Американската компанија „Теламон“ ќе инвестира во Македонија


Американската компанија „Теламон“ ќе вложи четири милиони евра во капацитет во Македонија во кој според бизнис планот на компанијата, предвидени се 300 нови вработувања во првите пет години. Информацијата за предлог – договорот за доделување на државна помош на друштво за производство и трговија „Теламон Европа Македонија ДООЕЛ Скопје“ беше усвоена на вчерашната владина седница. […]

Филипче: За шест месеци 1.000 вработувања во јавното здравство


 Во последните шест месеци во јавното зравство во земјава се  реализирани 1.000 вработувања од кои најголемиот дел се доктори, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче при посетата на велешката болница. Тој најави дека и од крајот на овој месец ќе почнат првите специјализации, а поголема бројка доктори ќе почнат со специјализации од септември при […]

СОНК се жали на селективни постапки на судии за наставници


Околу 1.700 наставници, чии договори истекуваат до крајот на август, чекаат да им биде трансформиран работниот однос од определено на неопределено време. Во исто време, преку канцеларијата на адвокатот Ванчо Шехтански се водат 120 судски постапки, тужби, по основ на трансформација, бидејќи по истекот на  договорите, вработени во основното и средното образование но и во […]

Вработувања на неопределено време во основните и средните училишта


Владата на вечерашната седница донесе одлука за вработувања на неопределено време во основните и средните училишта. – Владата на седницата ја прифати информацијата за вработувањата во основните и средните училишта и донесе одлука Министерството за образование и наука да побара согласност од Министерство за финансии за вработување на лица на неопределено работно време во дејноста […]

Во здравството треба да се вработат 2.300 лица, најмногу доктори


Во здравствениот систем во државата треба вкупно да се вработат околу 2.300 луѓе, најмногу доктори. Во Агенцијата за вработување има регистрирано 1.100 невработени медицински сестри и нешто помалку од 200 доктори, покажала анализата на Министерството за здравство. Во медицинските центри низ државата, без градот Скопје, се потребни 380 доктори. – Сите да можеме да ги […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во ЕЛЕМ вработува партиски кадри без оглас


Додека АД ЕЛЕМ се соочува со пропусти во производството и загуби, раководството на претпријатието наместо во нови инвестиции и развојни проекти парите ги троши за вработување на партиски кадри, сметаат во ВМРО – ДПМНЕ. „СДСМ без распишан оглас за вработување ги вдоми во АД ЕЛЕМ на државна плата синот на Мирослав Грчев, човекот за кој […]

„Алкалоид“ со пораст во инвестициите, вработувањата и добивката


„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – декември 2017 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех. Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – декември, соопштија од компанијата, продажбите достигнуваат 6.932.176.270 денари, што е за осум отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката […]

Одобрени нови 266 вработувања во градинките на неопределено време


​Министерството за труд и социјална политика известува дека 226 работни места во детските градинки, на кои повеќе години се вработувал кадар на определено време, се конечно сигурни, соопштија од МТСП. Министерството за труд и социјална политика обезбеди согласност од Министерството за финансии за вработувања на неопределено време на 226 работни места во јавните установи за деца-детски градинки, за трајно испразнети […]

Оглас за вработувања во Јавното претпријатие за државни патишта


Јавното претпријатие за државни патишта, објави оглас за вработување на работници на определено време до крајот на 2018 година. Според огласот Агенцијата за патишта вработува советник за правни работи, подготовка и следење на експропријација, во Одделението за правни работи, застапување, подготовка и следење на експропријација во Секторот за правни работи, човечки ресурси и општи работи, […]

Фрчат огласи за државни вработувања


Продолжува трендот на нови вработувања во државната администрација. Само во последните неколку дена објавени се огласи за нови вработувања во Владата, во неколку јавни институции, државни фирми и општини. Најголем дел од новите огласи се за привремени вработувања преку авторска агенција, а дел за продолжување на договорите на определено време од една година на веќе […]

Градската болница „8 Септември“ вработува 60 медицински сестри


Градската општа болница „8 септември“ објави оглас за вработување на 60 медицински сестри на неопределено време. Со тоа ќе се пополнува недостигот од средномедицински кадар, поради што четири хируршки сали и три одделенија се затворени речиси цела година. Најголем е недостигот од сестри инструментарки и сестри за анестезија, потребни кога се прават операции. Ова е […]