Колку е моќна иранската, а колку израелската армија?


  Израел завчера започна копнена инвазија во Либан, а вчеравечер дојде до нова ескалација – израелската армија соопшти дека од Иран биле истрелани ракети кон Израел. Сирените се огласија низ Израел. Веста доаѓа откако висок функционер на Белата куќа изјави дека САД имаат индиции дека Иран се подготвува наскоро да изврши напад со балистички ракети […]

Војниците во Србија 75 дена ќе бидат на интензивна обука – што содржи таа?


Србија реши повторно да воведе задолжително служење воен рок, а тој треба да трае 75 дена, додека војниците кои ќе одбијат оружје, односно ќе се повикаат на приговор на свеста, ќе се обучуваат пет месеци или 155 дена. Обуката ќе опфати употреба на оружје, медицинска обука и заштита од разни опасности во мир и војна, […]

Вучевиќ: Владата е подготвена да поднесе закон до Собранието за враќање на задолжителниот воен рок


Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека апсолутно го поддржува враќањето на задолжителниот воен рок и дека Владата на Србија е подготвена, доколку се постигне политички и општествен договор, многу брзо да донесе ваков предлог-закон и да го поднесе до Собранието на усвојување. – Владата е подготвена многу брзо да оди со тој предлог […]

Украинците навлегле уште 10 километри кај Курск. Но која е поентата на оваа операција?


  Украинските трупи продолжуваат да ја прошируваат својата зона на контрола во регионот Курск во Русија, и покрај ветувањата на руското воено раководство дека ќе го запре нивното напредување и ќе им нанесат пораз. По напредувањето на 20 километри од границата во вторникот и окупирањето на површина од приближно 300 квадратни километри, до средата наутро […]

Одлуката е донесена: Се зајакнува армијата, се регрутираат странски државјани


Австралискиот министер за одбрана Ричард Марлс денеска изјави дека земјата ќе започне со регрутирање на неавстралиски државјани во армијата. Марлс изјави дека целта на овој потег е да се пополни недостигот од 4.400 регрути во австралиските одбранбени сили, чија цел е да има вкупно 63.400 луѓе во активните сили, пренесува АП. Австралиската влада си постави […]

Покани за воени вежби во Србија. Доколку одбијат, се соочуваат со затвор


Последниве недели повторно масовно пристигнуваат покани за воени вежби на адресите на граѓаните и регрутите низ Србија. Одењето на овие вежби често значи пропуштање на работа или факултет, па многумина воопшто не присуствуваат, иако тоа е законска обврска, што резултира со парични или затворски казни. Поканите пристигнуваат на вратите на воените обврзници во сите делови […]

Иран и Израел се две воени суперсили: Во бројки кој има поголема војска, кој има повеќе борбени авиони


Страницата World of Statistics ги спореди иранските и израелските воени капацитети во бројки, како и некои други интересни информации за овие две земји. И Израел и Иран се воени суперсили. Иран има 610.000 активни војници од 87,6 милиони жители, додека Израел има 170.000 од околу девет милиони. Iran 🇮🇷 vs Israel 🇮🇱 Total Population:Iran 🇮🇷: […]

Германскиот министер за финансии против повторно воведување на задолжителна војска


Германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер изјави дека е против повторното воведување на задолжителна воена служба за зајакнување на армијата на нацијата, Бундесверот, јави ДПА. -Економските трошоци за задолжителната воена служба би биле многу високи со оглед на недостигот на работна сила во општеството што старее, рече Линднер за ДПА. Наместо тоа, тој повика на […]

Што јадат македонските војници?


  „Далма фуд и кетеринг сервис“ е задолжена за исхраната на македонската војска, потврдува договорот потпишан на 26 февруари годинава. На веб страницата е-набавки може да се најде договорот што Министерството за одбрана го потпишало со оваа компанија, вреден 6 милиони евра за една година. Договорот ги содржи сите поединости, при што интересен е начинот […]

Пленковиќ избегнал воен рок? Сега сака да ги праќа хрватските деца во војска


Премиерот на Хрватска и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, сака по секоја цена да воведе задолжителен воен рок, пред избори. Истиот тој Пленковиќ,  се спаси од воен рок, непосредно пред војната во Хрватска. Актуелниот премиер наполни 18 години во 1988 година. Се запишал на Правен факултет, но тогаш не било лесно да го избегне воениот […]

Вучиќ: По 1 мај, конечна одлука за евентуално враќање на обврската за отслужување војска


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека денеска претставниците на Генералштабот на војската на Србија и на Министерството за одбрана му презентирале „убедлив аргумент“ дека е неопходно да се врати обврската за служење војска и дека им наредил до 1 мај да му ги достават сите предлози на таа тема. „Ќе видиме дали таа (воената […]

Белгија на дното во НАТО според процентот на издвојувања од Буџетот за одбраната


Во текот на 2023 година Белгија намени 1,1 отсто од својот државен Буџет за потребите на одбраната, што ја сместува земјата на претпоследното место според издвојувањата за потребите на одбранбениот сектор меѓу членките на НАТО.   Полошо рангирана земја од Белгија меѓу 25-те држави опфатени со анализата на германскиот истражувачки институт Ифо е само Луксембург, […]

Американската војска сака да создаде армија од роботи, а целта е да испрати порака


Војската на САД има нова иницијатива која има за цел да создаде достапни и разновидни роботски системи во повеќе домени, менувајќи го пејзажот на конфликтот и стратешката одбрана. Американската војска ги откри своите планови за производство на илјадници автономни системи за оружје во следните две години како одговор на зголеменото влијание на Кина. Заменик-секретарот за […]

Косовската полиција покрена истрага за натписот „Кога војската ќе се врати на Косово“


Косовската полиција вчера покрена „интензивна истрага“ и отвори случај за „предизвикување омраза, поделби и нетрпеливост“, поради натпис испишан на јавна површина покрај главниот пат во општина Зубин Поток, во северно Косово, кое е населено со мнозинско српско население, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение на полицијата се вели дека „на заштитниот ѕид […]

Нигериската армија спасила 25 заложници, меѓу кои и деца, киднапирани од исламските бунтовници


Нигериската војска денеска соопшти дека спасила 25 заложници, главно жени и деца, кои ги држеле исламските екстремистички бунтовници во североисточниот регион на земјата, кој е во центарот на џихадистичкото насилство од 2009 година. Нигериската армија соопшти дека нејзините сили ги спасиле заробениците за време на „операција за чистење“ во областа Гвоза во државата Борно. Четиринаесет […]

За Словенија утре заминуваат најмалку 100 војници


  Министерката за одбрана Славјанка Петровска најави дека утре за Словенија ќе заминат сто војници од различен состав кои ќе одговорат на потребите на словенечката армија. – Жалам што и оваа трагедија што се случува во Словенија се користеше за разни шпекулации, изнесување лаги и невистини во македонската јавност, дека доцниме со помошта. Не сакавме […]

Војникот кој се заканувал дека ќе го убие премиерот на Белгија е уапсен


 Поранешен војник кој објави видео во кое се заканува дека ќе го убие белгискиот премиер Александре Де Кроа е приведен во Норвешка. РТБФ ова го објави повикувајќи се на белгиското федерално обвинителство. Сем Х. (29) на видеото, на кое му се гледа лицето, покажува фотографија на која премиерот неколку пати виси на дрво, а потоа […]

Хрватите купуват оружје за 3,8 милијарди евра


Хрватското Министерство за одбрана во периодот од 2021 до 2026 година ќе набави оружје, муниција и опрема во вредност од 3,8 милијарди евра. Како што пишува денеска Јутарњи лист, помал дел од тоа, во износ од околу 223 милиони евра, се донирана воена помош од Соединетите Американски Држави и Европската Унија. Ова е најголемото издвојување […]

Австралија претстави нова воена доктрина, промена по 35 години


Австралија денеска ја претстави ревидираната воена стратегија, чија цел е да се спротивстави на „јакнењето на воените способности на Пекинг и да го ограничи неговото влијание“ во азиско-пацифичкиот регион. – Денес, за прв пат по 35 години, ја ревидираме мисијата на австралиските одбранбени сили, изјави министерот за одбрана Ричард Марлс, оценувајќи дека сегашната воена доктрина повеќе не одговара. […]

Лукашенко ја „раздвижи“ војската


Започна проверката на борбената готовност на вооружените сили на Република Белорусија, соопшти Министерството за одбрана. „Денеска, по наредба на шефот на државата, започна проверката на борбената готовност на вооружените сили на Република Белорусија. Настанот е комплексен и овозможува утврдување на способноста на командантите да ги водат воените единици и поединците кога ќе се подигнат на […]