Најмногу снег во Лазарополе, најстудено во Берово


Утринава најмногу снег, четири сантиметри има во Лазарополе, а најстудено е во Берово и Петровец каде се измерени минус четири Целзиусови степени. Времето е ведро и студено, во североисточниот дел од земјата со слаб ветер од променлив правец. Снежна покривка од два сантиметри има и во Маврово, а минималните температури се движат од минус три […]

Облачно со повремен дожд


Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите ќе започнат во западните делови каде ќе бидат поинтензивни (локално околу 20 л/м2), а до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјава. Температурата ќе се движи од четири до 11 степени. Во […]

Облачно со дожд и снег на планините


Времето во Македонија е облачно со врнежи од дожд, главно со слаб интензитет. На планините над 1000 метри надморска височина има и врнежи од снег. Долж Повардарието дува слаб до умерен ветер од северен правец. Изутринава не се забележани минусни температури. Најстудено било во Ѓуриште, Маврово, Крушево и Лазарополе каде се измерени 0 степени. Во […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Изутрината ќе има услови за провејување на слаб снег во западните и северозападните делови од земјата. Повремено засилен ветер ќе дува на југоистокот. Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од три до 10 степени. Во Скопје слично време, […]

Дождовите ќе ги зголемат водостоите


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) очекува врнежите од дожд што се предвидуваат и за наредните два дена да предизвикаат зголемување на водостојот и да ги наполнат речните корита на водотеците низ земјава. Во текот на денешниот ден врнежите од дожд беа најзастапени во западните и јужните делови од земјата. Според последните мерења од метеоролошките станици, […]

Обилни врнежи од дожд се очекуваат попладнево


Во Македонија утрово е облачно со врнежи од дожд и дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во текот на денот врнежите од дожд на повеќе места ќе бидат обилни, особено во јужните и централните делови. Локално ќе има услови и за пороен дожд и грмежи. Максималната температура денеска ќе движи од 10 до […]

Променливо облачно со утринска магла во котлините


Времето во Македонија ќе биде повремено облачно, наутро со услови за појава на магла во котлините. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој ќе биде најизразен в долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од четири до девет, а дневната од 12 до 18. Во Скопје слично време, пoвремено облачно, наутро со услови за […]