Стотици Украинци не се вратиле од обука во Германија. Сомневање за дезертерство


Одреден број украински војници не се враќаат во своите единици по завршувањето на воената обука во Германија, открива истрага на германскиот неделник „Ди Цајт“, објавува „Еуроњуз“. Министерството за внатрешни работи во сојузната покраина Саксонија-Анхалт регистрирало околу 80 вакви случаи, а се проценува дека стотици војници дезертирале низ цела Германија. Федералната влада сè уште не објавила […]

Украински полковник пронајден мртов: Бил командант на механизирана бригада


Командантот на 154-та посебна механизирана бригада на вооружените сили на Украина, полковник Володимир Коноников, е пронајден мртов, соопштија украинските воени и полициски власти. Околностите на неговата смрт сè уште не се познати, а случајот го истражуваат надлежните органи. „Во недела, 28 јуни, командантот на 154-та посебна механизирана бригада, полковник Володимир Олександрович Коноников, беше пронајден мртов. […]

И постари од 60 години можат да служат во вооружените сили на Украина


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша закон за воена служба по договор за лица кои ја достигнале старосната граница од 60 години за воена служба. Законот им дозволува на лицата кои ја достигнале старосната граница, но се подготвени да продолжат со службата од здравствени причини, да склучат договор за воена служба, објавено е на веб-страницата […]

Полицијата објави видео од апсењето на војник кој го чувал хрватскиот претседател: Убил две лица и отишол на работа


Хрватската полиција објави видео од апсењето на војник осомничен за брутално убиство на жена и нејзиниот партнер во Загреб, во она што се сомнева дека е нарачано убиство. Според полицијата, осомничениот војник се возел со мотоцикл до зграда, го чекал парот во гаража и ги застрелал со повеќе истрели. Потоа му го предал мотоциклот на […]

Притвор за 37-годишен скопјанец, бил дел од руската војска за месечна плата од 3.000 евра


Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против Љ.Б.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“. Во периодот од септември 2023 година, пријавениот заедно со сега починатиот Т.Ш., преку апликацијата „Телеграм“ аплицирале на отворен конкурс за […]

Американски војник осуден за помагање на Исламска држава


Припадник на американската армија е осуден на 14 години затвор затоа што се обидел да и помогне на Исламската држава во извршувањето на смртоносна заседа врз американски војници, соопшти вчера Министерството за правда. Кол Бриџис, познат и како Кол Гонзалес (24), бил воздухопловец од прва класа во времето на неговото апсење, а во 2021 година […]

Снимка од нападот на војникот на границата Полска – Белорусија


Мигрант кој се обидел илегално да ја премине границата од Белорусија во Полска во вторникот избодел полски војник, а полицијата споделила снимка од надзорните камери од инцидентот. Нападот врз полскиот војник се случил за време на патрола долж границата во вторникот наутро. За време на инцидентот, во кој дојде до судир со околу 50 илегални […]

Шеф на чешката разузнавачка служба: Безбедносната ситуација во Европа е најлоша од Втората светска војна


 Сегашната ситуација во Европа е најлоша од Втората светска војна, изјави шефот на чешката разузнавачка служба Михал Куделка. Јавниот радиодифузер Радио Прага Интернационал јави дека шефот на службата за безбедност и информирање на Чешката Република на состанокот на претседателот Петр Павел му рекол дека рускиот експанзионизам и можното враќање на екстремистички терористички групи како ИСИС […]

Војник во Германија уби четири лица, меѓу кои и едно дете


Германски војник на Бундесверот е осомничен дека убил четири лица во областа Ротенбург во Долна Саксонија пред да се предаде, соопштија денеска полицијата и обвинителството. Меѓу убиените, чии тела беа пронајдени претходно во текот на денот, има и едно дете. Убиствата се извршени на две локации – во куќа во Вестервезеде во општината Шезел и […]

Почина војник на хрватската војска, откако беше претепан од другар


  Младиот војник Јаков В. (21) брутално е претепан ноќеска на главниот плоштад во Пожега, Хрватска. Лекарите се бореле за неговиот живот, но тој починал утрово во 9.20 часот, од здобиените повреди, јавија хрватските медиуми. Полицијата го уапси М.К. (20) кој се сомничи дека го претепал младиот војник, а двајцата се од исто место и […]

Петмина мртви, од кои три деца, во напад во дом на американски војник


Поранешен војник застрела и уби активен припадник на американската војска и три деца во дом во Јужна Каролина пред да се застрела, соопштија денеска официјални лица. Двајца американски официјални лица потврдија дека станува збор за воени лица. Полицијата соопшти дека се пронајдени телата на три деца и двајца мажи, а се претпоставува дека едниот од […]

Русија: Нема преговори додека платеници на НАТО има во Украина


  Високопозициониран руски диплоамт рече дека преговори за безбедносна гаранција за Русија не може да почнат сѐ додека инструктори на НАТО и „платеници“ уште има во украина, односно додека Западот продолжува да праќа оружје во земјата. Александар Дарчиев, еден од челниците на руското министерство за надворешни работи задолжен за Северна Америка, рече дека „преговорите би […]

Војник на Бундесверот осомничен во серијата рации против десничарските екстремисти


Војник на германскиот Бундесвер е осомничен во големата истрага на германските власти против десничарското екстремистичко „Граѓанско движење на Рајхот“, што во последните 24 часа резултираше повеќе рации низ земјата, изјави денеска портпаролот на контраразузнавачката служба, пренесе ДПА. Активен војник во командата на Специјалните сили на Бундесверот (КСК) и неколку резервисти на Бундесверот се осомничени во […]

Србија објави оглас за доброволно служење воен рок


Министерството за одбрана ги повикува сите граѓани на Република Србија на возраст од 19 до 30 години кои сакаат да ја облечат униформата на Војската на Србија да се пријават за доброволно отслужување на шестмесечен воен рок со оружје. Повикот за аплицирање е отворен во текот на целата година, а пријавувањето за декемврискиот воен рок […]

Во обука на украинските вооружени сили ќе учествува и Бугарија


Покрај Полска и Германија, во обуката на украинските вооружени сили како дел од мисијата на Европската унија планира да учествува и Бугарија. Во оваа земја, како што изјави за медиумите рускиот воен експерт Алексеј Леонков, ќе има неколку полигони каде војниците ќе ги обучуваат американски, британски и бугарски инструктори. Прес-службата на бугарското Министерство за одбрана […]

Обвинителството побара доживотен затвор за рускиот војник кому се суди за воено злосторство во Украина


 Украинското обвинителство денеска побара максимална казна доживотен затвор за рускиот војник на кого во Киев му се суди за воени злосторства, бидејќи кон крајот на февруари убил украински цивил. На вториот ден од судењето, обвинителот побара од судот „доживотна казна“ за Вадим Шишимарин (21),пренесуваат француските медиуми. Рускиот војник побарал прошка од вдовицата на украинскиот цивил […]

Војник добил изгореници на Криволак


Вчера во 18.45 часот во полициска станица Неготино било пријавено дека околу 12 часот во Медицински центар Неготино бил донесен Т.Р.(38) од Тетово, вработен во АРМ, кој при изведување вежбовни активности на армискиот полигон „Криволак“, се здобил со изгореници од 2 и 3 степен по целото тело (најверојатно од барут). По укажаната лекарска помош, бил […]

Загинаа еден американски и еден британски војник во Сирија


Двајца војници, еден припадник на британските вооружени сили и еден од американската армија, загинаа при експлозија на импровизирана експлозивна направа во Сирија. „Скај њуз“, повикувајќи се на портпаролот на британското Министерство за одбрана, јави дека еден британски војник е убиен во Сирија. Загинатиот американски војник е прва жртва на коалиционите сили во Сирија оваа година, […]

Кина бара остра казна за Американецот кој украл палец од глинен војник


Кинеските власти побараа „остра казна“ за маж кој на изложба во САД украл палец од глинена фигура на војник, стара над 2.000 години, а вредна 4,5 милиони долари. Ова е една од десетте такви фигури кои Кина му ги позајми на Институтот Френклин во Филаделфија. Минатата недела 24-годишниот Мајкл Роан е обвинет за кражба и […]