До крајот на 2025 бројот на вработени во зоните ќе биде помал за 30 отсто, вели Филипче


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција изјави дека бројот на вработени во технолошко-индустриските зони ќе биде помал за околу една третина, повикувајќи се на проценките на партискиот економски тим. Тој не прецизираше колкава е таа бројка, но рече дека само од компанијата „Аптив“, која најави затворање, без работа ќе останат околу 500 […]

Се намалува бројот на вработени во индустријата, во јули биле за 3,8 отсто помалку во однос на истиот месец лани


Бројот на работниците во индустријата е намален за 3,8 отсто во јули 2025 во однос на јули 2024 година, соопшти денес Државниот завод за статистика. Уште понеповолно е ако се споредува бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, при што намалувањето […]

Администрацијата на Трамп нареди намалување на бројот на вработени во Управата за храна и лекови


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нареди намалување на бројот на вработени во Управата за храна и лекови (ФДА) во текот на викендот со отпуштање на вработени одговорни за безбедноста на состојките на храната, медицинските помагала и други производи. Вработени по договор во ФДА добија известувања дека нивните работни места се укинуваат, според неименувани претставници […]

Во Хрватска лани во просек биле вработени 1,6 милиони лица


Во периодот од јануари до декември 2023 година, во Хрватска во просек биле вработени милион и 603 илјади лица, а 104 илјади биле невработени, при што стапката на вработеност за лицата на возраст од 15 до 64 години изнесувала 65,7 отсто во тој период, а невработеноста е 6,2 отсто, покажуваат податоците на хрватската статистика. Податоците […]

Лани имало 1,5 милиони работоспособни лица, 688.296 биле вработени


Во 2023 година вкупното работоспособно население во земјава изнесувало 1.515.107 лица од кои како активно население биле регистрирани 791.647 лица, при што 688.296 биле вработени, а 103.351 лице е регистрирано како невработено. Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на активност во овој период е 52,3, стапката на вработеност 45,4, додека стапката на невработеност […]

Лани активни биле 66.830 фирми со 435.468 вработени


Во земјава минатата година активно работеле 66.830 пазарно ориентирани деловни субјекти, во областа на индустријата, градежништвото, трговијата и останатите услужни дејности, а оствариле вкупен промет од 2.056.948 милиони денари и додадена вредност од 388.623 милиони денари, соопшти Државниот завод за статистика. Деловните субјекти ангажирале 435.468 вработени лица, за што издвоиле 196.552 милиони денари. Најголем промет […]

Се повеќе вработени во ТИРЗ, во моментот има 16.500 работници


Растот на извозот и работните места во ТИРЗ продолжува и во февруари. Редовната месечна анализа покажува дека компаниите во ТИРЗ во февруари реализирале извоз од над 330 милиони евра што е за 20% повеќе од јануари годинава. Споредено со вториот месец во изминатите години, извозот сега е повисок за 26% во однос на 2021, односно […]

Продолжува падот на вработени во индустријата, годинава биле за 1,5 отсто помалку


  Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2022 година во однос на истиот период лани е намален за 1,5 проценти, додека во септември 2022 година во однос на септември 2021 бележи пад од 0,4 отсто. Како што соопшти Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на […]

Тренчевска уверува: Нема отпуштања, преку преземања вработените ќе одат во институции каде недостасува таков кадар


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24 зборуваше за препораките од Планот за фискална оддржливост кои се однесуваат на вработените во јавниот сектор. „Согласно препораката за рационализација и оптимизација на вработените во јавниот сектор, секоја институција треба да направи функционална анализа, која е неопходна за да може […]

„Макпетрол“ ги награди вработените со новогодишен бонус од 30.000 денари


Трудољубивоста и професионалноста се карактеристики коишто се исклучително ценети, без коишто успесите и напредокот не се можни, поради што „Макпетрол“ постојано ги наградува своите вработени и редовно го проширува тимот со најквалитетниот кадар. Сето ова е дел од долгорочната стратегија на компанијата. – Изминативе две години, откако светот го зафати пандемијата со Ковид-19, којашто потоа […]

Филипче: Изминатите шест месеци вработени се 1.100 лица во јавното здравство


Во изминатите шест месеци околу 1.100 лица се вработени во јавните здравствени установи, најмногу доктори и сестри, а многу малку административни работници. Ќе продолжиме да ги имплементираме сите мерки со цел да ги задржиме младите доктори во државата, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека ќе продолжат со зголемување на платите од септември, дополнително и од […]

Со реорганизацијата на Тутунски комбинат Прилеп доброволно заминуваат 222 вработени


Од прилепскиот Тутунски комбинат 222 вработени доброволно ќе заминат со пакет-отпремнини кои им беа понудени, соопшти денеска компанијата. Според раководството на комбинатот, бројот на пријавени бил голем, а доброволното заминување од компанијата било спроведено во соработка со Синдикалната организација и било транспарентно. Со ова заврши и последната фаза на реорганизацијата на компанијата со што се […]

Во првото тримесечје вработени 749.892 лица, невработеноста 21,6 отсто


Од вкупно 956.640 лица активно население во Македонија, вработени се 749.892, а невработени 206.748 лица, покажува анкетата за работна сила на Државниот завод за статистика за првото тримесечје од 2018 година. Стапката на активност во овој период е 56.9, стапката на вработеност 44.6, додека стапката на невработеност изнесува 21.6 отсто.

Минатиот месец исплатени над 784 000 евра за вработените по Рамковен


Вработените според  Рамковен договор кои не се распоредени на работни места, ќе добијат понуда да одат на работа не само во јавната администрација како досега, туку во целиот јавен сектор, што подразбира дека може да бидат ангажирани во училишта, градинки, здравствени установи, јавни претпријатија. Како што изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан […]

Вработените по Рамковен ќе се распределат низ целиот јавен сектор


Вработените според Рамковен договор кои не се распоредени на работни места, ќе добијат понуда да одат на работа не само во јавната администрација како досега, туку во целиот јавен сектор, што подразбира дека може да бидат ангажирани во училишта, градинки, здравствени установи, јавни претпријатија…Тоа се овозможи откако беа променети четири закони што ја покриваат проблематиката […]

Вработени во „Веибо Груп“ го блокираа патот Куманово-Крива Паланка-три месеци не земале плата


Поради протестот на 200 работници од „Веибо Груп“ од Крива Паланка, магистралниот пат Куманово – Крива Паланка беше блокиран три часа. Работниците искажувајќи револт го блокираа патот поради тоа што од денеска останаа на улица со три неисплатени плати и придонеси за здравствено осигурување, како и К-15. На протестот на работниците пристигна и градоначалникот на […]

Заев: Никој што работи чесно нема да биде избркан


Премиерот Зоран Заев вели дека Владата нема намера да отпушта работници и оти никој, кој чесно работи и си ја заработува платата нема да биде избркан, но, како што посочи сите треба редовно да доаѓаат на работа. Тој одговарајќи на новинарско прашање дали и зошто од работа во Владата се отпуштаат Роми кои претходно биле […]

Откажан штрајкот на машиновозачите, ќе ја чекаат ноемвриска плата


Вработените во МЖ Транспорт на денешниот состанок се договорија да не ја спроведат претходно донесената одлука утре да го прекинат железничкиот сообраќај поради најавата дека во текот на неделава ќе им биде исплатена во целост ноемвриската плата, изјави за МИА Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал во МЖ Транспорт ад Скопје. Раководството на МЖ Транспорт […]

Тројца вработени во АЕК земале плата, а не оделе на работа


Тројца вработени во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во изминатите две години земале плата, но не се појавувале на работа, или доаѓале само неколку месеци. Ова го покажува мониторинг-извештајот за работата на Агенцијата кој го подготви „Евротинк – Центар за европски стратегии“, НВО „Инфоцентар“, „Транспарентност Македонија“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права. Во периодот од […]

За две недели на сметките на вработените треба да легнат по 9.174 денари


Работодавачите имаат уште две недели да исплатат регрес за годишен одмор, или кај работниците популарно познат како К-15. На сметките на сите вработени во приватниот сектор до крајот на годинава треба да легнат по 9.174 денари, или 40 отсто од просечната нето плата. Фирмите што не го исплатиле регресот во претходните 10 месеци ќе мораат […]