година, кога беше назначена како единствен кандидат и номинирана од рускиот претседател Владимир Путин. Таа ја презеде функцијата по смртта на Вјачеслав […]

Врховниот суд на САД нема да ги преиспитува одлуките на пониските судови за оружје


Врховниот суд на Соединетите Американски Држави денеска соопшти дека нема да ги преиспитува одлуките на пониските судови во врска со оспорувањето на законитоста на државните ограничувања за јуришни пушки, како и оспорувањето на законитоста на шаржерите со голем капацитет. Судиите на Врховниот суд одбија две жалби, откако пониските судови ја потврдија забраната во Мериленд за […]

Врховен суд: Граѓаните ќе може да ја тужат државата ако немаат чист воздух


Врховниот суд денеска на општа седница утврди начелен став дека „државата е должна да обезбеди здрава животна средина, меѓу кои и правото на чист воздух, како поединечно право на граѓаните“, по поднесена Иницијатива од страна на Адвокатското друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“, за утврдување начелен став и правно мислење, за тоа колку државата обезбедува услови […]

Во Врховниот суд јавна седница по жалбата за продолжениот притвор на таткото на убиената Вања


Во Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска со почеток од 12 часот ќе се одржи јавна седница по жалбата против мерката притвор на Александар Ѓорчевски, осомничен во предметот за убиството на неговата ќерка, Вања Ѓорчевска. Како што информираа од Врховен, во кривичниот предмет познат во јавноста како „Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска“, пред Врховниот […]

Судскиот совет добил претставка и постапува по одлуката на Врховен суд за зградата на ССМ


Судскиот совет на Република Северна Македонија соопшти дека со внимание ги следи реакциите во јавноста, во врска со одлуката на Врховниот суд, која се однесува на Сојузот на синдикатите на Македонија и во рамките на своите надлежности презема дејствија во насока на констатирање на состојбата. До Советот доставена е претставка од Сојузот на синдикатите на […]

Врховен суд: Објектите дадени на користење од поранешните општествено-политички заедници се државна сопственост


Откако ССМ денеска обелодени дека ќе им биде одземен објекотот кој работниците го граделе со сопствени средства уште во 1952 година, по пресуда на Врховниот суд, од судот појаснуваат дека сите објекти кои биле добиени на користење од страна на поранешните општествено-политички заедници и самоуправни интересни заедници, се државна сопственост. Врховниот суд вели дека на […]

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани


 Врховниот суд на Република Северна Македонија ги одби како неосновани жалбите на обвинетите за случајот „Монструм“ и ја потврди во целост пресудата на Апелациониот суд Скопје од 31 март 2022 година. – Постапувајќи во случајот познат во јавноста како „Монструм“, по одржаната јавна седница на ден 27.06.2023 година и по одржаното советување и гласање на […]

Врховен суд: Донесувањето на законски измени без транспарентен процес е спротивно на европските стандарди


Донесувањето на законски измени без транспарентен процес е спротивно на европските стандарди, е заклучокот на денешната седница на Одделот за казниви дела при Врховниот суд, во врска со измените на Кривичниот законик, а за кои не било побарано мислење од врховните судии. Од Врховниот суд известуваат дека на денешната седница беа разгледани и измените во […]

Потпретседателот на Врховниот суд на Грција си поднесе оставка


Потпретседателот на Врховниот суд на Грција и претседател на граѓанскиот сектор во судот Христос Ѕанерикос денеска си поднесе оставка, по реакциите во земјата откако јавно излезе со став за новиот амандман на Владата поврзан со учеството на изборите на партијата на осудениот поранешен пратеник од Златна зора, јави дописничката на МИА од Атина. Амандманот на […]

Врховен суд ги одби барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда за предметот „Шпион“


Судечкиот совет на Одделот за казниви дела вчера на седница одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот познат во јавноста како „Шпиoн“. -Судечкиот совет на Одделот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда со која барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од осудениот […]

Судовите да објавуваат на интернет неправосилни пресуди кои се од јавен интерес, смета Врховниот суд


Судовите, донесените одлуки (пресуди и решенија) кои не се правосилни и кои се однесуваат на предмети од јавен интерес да ги објавуваат на веб страницата на судот, гласи начелниот став на Врховниот суд на Република Северна Македонија, утврден на денешната општа седница. Начелниот став на Општата седница, како што информираат бил, предложен од претседателот на […]

Врховниот суд на САД ќе го укине правото на абортус?


  Врховниот суд на САД би можел да го укине националното законско право на абортус, според невидениот протечен нацрт на документ од судот. Во нацрт-мислењето од 98 страници, судијата Семјуел Алито пишува дека одлуката „Ро против Вејд“ од 1973 година за легализирање на абортусот низ САД е „огромно погрешна“. Доколку највисокиот американски суд ја укине […]

Медиуми: Уапсена поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора Весна Меденица


Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, Весна Меденица, е уапсена доцна синоќа на аеродромот во Подгорица, јавија подгоричките медиуми, повикувајќи се на полициски извори. Медиумите наведуваат дека Меденица е во просториите на Центарот за безбедност во Подгорица и дека во текот на денот ќе биде на распит во обвинителството. Претходните денови подгоричкиот портал […]

Гир: Врховен суд – пример за успешна приказна


Врховниот суд на Република Северна Македонија, според шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, е успешна приказна и пример за работа која има одличен учинок и ја зајакнува сопствената улога како клучна судска институција. Амбасадорот Гир, во својот говор по повод одбележување на 31 март „Денот на правосудството”, организиран од […]

Врховниот суд ja укинал пресудата за Панчевски поради сторени повреди на Законот за кривичната постапка


Врховниот суд на Република Северна Македонија по повод донесената пресуда по предметот за судијата Владимир Панчевски информира дека ja укинал пресудата на Апелацискиот суд Скопје, поради сторени повреди на одредбите на Законот за кривичната постапка во однос на неодржување на јавна седница пред Апелацискиот суд, иако тоа го барал обвинетиот во изјавената жалба. -Врховниот суд […]